Објавени училиштата кои добија средства за развој и унапредување на мултикултурализам, меѓуетничка интеграција и толеранција

Министерството за образование и наука објавува листа на основни училишта и листа на средни училишта кои добија средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во училиштата во Република Македонија, одобрени согласно со законите за основно и средно образование. Планираните активности во апликацијата, училиштата можат да започнат да ги реализираат исклучиво откако ќе добијат решение за одобрените средства од страна на Министерството за образование и наука.

повеќе...

Отворено 16 издание на „Недела на италијанскиот јазик во светот“

Во организација на Амбасадата на Италија во Македонија, денеска во ЕУ-Инфоцентарот е отворено 16. издание на „Недела на италијанскиот јазик во светот“. Станува збор за најголемата културна манифестација за промоција на италијанскиот јазик и култура, која се одржува традиционално во октомври насекаде во светот каде што Италија е претставена преку своите амбасади, конзулати и институти за култура. „Италијанскиот јазик и креативноста: брендови и традиции, мода и дизајн“ е темата на годинашнава манифестација. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека оваа манифестација веќе 16 години јасно ги демонстрира меѓусебната доверба и…

повеќе...

Хотел „Аквалина“ – најуспешен хотел во 2016 како „Нова туристичка понуда во хотелиерството“

Министерството за економија на Република Македонија, по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, на хотелот „Аквалина“ – Охрид, му додели признание за најуспешен хотел за 2016 година во категоријата „Нова туристичка понуда во хотелиерството“. „Ова признание претставува не само награда за досегашниот труд, туку и дополнителен мотив за понатамошна работа и во иднина. Како хотелски комплекс секојдневно растеме, се надградуваме и усовршуваме.“ – вели Илче Димитриески, менаџер на продажба во Аквалина Охрид. Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец…

повеќе...

Канческа-Милевска на снимањето на филмот „Жртва“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска присуствуваше на снимање клапа од филмот „Жртва“, во режија на Марија Џиџева. Станува збор за копродукциски проект меѓу Македонија и Србија, поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, согласно Програмата за финансирање филмски проекти од национален интерес за 2015 година. „Ова е прво долгометражно остварување на режисерката Џиџева, која има реализирано огромен број документарни и кратки филмови. Со нејзините остварувања има огромни успеси, и за неа и за Република Македонија“, рече Канческа-Милевска. Во периодот од 2008 до 2015 година, преку Агенцијата за филм…

повеќе...

Институциите од областа на културата се вклучуваат во хуманитарната акција за помош на загрозените од поплавата

Министерството за култура преку своите институции: театри, музеи, галерии ќе реализира повеќе хуманитарни театарски претстави, концерти, продажни изложби и други активности со што се вклучува со донација на приходи од продажбата на билети со цел да помогне на населението чии домови настрадаа во катастрофалните поплави. Собраните средства ќе бидат префрлени на посебна жиро-сметка наменета за помош на граѓаните погодени од поплавата. Во прилог ви ја доставуваме програмата на Националните установи и културните настани кои ќе бидат реализирани во наредниот период. Воедно ги повикуваме граѓаните од целата држава да ги посетат…

повеќе...

Јолевски: Македонските бранители никогаш нема да бидат заборавени

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски како и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија положија венци со свежо цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп. „Денес е тажен ден за Република Македонија, тажен ден за семејствата, тажен ден за сите нас. Ден на кој со голема тага и болка во душата ја одбележуваме петнаесетгодишнината од масакрот кај Карпалак. 15 години болката и тагата не потсетуваат за загубата на нашите…

повеќе...

Министерот Јолевски во Вашингтон на средба со заменик-помошникот секретар за одбрана, Карпентер

За време на работната посета на САД министерот за одбрана Зоран Јолевски покрај останатото во Пентагон оствари средба и со Заменик –помошникот на секретарот за одбрана на САД Мајкл Карпентер. На средбата главна тема на разговор беа безбедносните предизвици во регионот и влијанието на истите врз европската и светската стабилност и безбедност. Двајцата соговорници се согласија за тоа дека регионот има клучна улога во европската стабилност, но и дека САД треба да го зголеми фокусот и поддршката за регионот. Министерот Јолевски потенцираше дека за Република Македонија е значајно зачленувањето во…

повеќе...

Средба на Делегација од ПС на НАТО со министерот Чавков

Денес во просториите на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, се оствари средба на Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, м-р Митко Чавков со Делегација на Парламентарното собрание на НАТО од Поткомитетот за трансатланска одбрана и безбедносна соработка и од Поткомитетот за демократско владеење. Министерот за внатрешни работи м-р Чавков имаше можност со делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО да разговара и да размени информации во однос на нашите аспирации и напорите за членство во Алијансата, презентирајќи ги притоа последните состојби на интензивната и успешна меѓусебна соработка меѓу…

повеќе...

Инфо ден и работилница за програмата „Креативна Европа –Култура“

Министерството за култура на 28 и 29 јуни, во 10 часот во ЕУ Инфоцентарот во Скопје и во Музејот на современа уметност во Скопје организира Инфо ден и работилница за програмата „Креативна Европа –Култура“. За време на дводневниот настан, со свои презентации ќе се претстават: Егле Делтувате, раководител на канцеларијата за „Креативна Европа–Култура“ на Литванија и Милда Лаузикате, директор на организацијата „Креативни врски“ од Литванија. Настанот кој е посветен на најважниот приоритет на програмата „Креативна Европа“ за развој на публиката, има за цел ги информира заинтересираните претставници од културниот и…

повеќе...

Отворен комплексот „Македонско село“ – Македонската традиција и култура на едно место

Отворен комплексот „Македонско село“-Македонската традиција и култура на едно место. На отворањето беа присутни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и лица од јавниот и политичкиот живот. Со одлука на Владата, „Тинекс“ и хотел „Квинс“ – два субјекта кои се во сопственост на Владимир Тодоровиќ и неговото семејство, ќе стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ во наредните 20 години. Постапката за избор на концесионерот ја спроведе владината Служба за општи и…

повеќе...