Охридските училишта учествуваа на државниот натпревар во шах

На  државниот натпревар  во шах, што како дел од  натпреварите во училишен спорт се одржа во Велес, Јана Анѓелкоска, ученичка од шесто одделение од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид го освои второто место во нејзината категорија. На натпреварот, во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ и со поддршка на Општина Охрид, учествуваа ученици од ОСУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Ванчо Николески“, ОУ „Живко Чинго“, ОУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Христо Узунов“ и ОУ „Григор Прличев“.

повеќе...

Интервју: Како работат директорите на охридските основни училишта?

Воспитно-образовниот процес е одговорна и комплексна работа која бара посветеност и одговорност од сите нејзини чинители, како од наставниците и стручните соработници, така и од учениците и родителите. За да биде сето тоа и сите тие фактори да бидат обединети и координирани на патот кон својата цел, потребно е нивниот заеднички водач и раководител – директорот, да биде пред се’ посветен и одговорен менаџер на училиштето со кое раководи. Kaко работат и колку се посветени на својата работа директорите на охридските училишта, ќе дознаете од симултаното интервју кое го водиме…

повеќе...

Стартуваат училишните спортски игри во Охрид

На прес конференција денеска градоначалникот Никола Бакрачески заедно со Наум Јамандиев од Сојузот на училишен спорт и со директорот на ЈП “Билјанини извори“, Ристе Мише ги промовираше училишните спортски лиги за чие формирање и функционирање услови создаде општина Охрид. Училишните спортски лиги стартуваат со натпревари оваа сабота. Во спортската сала при ЈП „Билјанини извори“ први ќе заиграат фудбалските екипи од средните, а наредната сабота ќе играат фудбалските екипи од основните училишта. Лигата во мал фудбал ќе се реализира во два натпреварувачки дела: есенски и пролетен дел по кој ќе следи…

повеќе...

Вработените и учениците од ОУ„Дебрца“ активно вклучени во проектот-Македонија без отпад

Денеска учениците и вработените од Основното училиште „Дебрца“ активно се вклучија во проектот „Македонија без отпад“. Во централното училиште и во сите подрачни училишта на Општина Дебрца учениците и вработените ги исчистија и хортикултурно ги уредија школските дворови. Учениците со своите вредни рачиња допринесоа за почиста животна средина. Како дел од акцијата беа одржани и едукативни предавања за чиста и здрава животна средина.

повеќе...

СДСМ: Состојбата во училиштата во Охрид е повеќе од загрижувачка

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Од ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески граѓаните повторно не добија одговор колку пари должат основните и средните училишта во Охрид, заклучно со први септември 2014 година. Дали долгот на училиштата е поразителен и надминува 77 милиони денари или над 1 милион евра? Градоначалникот Бакрачески на охриѓани им рече дека се деблокирани сметките и дека се нормализирани блок дотациите. Излажа ли повторно Бакрачески? Училиштата никогаш не биле позадолжени. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески избегнуваат да дадат одговор на овие прашања. Постапката за…

повеќе...

Неделата на движењето одбележана и во Охрид – Движи се за здравје

По повод неделата на движењето, Факултетот за физичка култура- Скопје и Агенцијата за млади и спорт од 29.09 до 05.10- 2014 година во 19 општини низ територијата на Македонија организираа повеќе спортски активности. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за што повеќе да да бидат физички активни и да спортуваат. Опфатени се повеќе активности меѓу кои: игри без граници, планинарење, пилатес, аеробик и трим. Овие активности се во тек и во Охрид и се раководени од професори по физичко и здравствено образование. На први и втори октомври децата…

повеќе...