Отворено 28-то издание на Меѓународниот саем на книгата

Во Метрополис арената синоќа свечено беше отворено 28-то издание на Меѓународниот саем на книгата, кој е една од најзначајните културни манифестации во земјава. На отворањето, на кое присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, присутните ги поздрави Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопскиот саем. Директорката  Глигоровска  во своето обраќање истакна дека  Саемот на книгата веќе 28 години ги обединува домашните и странските изложувачи и љубителите на книгите, што е потврда за успешноста на оваа саемска манифестација. На отворањето, на кое како модератор се појави Игор Џамбазов, од името на помладата…

повеќе...

Македонија првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз

Македонското книжевно творештво годинава ќе биде претставено на три саемски манифестации – на Саемот на книгата во Франкфурт, на Саемот на книгата во Истанбул и првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз, кој од 17 до 19 март ќе се одржува во Салонот на книгата во оваа метропола. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На Саемот на книгата во Париз учествуваат повеќе од 1 200 издавачи, претставници на 50 држави од Европа и од светот и над 4 500 автори. Саемот е едно од…

повеќе...

Во среда ќе биде промовирана најновата книга од Маја Мојсова

Во среда, 17-ти февруари, во 17 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата раскази „Потоци. Стапки“ од писателката Маја Мојсова. Книгата е објавена во 2015 година и истата е наградена со прва награда „Гравитација 2015“, во категоријата – книга раскази. Писателката Маја Мојсова пишува поезија и проза. Има издадено збирка поезија „Кохезија, колизија на човековата визија“ (2012, колекција на песни на македонски и англиски јазик), и заедничка книга „Зен Верс“ (2014) од четири автори. Дел од нејзиното творештво е објавувано во зборници, литературни и интернет…

повеќе...

Промоција на книгата раскази „Судбини“ од Мирко Томовски

Утре во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата раскази „Судбини“ од авторот Мирко Томовски. Пред тоа ќе биде поставена изложба на творби од младата Ана Томоска. Настанот ќе започне во 12:15 часот.

повеќе...

Промовирана публикацијата „Симболите на Македонија“ од Јован Јоновски

Капитална публикација насловена „Симболите на Македонија“ од авторот Јован Јоновски, прва книга од ваков вид, која ги открива хералдичките обележја кои го дефинираат идентитетот на македонскиот народ, неговиот легимитет со препознатливи вредности и особености во семејството на европските нации, е промовирана денеска во Музејот на македонската борба за државност и самостојност. Станува збор за една исклучително значајна, раритетна публикација која е дел од богатата Годишна програма на Министерството за култура и која се занимава со хералдиката не како помошна историска дисциплина, туку како самостојна мултидисциплинарна наука. „Преку овој вреден авторски…

повеќе...

Промовирана монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од Цветан Грозданов

Колор-монографија за манастирот „Свети Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов, капитално дело кое ги открива милениумските културни и уметнички слоеви на манастирот, еден од блескавите бисери на македонската црковна ризница, е промовирано денеска во Соборниот храм „Св.КлиментОхридски“ во Скопје. Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г.Стефан во обраќањето рече дека неоспорно е оти најголемата величина и значење на Свети Наум се состои токму во неговата духовност, во неговата целосна предаденост на Бога и…

повеќе...

Прв звучен буквар на македонски јазик

„Просветно дело“ објави „Звучна азбука“ – прв звучен буквар – сликовница на македонски јазик со кој децата, без помош од родителите, брзо, лесно и низ игра ќе ги совладаат буквите од македонската азбука. „Книгата сама ги изговара буквите и зборовите – детето треба само да притиска на копчињата. По принципот притисни-слушни-повтори, на малите читатели им се овозможува правилно да ги репродуцираат буквите, да чујат поим со соодветната буква и звукот што тој го произведува. Ова интерактивно издание, освен изучувањето и препознавањето на буквите, нуди можност да се вежба пишувањето и…

повеќе...

Објавена хаику книгата „Импулс“ од охридскиот поет Пере Ристески

Во издание на Здружението за наука и култура „Галикул“ од Скопје, излезе од печат најновата книга Импулс, книга со хаику поезија на охриѓанецот Пере Ристески, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија. Книгата изобилува со педесетина сјајни хаику фрагменти што ни ги понудува Ристески во својата книга „Импулс“. Во последниве години, во Македонија хаику-формата станува посебно популарна кај помладите генерации. Најверојатно, станува збор за свртување од прагматизмот на западната филозофија, кон контемплативноста, самоцелоноста и мистицизмот на источните филозофии. Зен-будизмот, врз чија основа се базира хаику поезијата, подразбира…

повеќе...

Книжевното творештво на РМ ќе биде претставено на Саем на книгата во Истанбул

Книжевното творештво на Република Македонија со поддршка на Министерството за култура од утре до 10 ноември од Здружението на албански издавачи во соработка со Сојузот на албански издавачи ќе биде претставено на Саемот на книгата во Истанбул. На Саемот ќе бидат презентирани вредни публикации, монографии за Македонија, македонската култура и културно наследство, а ќе бидат презентирани дела од најпознатите македонски албански автори, како и дела на автори од другите националности кои живеат во Република Македонија. Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби денеска на прес-конференција рече дека на Саемот…

повеќе...

Со нови наслови збогатен фондот во Библиотеката

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови. „Во потрага по мртвата принцеза“ од Кенизе Мурад, „Бадалпурска градина“ од истиот автор, „Двојна измама“ од Џејмс Патерсон, „1Q84“ од Мураками, „Невидливиот“ од Сајрус Копланд се само дел од новите наслови кои од денеска може да се изнајмат од Библиотеката. Комплетен преглед на сите нови книги, читателите може да добијат на веб страната на Библиотеката www.bibliotekaohrid.mk Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ одобрен од Министерство за култура на РМ.

повеќе...