Руско-германското дуо Кирил и Александра Трусов вечерва ќе одрќат концер на фестивалот „Охридско лето“. Познатиот виолинист и неговата сестра која ќе му биде пијано придружба, како што најавуваат од фестивалската дирекција, ќе приредат незаборавно доживување за публиката. Според селектрот на музчката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифива Неделковска, Кирил Трусов одамна ја достигна светската слава на најпрестижните музичи сцени,а како показател за ова е неговиот настап на еден од познатите светски фестивали, „Вербие“ во Швајцарија кадешто тој го имаше неговиот последен настап. „Оттаму право во Охрид е вистински показател дека…
повеќе...Tag: охридско лето
Охридско лето и општина Охрид со заеднички проект за патронот на градот
Охридско лето и Општина Охрид и годинава заедно ќе го одбележат големиот празник Свети Климент летен, кога се слави заштитникот, патронот на градот. Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамките на годинешното 54-то издание на фестивалот „Охридско лето“ во четврток 7-ми август, во очи празникот, со почеток од 21 часот, ќе се одржи македонската премиера „Апостоли на словените – двајца браќа една животна мисија“ . Новиот историски филм за светите браќа Кирил и Методиј, на чешкиот режисер Петр Николаев, а во продукција на Виктор Криштоф, кој ќе биде специјален…
повеќе...Во „Света Софија“ одекнуваа акордите на гитарата од Багески
Концерт на класична музика се одржа синоќа пред многубројната публика во катедралната црква „Света Софија“. Со атрактивна и разновидна програма настапи познатиот македонски гитарист Дарко Багески кој ги воодушеви љубителите на класиката. Гитаристот кој уметноста на овој инструмент ја изучуваше во Македонија, Хрватска, Германија и Грција отсвири дела од Јохан Каспар Мерц, Мауро Џулијани, Агустин Бариос, Дилермандо Реис, Роланд Диен и Јован Јовичиќ. Селекторката на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова –Неделкоска задоволна одсиноќешниот концерт. Според неа истакнатите македонски изведувачи редовно настапуваат на охридската фестивалска сцена. „Секоја година фестивалот…
повеќе...Гитаристот Дарко Багески вечерва на Охридско лето
Во катедралната црква „Света Софија“ вечерва со почеток во 21 часот ќе настапи гитаристот Дарко Багески. Багески своето образование го започнува во Скопје, Македонија, матурира во Загреб, Хрватска, а дипломира во Вајмар, Германија. Постдипломските студии ги завршил во Солун (Грција), во класата на професорот Костас Коциолис. За време на своето школување учествувал на многубројни меѓународни стручни семинари и посетувал мајсторски курсеви кај еминентни професори и педагози по класична гитара. Во текот на својата кариера остварил многубројни солистички настапи во Македонија, Хрватска, Грција, Германија, Шведска, САД и други земји. Дарко Багески…
повеќе...Возбудлив роденден на Охридско лето – Ѓаволските трилери ја кренаа публиката на нозе
Совршен флуид со публиката, искрени аплаузи и трикратно враќање на бис. Таков беше синоќешниот концерт на групата „Гаволски трилери“ кои заедно со светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ настапија за 54-от роденден на „Охридско лето“. Филмска музика, музика во нивни аранжман, композиции од славните светски композитори, унгарски чардаш, за на крајот да ја довоодушеват публиката со извонредната македонска „Зајди јасно сонце“. Педесет и четвртиот роденден на оваа најпрестижна музичко-сценска манифестација во Македонија помина во знакот на гудачкиот квинтет од Франција кој уживаше на сцената на Антички театар која според членовите на…
повеќе...И Немања Радуловиќ ја пресече роденденската торта на Охридско лето
Фестивалот „Охридско лето“ денеска прослави 54 години постоење. Роденденската торта се пресече во присуство на членовите на групата „Ѓаволски трилери“ и светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ кои годинава се ексклузивните гости за овој голем ден на фестивалот. Токму со нивниот концерт на Антички ќе се запише уште една успешна година на најголемата манифестација која се потврди како најзначајна културна манифестацја успевајќи да го одржи и чекорот со европските и светските културни токови и се вброи во елитата на најголемите и најзначајни Фестивали во светот. Музичарите на гудачки квинтет од Франција…
повеќе...„Ѓаволски трилери“ вечерва на Антички – атрактивен настан за роденденот на Охридско лето
Организацијата на фестивалот „Охридско лето“ најавува уште еден посебен музички настан. Имено, вечерва ќе настапи групата „Ѓаволски трилери“ која доаѓа од Франција. Групата ја сочинуваат гудачки квинтет и светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ, а нивната цел е да го приближат репертоарот за соло виолина до пошироката публика. Групата редовно настапува на најпрестижните светски фестивали, но исто така тие со задоволство свират и на други алтернативни сцени. Ова е исклучителна можност да се чуе и еден од најпознатите светски виолинисти, кој со своите атрактивни настапи ја воодушевува публиката ширум светот. Српскиот виолинист…
повеќе...Вердиева вечер на Охридско лето – Изложба на најпознатите партитури на славниот италијански композитор
Во еден ваков антички центар каков што е Охрид, многу е важно повторно да се актуелизираат делата на маестро Верди, ова вечерва го истакна заменик-амбасадорот на Италија во Македонија Филипо Кандела отворајќи ја Антолошката изложба на најпознатите партитури на славниот италијански композитор Џузепе Верди во рамките на фестивалот „Охридско лето“. „Како што можете да забележите, се работи за претставување на најзначајните дела на маестро Верди , за оригинални партитури кои беа изработени благодарејќи на помошта од страна на повеќе врвни уметници. Како амбасада на Италија, ние навистина сме посебно среќни…
повеќе...Охридската публика последна ги виде играните филмови на режисерот Георгиевски во стар формат – тие ќе се дигитализираат
Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ и во соработка со Кинотека на Република Македонија вчера се прикажаа четири играни филма од истакнатиот македонски режисер Љубиша Георгиевски. Со овој настан, како што рекоа од дирекцијата на „Охридско лето“, фестивалот одбележува 77 години од раѓањето на Георгиевски, како и 55 години од неговиот творечки опус, а истовремено се приклучува и кон чествувањето на големиот македонски празник – Илинден. „Кинотеката на Македонија и Охридско лето и ова фестивалско издание го афирмираат филмот и ја потврдуваат вредноста на нашето аудиовизуелно наследство. Денес уште еднаш,…
повеќе...Семејната галерија на Вангел Наумовски отворена за јавноста
Изложба на уметнички слики од Вангел Наумовски под наслов „Големото срце и ум на Вангел“ беше отворена синоќа во неговата семејна галерија „Охридска порта –Љубица“. Овој настан се одржува во организација на „Охридско лето“, во чест на двојниот празник Илинден, а по повод 90 години од раѓањето на уметникот Наумовски и шест децении од неговата прва самостојна изложба. За неговото обемно творештво изложувано на над 30 самостојни и 100 групни изложби, за делата кои се наоѓаат во многу музеи во Македонија и во странство, како и кај познати колекционери во…
повеќе...