Учениците од IX одд. при ОУ „Св Климент Охридски” – Охрид, вчера согласно наставната програма на наставниот предмет Иновации, заедно со предметниот наставник Галина Малезаноска, ја посетија компанијата Rent A Car „Escape”, избирајќи ја како фирма чија дејност е нова и атрактивна, а воедно и барана во градот. Компанијата „Escape” е Служба за изнајмување превозни средства и веќе 9 години успешно се занимава со таа дејност во Охрид. Учениците имаа можност непосредно од сопствениците и вработените да се запознаат со почетоците и работата во текот на изминатите години. Исто така…
повеќе...Tag: компанија
Германски „Костал“ стартуваше со производство во Охрид
Германската компанија „Костал“ и официјално стартуваше со производствени активности за технолошко напредни и иновативни производи во областа на автомобилската индустрија. Станува збор за „браун-филд“ инвестиција со производствена линија што ќе функционира во рамки на поранешните производствени капацитети на „ЕМО“ кај Охрид. Претседателот на „Костал групацијата“ Андреас Костал на денешната свеченост со која беше означен стартот на производствената инвестиција, истакна дека прагматичноста и интелигенцијата кои ја детерминираат економската политика на Република Македонија била една од причините за нивната одлука да отворат своја филијала во Охрид. „Навистина имавме одлична поддршка од Владата…
повеќе...Индустриски бум – со новите инвестиции над 5.000 нови работни места
Италијанската компанија Кондево во Штип, Гентерм и Акомпласт во Прилеп, Леар во Гостивар, ОДВ електрикс во Охрид и Струга, градат фабрики во моментов, а наскоро и Ван Хол ќе започне со изградба на својата втора фабрика. Индустриски бум со новите инвестиции над 5.000 нови работни места Со овие инвестиции ќе се отворат над пет илјади нови работни места во Македонија. Дополнително, американската автомобилска компанија КСС која ја заврши изградбата на фабриката во Кичево, веќе од наредниот месец треба да почне со производство, а во неа ќе се вработат 1.000 лица.…
повеќе...Британската компанија „Алокејт Софтвер“ ја проширува работата во Македонија
Директорот на британската компанија „Алокејт Софтвер” Иан Бишоп ги презентираше идните планови за проширување на работењето преку отворање втора канцеларија во Скопје и вработување нови ИТ кадри, за време на денешната средба со министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска. Како што соопшти Министерството, за време на средбата Иан Бишоп потенцира дека во нашата земја има многу талентирани и квалитетни кадри од областа на информатичката технологија кои сакаат да работат и напредуваат. Министерката Арсовска Томовска од своја страна го поздрави присуството на оваа компанија во Македонија која на…
повеќе...T-Home и T-Mobile продолжуваат под еден бренд – Телеком
Отсега на македонскиот пазар ќе биде препознатлив само еден бренд – брендот Телеком. Брендовите Т-Home и T-Mobile згаснуваат. Под брендот Телеком ќе се нуди целото портфолио на услуги од Македонски Телеком, наменето за приватни и деловни корисници. Наскоро, компанијата го воведува новиот концепт на интегрирана понуда – Magenta 1, кој ги задоволува комуникациски потреби на целото семејство, дома и во движeње. Македонски Телеком ги згаснува двата продуктни бренда Т-Home и T-Mobile и воведува еден бренд – Телеком, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на…
повеќе...Финансиска поддршка на микро и мали компании
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски на прес конференција информира за новата мерка која што дел од Оперативниот план на активни мерки и услуги за вработување за 2015 година “Финансиска поддршка на микро и мали компании” која треба да даде дополнителна финансиска поддршка на најмалите компании да им помогне да отворат нови работни места. За реализација на оваа мерка за 2015 година се предвидени 18.400.000 денари за отворање на 200 нови работни места. „Очекуваме со завршувањето на јавниот повик кој…
повеќе...Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ за Македонија десетта година по ред
Кредитната агенција Фич го потврди ББ+ кредитниот рејтинг на Република Македонија. Ова е десетта година по ред како кредитната агенција ја потврдува оценката ББ+ за Македонија. Како база за својата оценка Фич ги зема растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјава за кои вели дека се „над ББ просекот“. Фич ја оценува бизнис климата во Македонија како исклучително поволна и наведува дека земјава е помеѓу најдобрите 30 економии во светот за водење бизнис според ранг листата на Дуинг Бизнис. Фич во својот извештај го нотира и намалувањето…
повеќе...Претставници на ирската компанија „Баракуда“ во посета на Македонија
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска во Владата на Република Македонија ќе се сретне со претставници на ирската компанија Barracuda FX која вчера преку официјално соопштение на нивниот веб сајт ја објави одлуката за инвестирање во Македонија. Компанијата е водечки ирски провајдер на софтверски решенија за глобалниот финансиски пазар лоцирана во Даблин, која соработува и испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финансиски институции, а е носител на престижни интернационални награди и признанија. Активностите за отворање центар за истражување и развој во Македонија, ирската компанија најави дека ќе…
повеќе...Јонгис – софтверски и хардверски решенија
Јонгис е компанија во приватна сопственост, формирана во 1991 во Охрид, Македонија. Од своето основање компанијата нуди софтверски и хардверски решенија и услуги за здравствени установи, институции за високо образование, мали и средни претпријатија и корпорации на пазарот во Македонија и регионот. Низ годините Јонгис има развиено софтверски решенија кои ги користат голем број компании во различни индустриски сектори, вклучувајќи: производство, здравство, угостителство, образование, малопродажба, големопродажба и дистрибуција итн. Портфолиото на Јонгис го сочинуваат апликации и софтвер меѓу кои спаѓаат и следниве: финансии, хотел менаџмент, човечки ресурси и плати, Point…
повеќе...Претставници на чешката компанија „Екона“ во посета на општина Охрид
Раководителот на Секторот за подршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски и советникот Ангел Јанев, денес остварија работна средба со Мирослав Навратил, директор на Чешката компанија за производство на медицинска опрема „Екона“. На средбата се разговараше за можната соработката на “Екона“ со здравствените институции во градов, одкако претходно е остварена средба во Министерството за здравство на Република Македонија. Претставниците на „Екона“ изразија подготвеност да донираат медицинска опрема за охридските болници, а истакнаа дека одржувањето на инсталираната опрема и софтверот за истата, би можело да го преземе и локална фирма од градов. Рафтоски…
повеќе...