Министерот Спасовски ги отвори Синдикалните игри и средби во Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги прогласи за отворени 14-ти по ред Синдикални игри и средби што во организација на Македонскиот полициски синдикат се одржуваат во Охрид. Од денеска до недела над 200 вработени во МВР и гостите од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија и Кипар ќе се натпреваруваат во фудбал, одбојка, пикадо, стрелаштво, шах и атлетика. Во своето обраќање на отварањето на 14-ти по ред Синдикални игри и средби министерот Спасовски потенцира дека ваквите настани се многу корисни за воспоставување релации што…

повеќе...

Започна 56то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Со сплет на македонски песни и ора, синоќа, на летната сцена „Долни Сарај“, ансамблот „Танец“ го отвори 56. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Балканскиот фестивал е една од најстарите фолклорни манифестации на Балканот и најпрепознатлив настан во културната понуда на Охрид. На присутните добре дојде им посака заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Колоритот на носиите, песната, играта и јазикот на многу народи, деновиве ќе не разгалуваат и ќе создаваат амбиент во кој растреперуваат срцата и се будат сите човекови сетила.Таквото суптилно преплетување на културните вредности…

повеќе...

Од 6ти до 9ти јули во Охрид – Балкански фестивал на народни песни и игри 2017

Балкански фестивал на народни песни и игри во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, од 6 до 9 јули 2017 година ќе го одбележи 56-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите. Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија. Програмата е на високо ниво и е подржана од Министерството за култура, и пријателите на фестивалот. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на…

повеќе...

ОУ „Дебрца“ дел од „Училишните игри без граници“

Во организација на извидничкиот езерски одред „Пионер“ денес се реализираа едукативно забавните „Училишни игри без граници“, наменети за учениците од II до IX одделение од ОУ „Дебрца“. Начинот на натпреварување е куп систем каде што секоја екипа се натпреварува со друга врсничка екипа, а понатаму продолжува само најдобро бодуваната екипа. Најдобрите екипи ќе се натпреваруваат со екипи од други училишта и така се додека не се дојде до победниците. „Основна цел на ваквите игри е дружењето и стекнувањето на нови пријателства, стекнување на доверба помеѓу учесниците и јакнењето на тимската…

повеќе...

Основните училишта играа баскет по повод Интернационалниот ден на спортот за развој и мир

Денес во рамките на училишните спортски лиги и во чест на Интернационалниот ден на спортот за развој и мир, Сојузот за училишен спорт под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во баскет во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедно учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција. Најдобри во машка конкуренција беа учениците од ОУ„Христо Узунов“, второ место ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, додека пак учениците од ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Св.Климент Охридски“ го делеа третото место. Во женска конкуренција најдобри беа…

повеќе...

Започнаа училишните „Игри без граници“ во ОУ „Братство Единство“

Започнаа училишните игри без граници 2017 наменети за учениците од основните училишта од Охрид, во организација на Извидничкиот одред Пионер, а со поддршка на Општина Охрид. Денес во ОУ „Братство Единство“ од Охрид, успешно се реализира првото коло од училишните игри без граници. На овој спортски настан, кој се одржа во училишната спортска сала во ОУ „Братство Единство“, учествуваа повеќе екипи со мултиетнички состав. Основна цел на настанот пред се е дружење и стекнувањето на нови пријателства, стекнување на доверба помеѓу учесниците и јакнењето на тимската работа, развивање на натпреварувачкиот дух меѓу децата…

повеќе...

Започна првото коло од втората сезона на „Училишните игри без граници“ 2017

На 11ти февруари започна првото коло од втората сезона на „Училишните игри без граници“ во организација на Извидничкиот одред Пионер од Охрид. Оваа сезона започна од ОУ „Христо Узунов“, чија екипа во изминатата сезона го освои првото место за да продолжи во останатите Општински училишта. Во топол амбиент, во училишната спортска сала, во ова прво коло учествуваа 22.екипи, односно 88.ученици во присуство на голем број на родители. Учениците низ осум натпреварувачки игри се дружеа повеќе од два часа, информира  Зоран Костоски, Старешина на ИО.Пионер. „Подобрите екипи од ова коло ќе…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев му посака успех на атлетичарот Ристе Пандев на Олимпијадата во Бразил

Успешен настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, денеска, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев му посака на атлетичарот Ристе Пандев. На средбата во кабинетот, градоначалникот Заев на Пандев му подари икона на Исус Христос изработена од монахињите во манастирот во Вељуса и му посака сила, верба и истрајност во големиот предизвик пред кој се наоѓа. На средбата на која присуствуваа и тренерот Ване Стојанов и директорот на клубот, се разговараше за реализираните подготовки и очекувањата од учеството на Олимписките игри и за континуираната поддршка која што општина Струмица…

повеќе...

Шеста републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри

Во чест на 70-годишниот јубилеј на пензионерското организирање во Македонија, денеска во Домот на АРМ се одржа Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри. Ревијата се одржува по шести пати и е во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), под покровителство на Министерството за култура на Македонија. Претседателот на СЗПМ Драги Аргироски на отворањето рече дека годинешната ревија има околу 600 учесници и е особено популарна меѓу пензионерите бидејќи претставува традиционално обележје на третата животна доба и можност за враќање кон спомените од младоста. „Песните,…

повеќе...

Започнуваат училишните игри без граници за учениците од охридските основни училишта

Од утре започнуваат едукативно забавните училишни игри без граници наменети за учениците од основните училишта од Охрид, во организација на Извидничкиот одред Пионер, а со поддршка на Општина Охрид. Игрите ќе се спроведуваат во училишните спортски сали, доколку временските услови не дозволуваат истите да бидат спроведени на отворено во училишните дворови. Дисциплините се прилагодени според возраста, од подрачјето на спретност, снаодливост, брзина, тимска работа, логика, ритмика и сл. „Начинот на натпреварување ќе биде во т.н. куп систем каде што секоја екипа ќе се натпреварува со други врснички екипи, а понатаму продолжува само подобро…

повеќе...