Честитка на претседателот на СДСМ Заев за 8 март: Се борите за Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упатува Честитка до сите на сите жени во Република Македонија во чест на 8 март, меѓународниот ден на жената: „Почитувани, Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име ви го честитам 8 март, меѓународниот ден на жената на сите вас: мајки, сопруги, работнички, земјоделки, административки, професорки, новинарки, лекарки, правнички, невработени и вработени жени. 8 март е меѓународен ден на храбрите и одлучните жени кои ја започнале битката за правда. ТАА битка вие храбрите и одлучни жени ја водите и во нашата земја.…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод 8ми март – Денот на жената

По повод одбележувањето на 8ми март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот Никола Бакрачески, до припадничките на понежниот пол, упати честитка со желби за здравје, среќа и личен просперитет. „Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8ми март е прилика да се потсетиме и разгледаме колку далеку отишло македонското општество во напорите да се постигне родовата рамноправност. Исто така, овој ден би требало да биде прилика сите граѓани да се здружат, поврзат и мобилизираат за понатамошни конкретни општествени промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети…

повеќе...

Одржана „Етно вешта жена 2015“ во Охрид

Викендов во Охрид се одржа традиционалната манифестација „Етно вешта жена 2015“. На настанот  кој е во организација на вештите жени од градови низ Македонија, беа  претставени повеќе охридски и струшки специјалитети.

повеќе...

Меѓународна конференција за унапредување на правата на жената Ромка

Моменталната состојба и остварениот напредок во однос на положбата на ромските жени и девојки, јакнење на нејзината економска положба, интеграција во образовниот процес и во општеството, справување со проблемите на дискриминација, родовото насилство, раните и присилни бракови… се дел од темите на кои ќе се разговара на неколкудневната Меѓународна конференција „Унапредување и покрај се!“, што почна денеска во Скопје. „Ова е извонредна можност сите заедно, како институции, меѓународни соработници и партнери, и невладини организации да дискутираме за ова многу значајно прашање. Верувам дека ќе успееме искрено да одговориме на многу…

повеќе...

За мајките продолжено породилно, а работниците ќе може да си го откупат стажот

На вчерашното обраќање пред прилепчани, премиерот Никола Груевски најави Откуп на стаж за работниците од пропаднатите фирми и продолжено породилно отсуство, објави „Курир“. Владата планира зголемување на платеното породилно отсуство од работа од сегашните 12 на 15 месеци, што значи, дополнителни три месеци за мајките кои ќе родат втори, трето или повеќе деца со цел да се овозможи мајката да има подолг период за грижа и развој на децата. „Затоа СДСМ не може со креираните и монтираните снимки да го сруши ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што народот гледа. Гледа дека оваа политичка…

повеќе...