МОБ ќе добие модерна сала според сите стандарди

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети Македонската опера и балет, каде се реновира големата сала. „Проектот почна пред неколку месеци. Институцијата веќе има избрано фирма која во моментов работи на реновирање на целата сала во МОБ. Реновирањето е од огромно значење за функционирање на оваа наша најголема институција“, рече Канческа-Милевска. Таа информира дека реконструкцијата ќе опфати промена на подот, на сите 730 седишта, на осветлувањето, на двете влезни партии ќе се постават рампи за лицата со посебни потреби, ќе има реконструкција на фоајето, промена на мермерот, ѕидни стакла,…

повеќе...

Канческа Милевска: „Битола Шекспир фестивал“ е нов македонски бренд

Интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“ е резултат на нашите заеднички заложби, Република Македонија да ја претставиме пред светот, но и светот да го донесеме во Република Македонија, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на денешната прес-конференција во Битола во пресрет на четвртото издание на фестивалот кој почнува утревечер. Според Канческа Милевска, „Битола Шекспир фестивалот“, низ своите четири изданија, успеа да се етаблира како фестивал кој ги обединува најдобрите остварувања на театарските куќи од светот кои презентираат свежи и смели пристапи кон творештвото на најголемиот драмски автор на сите времиња. „Во…

повеќе...

Отворена изложба на Жарко Башески во Чифте Амам и означен стартот на 37-то издание на „Скопско лето 2016“

Во прекрасниот амбиент на Чифте Амамот, синоќа во присуство на голем број посетители и вљубеници на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Обичен човек“ на авторот Жарко Башески, во рамките на 37-то издание на културната манифестација „Скопско лето 2016“. На отворањето на изложбата пред присутните се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која истакна дека делата на Жарко Башески е автор со исклучително творештво, со голема креативна моќ, автор кој ги надмина границите на нашиот културен простор и со својата уметност направи значителен интернационален пробив во последната деценија. „Навлегувајќи во аспектите…

повеќе...

Проект за промоција и афирмирање на мегалитската опсерваторија Кокино

Проект за промоција и афирмирање на мегалитската опсерваторија Кокино, која според НАСА се наоѓа на четврто место на најстарите опсерватории во светот, најави денеска министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Министерката во рамки на проектот „Кокико-македонски бренд“ најави активности за доопремување и оградување на локалитетот, изградба на пристапна патека за посетителите, поставување на заштитни огради на дел од патеките, изградба на Центар за посетители во кој во иднина ќе се реализираат разновидни содржини, семинари, работилници, изложбен простор, сувенирница и ресторант. „Кокино има големо значење од астрономски, но и од археолошки…

повеќе...

Почна снимањето на филмот „Слобода или смрт“

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Слобода или смрт“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски. На првата клапа, во куќа покрај кејот на Вардар позади Железничката станица во Скопје, присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канечска – Милевска, како и директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија Мими Ѓоргоска Илиевска. Филмот е сатирична комедија, копродукција со Косово, Србија и Словенија, ќе има 114 сцени, а ќе се снима 52 дена или околу 2,5 месеци на околу 80 различни локации во Скопје, Битола, околината на Гостивар, Дебар,… Се најавува…

повеќе...

Средба на министерката за култура Канческа-Милевска со делегација од НР Кина

На средбата на која присуствуваше и амбасадорот на НР Кина во Македонија Вен Женшун, министерката Канческа-Милевска ги потенцираше традиционално добрите културни врски меѓу двете земји кои се одвиваат во рамките на Програмата за соработка во областа на културата потпишана меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерство за култура на НР Кина … Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари средба со делегација од НР Кина предводена од заменик гувернерот на пеовинцијата Гансу, Хао Јуан. На средбата на која присуствуваше и амбасадорот на НР Кина во Македонија Вен Женшун,…

повеќе...

Бесплатна музичка работилница со Горан Алачки во Крушево

Младите ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен-домот … Од 24 до 26 јуни годинава во Спомен-домот на Тоше Проески ќе се одржи втората бесплатна работилница за млади музичари, која ќе ја раководи маестро Горан Алачки. Младите ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен-домот.…

повеќе...

Премиерата на „Соларис“ пред бројна публика на Виенскиот фестивал

Најновиот сценски проект на Македонскиот народен театар „Соларис“ синоќа премиерно беше изведен на главната сцена во комплексот Museums Quartiers (MQ) во исполнета сала со места за 820 гледачи. Публиката со внимание ја проследи тричасовната претстава која е специфична во режисерскиот пристап на Андриј Жолдак, нова во дизајнот и технички сложена. „Соларис“ е една од петте премиери на годинашниот фестивал „Виенер фествохен“ кој е и копродуцент со МНТ во овој проект. На премиерата, по која следуваат две репризи вечерва и утревечер, присуствуваше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која рече дека е…

повеќе...

Министерката за култура Канческа-Милевска свечено го отвори 53-то издание на „Рацинови средби“

Пред платото на Спомен-костурницата од НОВ во Велес, синоќа започна чествувањето на годинешното 53-то издание на манифестацијата „Рацинови средби“. На свеченоста присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, пратеници во Собранието на Република Македонија, претставници на Македонската православна црква, членови на Советот на Општина Велес, писатели, уметници, граѓани и почитувачи на ликот и делото на великанот на македонската книжевна реч, Коста Солев Рацин. На отворањето на манифестацијата, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска подвлече дека со поезијата на Кочо Рацин, македонската литература ја доби неопходната поврзувачка нишка…

повеќе...

Канческа-Милевска: Продолжуваат конзерваторските работи во Стоби

Во посета на археолошкиот локалитет Стоби, кој е во состав на НУ Стоби, денеска беше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство. По направениот увид во изведувањето на конзерваторските работи на локалитетот Стоби, министерката Канческа-Милевска за медиумите информира дека се во тек многу важни конзерваторски работи на овој, како што потенцира, мошне значаен археолошки локалитет во Македонија. Во моментов стручни екипи интензивно работат на конзервација, реставрација и археолошки доистражувања на Римскиот театар, кои се во завршна фаза. Исто така, во…

повеќе...