Проект за подобра контрола на храната и болестите кај растенијата и животните

Јакнење на пазарната економија и подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на пазарите на ЕУ преку ефикасна, гарантирана заштита на потрошувачите и стандардите за безбедност на храната, е целта на новиот твининг проект што во наредните 17 месеци ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со финансиска поддршка на ЕУ. Проектот „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”, е вреден 751.473 евра, а предвидува размена на искуства, пренесување знаења и добри практики за законодавството и ЕУ политиките…

повеќе...

Над 170 илјади земјоделски стопанства во Македонија

Во согласност со Регулативата на ЕК број 1166/2008, во јуни 2016 година Државниот завод за статистика го спроведе Структурното истражување за земјоделските стопанства. Структурното истражување за земјоделските стопанства е едно од основните статистички истражувања во областа на земјоделството кое се спроведува на секои три години и обезбедува споредливи податоци за земјоделските стопанства. Според податоците од истражувањето, вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија  изнесува 178 125. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.8 хектари земјоделско земјиште и има 2.1  добиточни единици. Вкупното користено земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства…

повеќе...

Нов проект за земјоделците и за земјоделието во Македонија – „Агро бизнис зона Македонија“

„Денес ќе објавам нов проект за земјоделците и за земјоделието во Македонија наречен „Агро бизнис зона Македонија“. Ова подразбира интегрирана зона во која на едно место ќе бидат застапени и сконцентрирани складишните центри, трговци и компании, како и други претставници на синџирот на набавки на свежи и преработени земјоделски производи, се разбира на доброволна база“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање. Груевски рече дека „Агро бизнис зона Македонија“ ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство на Република Македонија и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи во и надвор од државата.…

повеќе...

Обука за советници за органско производство

Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) „Зголемување на пазарната вработливост“ имплементирана од Швајцарски контакт, со поддршка на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, организира обуки за органско производство, наменета за агрономи или лица со претходно искуство во земјоделието. Обуката ќе ја спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија и тоа во Битола од 03 до 07 ноември 2015, во Струмица од 10 до 14 ноември и во Скопје од 17 до 21 ноември 2015. Учество ќе земат гости-предавачи и претставници од компании вклучени во процесот на органско…

повеќе...

Владата исплати 35 милиони денари субвенции за земјоделците

Владата исплати 35 милиони денари субвенции по повеќе основи на 809 земјоделци. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, за произведено и продадено млеко исплатени се 12,8 милиони денари субвенции на 478 сточари, при што висината на субвенцијата изнесува 3,5 денари по литар. Дополнителни 9,8 милиони денари или 9.000 денари по хектар субвенции се исплатени на 256 земјоделци за обработлива земјоделска површина за полјоделски култури. За одржување постоечки лозови насади, Владата исплати 6,6 милиони денари на 63 лозари. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 40 илјади денари по хектар. Исплатени…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Земјоделците од Дебрца 4 години го чекаат одобреното обештетување од природната непогода во 2010

Општинската организација на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На ден 19.06.2010 година подрачјето на општина Дебрца со населените места: Требеништа, Волино, Мешеишта, Климештани, Ново Село, Белчишта, Д.и Г.Средорече, Злести, Лешани и Грко Поле го зафати силно невреме со обилни врнежи од дожд и град, кои предизвикаа голема материјална штета на земјоделските површини засадени со овошни, градинарски, житни и лозови насади. Комисијата за проценка на штета на општина Дебрца изврши проценка на причинетата штета и изработи Елаборат за проценка на штета од обилни врнежи од дожд…

повеќе...

Земјоделците полесно до кредити од комерцијалните банки

Македонските земјоделци полесно ќе можат да дојдат до кредити од комерцијалните банки и за нивно добивање ќе им требаат за половина помали банкарски гаранции. Тоа им го овозможува денеска потпишаниот Договор за соработка меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и УСАИД со кој се воспоставува Гарантен фонд за земјоделство и рурален развој што ќе обезбедува до 50 отсто од потребните банкарски гаранции. Гарантниот фонд ќе функционира во наредните 10 години и преку него ќе се пласираат кредити во висина од 20 милиони американски долари, а доколку побарувањата се поголеми…

повеќе...

Проект за зајакнување на капацитетите на службите за безбедност на храна

Пренесување знаења и искуства од земјите -членки на ЕУ, особено од Италија, подобрување на условите за спроведување на европските политики и системи, обезбедување функционална пазарна економија, зајакнување на механизмите за рамноправно учество на европскиот пазар и промоција на извозот. Ова се дел од целите кои треба да се постигнат со Твининг проектот „Институционално зајакнување на капацитетите на надлежните служби за спроведување на законодавството на ЕУ од областа на безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарната политика“. Проектот, кој денеска беше презентиран, е финансиран од ЕУ, ИПА 2010 компонента 1 (помош при…

повеќе...

Економски сметки во земјоделството, по постојани цени, 2008-2013 година

Пресметките на економските сметки во земјоделството, по постојани цени, се направени врз база на препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската регулатива за економски сметки во земјоделството 138/2004. Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, како и потребата да се разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената на цените. Според ESA 95 (European System of Accounts), ценовната компонента треба да ги содржи промените што се однесуваат…

повеќе...

Исплатени над 80 милиони денари субвенции на 2.611 земјоделци

Министерството за финансии денеска исплати 80.731.270 денари субвенции на 2.611 земјоделци по повеќе основи. Како што информираат од Министерството, за засеани површини со житни култури на 805 земјоделци им се исплатени 25.398.786 денари. За засеана површина со добиточна храна, пак, на 510 земјоделци исплатени им се 1.769.999 денари. Исто така, за засеана површина со сончоглед и ориз на 275 земјоделци им се исплатени 1.250.505 денари. За производство на сертифициран семенски материјал исплатени се 5 милиони денари, додека 4 милиони денари се исплатени за употребен сертифициран семенски материјал. За градинарско производство…

повеќе...