Вчера околу 12:30 часот, при изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, на место викано „Лавчани“, работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од с.Могорче, дебарско, биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух. Тие биле пренесени во Медицински центар Кичево каде им била укажана лекарска помош. Кај лицето М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на…
повеќе...Tag: пат
Се чистеше во с. Завој и патот кој води до него
Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување во с. Завој, како и патот кој води до него. Се косеше тревата по страните и се кастреа трњето покрај патот и неуредната вегетација, со цел да се зголеми прегледноста и безбедноста за возилата.
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Бараме продолжување на изградбата и завршување на автопатот Охрид – Кичево до крајниот рок
„Во пресрет на преубавата по обичај, летна туристичка сезона, во Охрид, денес се наоѓаме на трасата од автопатот Охрид – Кичево,.. од други причини. Пред неколку години, на радост на граѓаните од овој дел на Р.Македонија започна, проектот кој беше ветен од страна на ВМРО ДПМНЕ и ревносно и во континуитет неколку години имаше постојана и видлива реализација. Автопатската делница од Кичево до Охрид. Капитален проект кој преставува комплетно нов пат во должина од 57 километри и широчина од 26 метри кој исто така преставува дел од Паневропскиот коридор 8.“-…
повеќе...Утре ќе има прекин во сообраќајот на патот Охрид -Кичево
Од АМСМ информираат дека утре, 22.02.2017 (среда) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, после планинскиот премин Пресека кај с. Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 13:00 – 16:00 часот околу 15 – 20 минути.
повеќе...Повреден работник кој паднал од скеле на автопатот во изградба Кичево-Охрид
Вчера околу 12:00 часот на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на с.Попоец, од непознати причини А.Г. (37) од Јабланица, Босна и Херцеговина, вработен во градежна фирма, изведувајќи градежни работи-поставување метално скеле на мост во изградба, паднал од скелето во висина од околу 19 метри. А.Г. притоа се здобил тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Медицински центар Кичево, од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Ургентен центар Скопје и е надвор од животна опасност.
повеќе...Се преврти товарно возило на патот Охрид-Кичево
На 10ти ноември околу 10.30 часот на магистралниот пат во изградба Кичево – Охрид, во непосредна близина на с.Подвис, при изведување на работи на патот се превртело ТМВ управувано од С.С. (34) од с.М.Доленци. Во незгодата истиот се здобил со повреди поради што му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, но поради сериозноста на повредите бил препратен на лекување во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР Кичево.
повеќе...Се преврти товарно возило кај Елешец
Вчера во периодот од 15:50 до 18:15 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај автокампот Елешец, сообраќајот беше во целосен прекин, поради вршење увид на сообраќајна незгода и извлекување на превртено товарно возило на коловозот.
повеќе...Тешка сообраќајка на патот Охрид – Ресен
Вчера околу 17:05 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, поточно кај м.в.„Рибник“, атар на с.Крушје, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо Корал“со битолски регистерски ознаки управувано од Д.С. (20) од с.Подино-битолско, и патничко возило „Волксваген Пасат“ со ресенски регистерски ознаки управувано од Љ.Д. (47) од Ресен. Во незгодата на самото место починал 17 годишен сопатникот од патничкото возило „Југо Корал“, додека возачот Д.С. се здобил со тешка телесна повреда кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом-Ресен бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Охрид, а возачот на…
повеќе...Повредена охриѓанка во сообраќајка на патот Охрид – Св.Наум
Вчера во 15:50 часот во Охрид, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од шеснаесетгодишник од Охрид, ПМВ „Фолксваген Бора“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(71) од Битола и паркирана работна машина „Риго“, паркирана од Ѓ.Ч. од с.Мислешево, струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумнаесетгодишна сопатничка во ПМВ „Фолксваген бора“ од Охрид, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата Св.Еразмо, по што била препратена за хируршка интервенција во болницата „Систина“ во Скопје.…
повеќе...Во понеделник прекин во сообраќајот на патот Охрид – Кичево
На патниот правец А-2 Кичево – Охрид (помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани поради изведување работи на пат (минирање) на 25.07.2016 (понеделник) сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути помеѓу 13:00 часот.
повеќе...