Експресниот пат Охрид – Пештани ќе биде согласно сите еколошки стандарди

Експресниот пат Охрид – Пештани, кој е значајна инвестиција за регионот, ќе биде согласно сите еколошки стандарди, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од Охрид. „Во моментов интензивно работиме на овој проект со цел да се спречат сите грижи околу еколошките стандарди со ЕБРД договоривме изработка на еколошка студија која ќе ги утврди точните параметри на патот. Сакам да најавам дека со таа еколошка студија ќе обезбедиме еколошка одржливост согласно сите процедури“, потенцира Груевски. Веќе наесен, како што додаде, се очекува распишување на постапка за избор на изведувач…

повеќе...

Утре едночасовен прекин на сообраќајот кај патот Пресека – Врбјани

Утре, 24-ти април (петок) на патниот правец А2Е Охрид-Кичево, делница Подвис – Пресека, во период од 16.00-17.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот – минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.

повеќе...

Попладне прекин на сообраќајот кај патот Пресека – Врбјани

Денес, на патниот правец А2Е Охрид – Кичево, делница Пресека – Врбјани, во период од 15:00 до 16.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот – минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.

повеќе...

Започна реконструкцијата на патот Елешец-Елшани

Започна реконструкцијата на патната делница од афтокампот Елешец до село Елшани во должина од 2.258 метри. Градоначалникот Никола Бакрачески кој денес беше на увид истакна дека станува збор за втор крупен проект кој Општина Охрид го реализира со поддршка од Владата на Р. Македонија и Светска Банка. „Станува збор за пат во должина од 2. 258 метри и ширина во просек од 4 метри. Зафатот опфаќа и уредување на банкините. Патот ќе биде асфалтиран со високо квалитетен асфалт со дебелина од 7 см. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден…

повеќе...

„Родољуби Свети Илија“ од Елшани апелира максимално да се прошират трите опасни кривини

Здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“ од Елшани ја изразува нескриената поддршка и благодарност до Локалната самоуправа на Охрид за Проектот реконструкција и асфалтирање на патот Елешец – Елшани кој конечно по речиси 40 години за првпат се случува. Истовремено, „Родољуби Свети Илија“ упатува апел до градоначалникот и до изведувачите да обратат поголемо внимание на трите опасни кривини на патот до Елшани, односно истите максимално да ги прошират во функција на безбедноста на патниците и на возилата. „Имено, се работи за трите многу опасни кривини: Осојник, Кај Спира и Долна…

повеќе...

Започна реконструкцијата на патот Охрид – Велестово

По 32 години се реконструира патот што го поврзува Охрид со село Велестово. Градежните активности за реконструкција и проширување на овој пат долг 4087.5 метри започнаа пред два дена. Градоначалникот Никола Бакрачески кој денес беше на увид посочи дека се работи за проект којшто е изработен од Општина Охрид а е финансиран од страна на Агенцијата за патишта на Р. Македонија . „Се работи за проект којшто е изработен од Општина Охрид а е финансиран од страна на Агенцијата за патишта на Р. Македонија со вкупна вредност од околу 164.…

повеќе...

Делницата Пресека – Врбјани утре ќе биде затворена за сообраќај

Утре (вторник) на патниот правец А2е Охрид-Кичево, делница Пресека-Врбјани во период од 15.00-16.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот-минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај, информираат од АМСМ.

повеќе...

Груевски: Изградбата на автопатот Кичево – Охрид се одвива според планираното

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид се одвива според планираното и досега се пробиени 25 отсто од трасата која е со вкупна должина од 60 километри. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на спортската сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Пласница. Тој нагласи дека целиот износ на инвестицијата за изградба на овој дел од автопатот изнесува 374 милиони евра и додаде дека работите досега се одвиваат според утврдениот план. „Важно е да се истакне дека од вкупно 670 работници кои работат…

повеќе...

Укината забраната за тешки товарни возила и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Поради остатоци од снег на коловозoт, забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар на патниот правец М.Брод-Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска река, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Патен правец Р1205 Пробиштип-Крупиште кај м.в.Плочи кај с.Неокази, поради појава на вдлабнатина на левата коловозна лента гледано во правец на Пробиштип-Крупиште сообраќајот се одвива наизменично само по десната коловозна лента. Укината е забраната за движење на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка.…

повеќе...

Опасно свлечиште на патот Елешец – Елшани

Опасно свлечиште над кампот Елешец, на патот за Елшани ги демне и ги загрозува елшанци и сите други патници, жители и автомобили кои заминуваат за Елшани или доаѓаат оттаму. Ова место е веќе традиционална опасност последниве десетина и повеќе години, особено во вакви временски услови и време е надлежните да преземат нешто посериозно за трајно да се реши овој проблем кој, само по некоја чиста случајност, досега не направил поголема материјална или, недајбоже, човечка жртва. За да не дојде до такви несакани последици, елшанци замолуваат и барааат од надлежните итно…

повеќе...