Обезбедени 305 милиони евра од ЕБОР за пругата кон Бугарија и за патишта

За осум до девет месеци треба да почне изградбата на Бељаковце – Крива Паланка, втората делница за железничкото поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8. На делницата, во должина од 34 километри, ќе бидат изградени пруга, две железнички станици во Кратово и во Гиновци, три стојалишта, 14 тунели, 11 нови мостови, ќе бидат обновени постојните 33 моста… За потребните финансии за изградбата, во износ од 145 милиони евра, обезбедени со кредит од Европската банка за обнова и развој, денеска е потпишан договор помеѓу македонските институции и ЕБОР. Потпишан е…

повеќе...

Сезонско затворање на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево e затворен за сообраќај на сите возила. Ова е сезонско затворање на патниот правец преку планaнскиот премин Галичица и ќе биде на сила до 31.03.2015 год.

повеќе...

Се расчистува патот Орман – Лакочереј

По налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамки на акцијата за расчистување на локалните и регионалните патишта на територијата на општина Охрид, денес екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ започнаа со расчистување на локалниот пат што води од селото Орман до селата Горно и Долно Лакочереј. Патот е во должина од 1 200 метри и за неговото чистење покрај оперативните екипи на ЈП „Охридски комуналец“ ќе се користи и полесна механизација. Акцијата се очекува да трае неколку дена и е продолжение на акцијата…

повеќе...

Денес до 16 часот стариот пат Подмоље-Струга ќе биде затворен за сообраќај

Поради изведување градежни зафати на патната делница Подмоље-Струга (стар пат), денес до 16 часот овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај. Градежните зафати ќе се изведуваат на потегот од Подмоље до Евро хотел поради што сообраќајот ќе биде пренасочен кон магистралниот пат Подмоље-Ќафасан. До возачите на патнички и други моторни возила СВР Охрид упатува апел за почитување на поставената светлосна сигнализација се со цел безбедно одвивање на сообраќајот на овој патен правец.

повеќе...

Реконструкција на патни правци со 52 милиони евра од Светка банка

Македонија ги доби првите срдства во износ од 52 милиони евра наменети за израдба и реконструкција на патишта во земјава од Стратегијата за партнерство со Светска банка вредна 400 милиони долари. Договорот за користење на средствата од Светска банка наменети за изградба и реконструкција на патишта во Македонија го потпишаа денеска директорката на канцеларијата на Светска банка во Македонија Татјана Проскурајкова, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски. Со овие средства, како што појаснија, ќе се финансира изградба на патните правци…

повеќе...

Прекин на сообраќајот во двата правци на делницата Пресека-Врбјани

Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има триесет минутно сопирање на сообраќајот во двата правци. Застој на сообраќајот е предвиден во времето од 13:50 до 14 часот и 20 минути кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид–Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево–Охрид. Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село…

повеќе...

Писмо: „Писта“ од Ботун до Белчишта, а во Мешеишта!?!

Помина навистина долго време откако Општината Дебрца ни подметна „легнати полицајци“ во Мешеишта. Не се навикнавме на нив, ниту се означени ниту пак изгледаат дека се плански направени: некаде пошироки, некаде потесни, некаде повисоки, а некаде пониски… со други зборови – дива лига. Згора на тоа – урааа канализација!!! Ископани се сите можни улички низ Мешеишта. Успеавме сами да си ги санираме (барем малку) оние неасфалтираните улички, а на асфалтираните – ровови… ОПАСНО!!! Не дај боже некој што не ги знае да налета со автомобилот на нив! Без ниту еден…

повеќе...

Едночасовен застој на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-Врбјани

Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има едночасовно сопирање на сообраќајот во двата правци. Застој на сообраќајот е предвиден во времето од 13:30 до 14:30 часот кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид – Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево – Охрид. Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село…

повеќе...

Започна да се асфалтира патот до црквата „Св.Климент Охридски“ во Велгошти

Започна да се асфалтира патот до црквата „Свети Климент Охридски“ во Велгошти. Градежните машини веќе се на терен и работат на изградбата на овој пат. Секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески напомена дека конечно стартуваа работите на патот кои велгоштани ги чекале со децении. „Во текот на минатата седмица градежното претпријатие „Илинден“ на терен почна со работа и го реализира тоа наше ветување. Како што знаете во рамки на програмата за работа на градоначалникот при посетата на Велгошти беше констатирано дека тоа е најважен локален пат кој е потребен за…

повеќе...