Одбележан патрониот празник на Општина Дебрца

Со низа свечености се одбележа денот на Општина Дебрца. Чествувањето започна со полагање цвеќе во село Црвена Вода на спомен обележјето на Манифестот на генералштабот на НОВ и ПОМ, потоа во салата на Основното училиште во Белчишта, пред присутните гости, со поздравен говор се обрати Градоначалникот Игор Трајкоски, потоа следеа настапи на учениците од Основното училиште „Дебрца”. На одбележувањето на настанот присутни беа и гостите од пријателската Општина Баточина од Република Србија. „Почитувани гости, почитувани борци, почитувани пријатели од Општина Баточина, Република Србија, почитувани Дебрчани! Ми Причинува особено задоволство да…

повеќе...

Започна одбележувањето на патронатот на ОУ „Христо Узунов“

Започна одбележувањето на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 111 години од смртта на Христо Узунов. „Од ова училиште имаат излезено голем број генерации кои што денеска значат нешто во ова општество, голем број квалитетни кадри кои што можеби во меѓународни рамки се пробиваат низ својот животен пат. Мене ми е драго, што во овој момент сум на чело на овој колектив кој што и тоа како изобилува со квалитетен кадар, кој што исто така во иднина ќе се трудиме да опстанеме на ова бреме кое не…

повеќе...

Со низа активности ќе се одбележи патронатот на ОУ „Христо Узунов“

Основното училиште „Христо Узунов “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето. По тој повод во петок (22-ри април), во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечена прослава.  Програма за патронен празник Петок 22 Април 2016 г. 11:00 часот: Полагање свежо цвеќе на бистата на Христо Узунов Место: Училишен двор Историски час и доделување награди на ученици Место: Сала за приредби (Школски двор) ОУ „ Христо Узунов“ – Охрид 13:00 часот:Програма на малиот плоштад Место: Стара библиотека 18:30 часот: Разгледување на изложбата од ликовни педагози и…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти одбележа 140 години од своето постоење

Со свечена приредба вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа својот патронен празник. На свеченоста покрај родители, ученици, наставници, директори од основни и средни училишта, присуствуваа и секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, заменик-градоначалникот Анел Јанев, како и советници од Општината. Пред присутните се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, кој најпрво на сите им посака добредојде на оваа јубилејна свеченост, 140 години од постоењето на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти.  „140 години историја, 140 години училиште во Велгошти – наша гордост,…

повеќе...

Свечено ќе се одбележи патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Годинава се навршуваат 140 години од постоењето и работењето на првото основно учииште во Велгошти. По тој повод, со пригодна програма учениците и наставниците од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти, ќе го прослават патрониот празник на училиштето. Свечената прослава ќе се одржи во четврток (17-ти март), со почеток во 18:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид. WebOhrid

повеќе...

Одбележан патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески синоќа ја проследи свечената приредба што по повод патрониот празник на училиштето „Григор Прличев “се одржа во Центарот за култура.

повеќе...

ОУ „Григор Прличев“ го одбележува својот патронат

Со низа активности Основното училиште „Григор Прличев“- Охрид, го одбележува својот патронен празник. Денес беше положен лавров венец и свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште. Потоа се одржа и панихида. Годинешните случувања посветени на лавроносецот продолжуваат и попладне во изложбениот салон НУЦК „Григор Прличев“, со ликовната изложба на цртежи од учениците од истоименото основно училиште и доделување на наградените творби. Наградени ученици се Марија Наумоска (VI-4) – второнаградена на литературен конкурс од предметна настава и Мартина Ѓоршеска (IX-6) – нас.Рача, трето наградена за литературен конкурс…

повеќе...

Со низа активности ќе се одбележи патронатот на ОУ „Григор Прличев“

Основното училиште „Григор Прличев “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето(6-ти февруари). По тој повод во четврток, 4-ти февруари со почеток во 18:30 часот, во Подрачното училиште „Григор Прличев“, населба Рача ќе се одржи свечена приредба. Свеченостите продолжуваат и во петок (5-ти февруари) со полагање на лавров венец и свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште, потоа ќе се одржи панихида и ќе се положи цвеќе пред гробот на Григор Прличев. Во 11 часот во ОУ „Григор Прличев“ ќе се…

повеќе...

Свечено одбележан патрониот празник на ОУ „Св.Климент Охридски“

Со пригодна програма учениците и наставниците од ОУ „Св.Климент Охридски“ вечерва го прославија патрониот празник во пресрет на 8-ми декември, денот на Свети Климент. Свечената прослава се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Пред исполнетата голема сала во која присуствуваа родители, ученици и гости од градот и околината, учениците се претставија во одлично издание. Химната на училиштето ја изведе хорот и оркестарот на училиштето, под менторство на Виолета Ангелеска. Пред присутните се обрати директорот на училиштето Јордан Пуроски.  Беше изведен рецитал „Свети Климент Охридски“ од ученици од прво одделение. Хорот ја изведе црковната…

повеќе...

Спортски натпревари во чест на патрониот празник – традиција во ОУ „Св.Климент Охридски“

Во пресрет на Патрониот празник, ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид организира разновидни активности во текот на целата седмица. Меѓу нив најомилени на учениците се спортските натпревари во шах и пинг-понг, кои претставуваат доглогодишна традиција на оваа училиште и привлекуваат голем број ученици. Во натпреварите во пинг-понг учествуваа над 50 ученици. Од нив првите три места во машка конкуренција освоија: Теодор Тасевски (I место), Никола Спиркоски (II место) и Ѓорѓи Димоски (III место). Од девојчињата најуспешни беа Мила Тренеска (I место), Александра Пендоска (II место) и Симона Бошкоска (III место).…

повеќе...