Пуштена во употреба реконструираната ул. „Кирил и Методиј“ во стариот дел на градот

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска официјално ја пушти во употреба реконструираната улица „Кирил и Методиј во стариот дел на Охрид. Проектот е позитивен за жителите од овој дел на градот со оглед на тоа што ќе се движат и сообраќаат на уредена улица која воедно ја подобрува и туристичката слика ако се земе во предвид дека старото градско јадро е најмногу посетувано од туристи во сите периоди од годината. Реконструкцијата на патот доаѓа по средбите на градоначалникот Бакрачески со жителите од стариот дел на Охрид чие приоритетно барање беше…

повеќе...

Пуштен во употреба реконструираниот пат Вапила – Ливоишта

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска свечено го пушти во употреба целосно реконструираниот пат што ги поврзува охридските села Вапила и Ливоишта долг околу 2 километри. Реализацијата на проектот е од суштинско значење затоа што допринесува во подобрување на условите за живот на мештаните од една страна и обезбедува развој на селските средини кои во минатото биле заборавени или запоставени од локалните власти. „Ако пред две години дојдовме тука точно на ова место каде што не пресретна веселата детска насмевка кога го означувавме почетокот на школската година во реконструираното подрачно…

повеќе...

Ставрески: Ќе се гради патот Прилеп-Градско од 33 километри

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска најави дека наскоро ќе почне изградбата на патот Прилеп- Градско, од 33 километри. „За Прилеп, еден од најзначајните проекти ќе биде изградбата на патот од Градско кон Прилеп, кој очекуваме набрзо да почне. Се очекува фирмата изведувач да ја достави банкарската гаранција и потоа ќе почне изградбата на патот. Се работи за 33 километри, нов пат во делот на Дреновска клисура која ќе се избегне,“ рече Ставрески. Патот ќе биде со четири ленти и, како што рече, ќе овозможи ново, инфраструктурно поврзување…

повеќе...

Алармантна состојбата со асфалтираниот пат пред хотелот „Даљан“ и Извидничкиот центар

Алармантна е состојбата со асфалтираниот пат пред платото на хотелот „Даљан“ и Извидничкиот центар во Охрид. Реката Даљан сериозно го поткопува овој потег, ја „јаде“ асфалтираната површина, создава брза ерозија, пукнатини и поткопување на горниот слој од површината, можно е лизгање на патот и сериозни проблеми по безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон хотелот „Даљан“. Ова е констатацијата на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата од Охрид чии претставници предводени од претседателот на Советот м-р Стефан Димоски, вчера беа во посета на овој потег пред хотелот.…

повеќе...

Прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека денес поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека – с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 13.00-15.00 часот.

повеќе...

Предлог национална мрежа на планински патеки на Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, согласно годишните Програми за промоција и поддршка на туризмот, предвидуваше реализација на повеќе проекти во рамките на поддршката на туризмот, од кои како еден од најзначајните проекти е проектот “Планински патеки“. Потребата од реализација на проектот се јави со цел на создавење на нови туристички производи што во најголема мерка би влијаеле на зголемување на туристичката понуда на Република Македонија, како и директно поврзување на Република Македонија со останатите земји преку создавање на мрежа на планински патеки. Проектот се реализираше…

повеќе...

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Охрид – Ресен

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково. Поради врнежи од снег со променлив интензитет на планинскиот премин Ѓавато задолжителна е употреба на зимска опрема за тешки товарни возила. Забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово – Дебар, кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег, се укинати.

повеќе...

Краток прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека – с. Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути помеѓу 12:30 – 14:30 часот.

повеќе...

Во тек е реконструкција на локалнот пат од Злести до манастирот „Сите Свети” во Лешани

Деновиве започнаа  градежните активности во врска реконструкцијата на локалниот пат што го поврзува селото Злести со манастирот „Сите Свети” во селото Лешани. „Ќе биде реконструирана вкупна должина на локалниот пат од 1800 метри. Реконструираниот локален пат ќе биде со ширина на коловозот од 3,0 метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 м. Трасата ќе се води и прилагоди према постојниот пат. На трасата моментално се врши проширување и тампонирање на банкините, во следната фаза ќе се изврши…

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресека- с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 13.00-15.00часот.

повеќе...