Кои се желбите на охридските пратеници во Новата 2017 година?!

Последните денови од старата година ги користиме за да се потсетиме на годината што изминува, но и да си посакаме уште поубави желби во Новата година која ни претстои.  Какви се предновогодишните размислувања и кои се желбите на четворицата пратеници од Охрид, Жаклина Лазаревска и Томислав Тунтев од СДСМ, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски од ВМРО-ДПМНЕ, дознаваме од одговорите на следните прашања кои им ги поставивме: По што ќе ја паметите годината која измина? Што очекувате, кои се вашите желби во Новата 2017 година? Вашата порака до граѓаните на Охрид и…

повеќе...

Новогодишна средба во Црвен Крст Охрид

Денес во просториите на Црвен Крст Охрид, се одржа традиционалната Новогодишна средба со волонтерите, пријателите и помагателите на оваа хуманитарна организација. Претседателот, Сашо Точков истакна дека годината на изминување може да се оцени како добра во однос на реализија на зацртаната програма и хуманите акции кои беа организирани од Црвен Крст Охрид. Истакнувајќи ја одличната соработка со локалната самоуправа и фирмите во градов, Точков посака и во новата 2017 година, секој од нас да го најде доброволецот во нас, за уште поуспешно и поефикасно делување на општинската организација. Во името…

повеќе...

Новогодишна забава на градскиот плоштад

Општина Охрид и годинава, за граѓаните и туристите, организира новогодишна забава на градскиот плоштад Св.Климент Охридски. Предновогодишниот хепенинг ќе започне на 31 декември во 12 часот со настап на ди-џеј Аце, а од 22 до 22 часот и 45 минути настапува ди-џеј Нести.Следува настапот на популарниот Ѓоко Танески, а Новата 2017 година, присутните на забавата на отворено, ќе ја дочекаат со Елена Велевска.

повеќе...

Во тек е Новогодишното украсување во Струга

И градот Струга се украсува со новогодишни реквизити. Влезот на кружниот тек во Струга е украсен, а синоќа во центарот на градот се поставуваше и новогодишната елка. Се очекува градот деновиве целосно да блесне во празнично новогодишно руво.

повеќе...

Трет ден од предновогодишната забава на охридскиот плоштад

Во рамките на предновогодишната програма, што се одржува на градскиот плоштад Свети Климент Охридски секој ден од 12 до 14 часот, денеска настапија учениците од ОУ „Братство-Единство“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“. Покрај програмата, учениците од угостителското туристичко училиште „Ванчо Питошески“ имаа отворено и посебен штанд на кој бесплатно делеа пецива и колачи кои сами ги подготвиле. Вчера, со културно-уметничка програма настапија учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, а утре ќе настапат учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“.

повеќе...

Новогодишна хуманитарна продажна изложба на украси, креации и домашни ракотворби

Црвен крст Охрид и lounge bar НОА организираат Новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата. Хуманитарната продажна изложба ќе се реализира утре во lounge bar НОА од 16:00 часот. Средствата собрани од продажната изложба ќе бидат наменети за набавка на новогодишни подароци и пакетчиња за деца без родители, деца од самохрани родители, деца од социјално загрозените семејства и деца во згрижувачки…

повеќе...

И годинава Охрид украсен како од бајките

Најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид е украсен и подготвен за дочек на Новата 2017 година. Градот блеска во новогодишен сјај. И годинава, бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот. На Градскиот плоштад блеска и новогодишната елка која е во златна боја. Инаку, од денес на градскиот плоштад започна дванасетдневната предновогодишна програма, што ја организира општина Охрид. WebOhrid

повеќе...

Започна предновогодишната програма на градскиот плоштад

Со почеток во 12 часот, на Градскиот плоштад, денес, започна предновогодишната програма што ја организира општина Охрид. Први што ќе настапат се учениците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец. Програмата ќе се одржува секој ден до 31 декември, во период од 12 часот до 14 часот. Предновогодишната програма веќе трета година се реализира во ваков формат, а целта е да се вклучат што поголем број на млади учесници. ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

повеќе...

WebOhrid Ви посакува Среќна Православна Нова Година

Редакцијата на WebOhrid на своите читатели,  им посакува Среќна Православна Нова година! Имајте година исполнета со многу здравје, љубов, среќа и благосостојба! Нека е за многу години празнувањето на Св.Василиј!

повеќе...

Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор

Денес во просториите на општина Охрид, беа доделени пофалници за најубаво украсени новогодишни дворови. Годинава на традиционалната акција која ја спроведува локалната самоуправа, учествуваа девет апликанти. Тричлената комисија која направи увид и фотодокументација кај сите учесници, едногласно првата награда ја додели на Климе Караѓуле, втората на Јованка Бубеска Чалдрмоски, а третата награда ја освои Наташа Бошалеска. Пофалниците на најуспешните и најкреативните им ги додели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, кој истакна дека акцијата на локалната самоуправа е да ги стимулира граѓаните со украсувањето на своите домови, покрај убавата слика…

повеќе...