Финале на училишните „Игри без граници 2017“

Успешно заврши реализацијата на втората сезона од веќе познатиот и општо прифатен проект на Извидничкиот езерски одред „Пионер” од Охрид, наречен „УЧИЛИШНИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ”. Како и минатата година така и оваа со завршувањето на училишната година заврши повеќе месечниот циклус на овогодинешните Училишни игри без граници – 2017. Игрите започнаа во месец февруари и се одржаа во повеќе основни училишта од Охрид и Дебрца. На истите во оваа сезона зедоа доброволно учество повеќе од 400. ученици од второ до деветто одделение. Со спроведување на проектот во кој се преплетуваа забавно-едукативни…

повеќе...

Успех на извидниците од ИЕО „Пионер“ Охрид

Во рамките на активностите што се реализираат во склоп на Сојузот на извидници на Македонија, екипата од Извидничкиот Езерски Одред Пионер од Охрид на ПРВОТО КОЛО ОД ИЗВИДНИЧКАТА ЛИГА (44-ти меморијал Марко Граорковски, „Брезица 2017“) го освои високото ВТОРО место и се закити со СРЕБРЕН МЕДАЛ. Ова коло ги имаше следниве карактеристики: ТИП НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ: Ориентација (treasure hunt) , полигонски натпревари и игри НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДИСЦИПЛИНИ: • Врзување на јазли • Извештај на дел од помината патека • Цртеж на движење под азимут во природа – итинерер • Морзе и/или семафор • Извинички…

повеќе...

Започна првото коло од втората сезона на „Училишните игри без граници“ 2017

На 11ти февруари започна првото коло од втората сезона на „Училишните игри без граници“ во организација на Извидничкиот одред Пионер од Охрид. Оваа сезона започна од ОУ „Христо Узунов“, чија екипа во изминатата сезона го освои првото место за да продолжи во останатите Општински училишта. Во топол амбиент, во училишната спортска сала, во ова прво коло учествуваа 22.екипи, односно 88.ученици во присуство на голем број на родители. Учениците низ осум натпреварувачки игри се дружеа повеќе од два часа, информира  Зоран Костоски, Старешина на ИО.Пионер. „Подобрите екипи од ова коло ќе…

повеќе...

ИО „Пионер“ од Охрид дел од Тренинг семинар за преживување и спасување во природа

Осумнаесет учесници од девет Балканските држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија и Турција) беа дел од Тренинг Семинарот за Преживување и Спасување во Природа кој е организиран од Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Дирекција за Заштита и Спасување на РМ, поддржан од Иницијативата за Подготвеност за Катастрофи и Превенција на Југоисточна Европа. Овој семинар се одржа на повеќе локации во околината на Охрид, каде учесниците преку интерактивни работилници имаа можност да се споделат искуства и знаење од областа на трагање, преживување…

повеќе...

Одржан третиот по ред извидничко-младински забавен камп „Camping Fun – Ohrid 2016“

Од 16ти до 19ти јуни, во организација на Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид, на просторот од Извидничкиот центар Охрид, се одржа третиот по ред извидничко-младински забавен камп насловен како „Camping Fun – Ohrid 2016“ на кој што учествуваа вкупно 135 извидници и младинци од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Скопје. Овогодинешниот „Camping Fun – Ohrid 2016“ претставува најголем собир на деца и младинци, пред се извидници од Р.Македонија кој што се организирал во Охрид во изминативе неколку години на отворена сцена под ведро небо на брегот од Охридското Езеро. Имено, учесниците во…

повеќе...

Охридските извидници организираа извиднички камп „Камп Дебрца 2016“

Од 27ми до 29ти мај во прекрасните предели на Општина Дебрца, на просторот од еколошката атракција Белчишко Блато во месноста „Сини Вирој“, Извидничкиот одред Пионер од Охрид организираше извиднички камп насловен како „Камп Дебрца 2016“. На кампот учествуваа извидниците од ИО „Пионер“ од Охрид, извидниците од ИО „Феникс“ од Прилеп и ученици од ОУ „Дебрца“ од Белчишта. Настанот претставува овогодишно заокружување на одлична соработка помеѓу извидничкиот одред „Пионер“ како здружение за неформално образование на децата, и ОУ „Дебрца“, институција за формално образование при Општина Дебрца. Целта на кампот беше обединување…

повеќе...

Завршија овогодинешните училишни игри без граници

Денес се одиграа финалните натпревари од Училишните игри без граници – Охрид 2015/2016. Во прекрасен амбиент во училишната спортска сала од ОУ „Григор Прличев“ во присуство на голем број на учесници, посетители и гости завршија овогодинешните игри без граници. Дваесет и четири екипи од пет основни училишта од Општина Охрид кој што се пласираа во втората фаза на игрите, низ исклучително интересни едукативно- психофизички игри се натпреваруваа во одлична тимска атмосфера при што: третото место и го освои екипата „ТС” од 5-то 3.одд од ОУ „Христо Узунов”, второто место и припадна на…

повеќе...

Заврши проектот „Птиците и човекот“ кој се реализира во основните училишта во Охрид и Дебрца

Денес, по повод Светскиот ден на птиците преселници, симболично заврши проектот „Птиците и човекот” кој што со поддршка на Македонското еколошко друштво, Извидничкиот одред „Пионер“ го реализираше во изминатите 60-тина дена. Во проектот беа вклучени вкупно дванаесет основни училишта од кои десет во Општина Охрид и две во општина Дебрца. Учениците од второ и трето одделение се запознаа со феноменот на птиците преселници како и нивното значење за зачувување на животната средина. „Непосредното излагање на извидниците кај учениците побуди отворена комуникација каде што им беа аудио и визуелно претставени птиците преселници застапени…

повеќе...

ИО „Пионер“ од Охрид дел од програмата „Зајакнување на младинското учество“

Сојузот на Извидници на Македонија имплементира програма „Зајакнување на младинското учество“ овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Реализацијата на оваа програма започна во Февруари 2015 и трае се до Јуни 2016 година, каде што младите ја имаат главната улога во креирањето на подобро општество и место на живеење. Во имплементирањето на оваа програма за зголемување на младинското учество во локалните заедници и подобрување на квалитетот на животот кај младите за подрачјето на Општина Охрид…

повеќе...

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ИО „Пионер“ Охрид и ИК „Јавор“ од Хрватска

Во периодот од 27ми до 30 април, во Охрид беше остварена работна средба помеѓу раководствата на Извидничкиот одред „Пионер” од Охрид и извидничкиот клуб „Јавор” од Осијек Р.Хрватска. Средбата резултираше со потпишување со меморандум за соработка помеѓу извидниците од Охрид и Осијек преку кој што во иднина ќе се спроведуваат заеднички активности во Р.Македонија и Р.Хрватска. Во рамки на посетата, гостите кои за прв пат беа во нашиот град, им беа претставени убавините на градот и можностите за престој и реализирање на активности, од кои што истите беа воодушевени. „Оваа работна средба…

повеќе...