Новоименуваниот амбасадор на Индија за Република Македонија ги предаде акредитивните писма

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Индија за Република Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. г. Раџеш Кумар Сачдева. На свечената церемонија, претседателот Иванов на амбасадорот Сачдева му посака успешно извршување на дипломатските должности во земјата, и изрази задоволство од односите меѓу Република Македонија и Индија, кои ги карактеризира искрено пријателство, меѓусебно разбирање и почитување. Претседателот Иванов, изрази очекување за поинтензивно развивање и за унапредување на досегашната соработка во сите сфери од заеднички интерес, со надеж за содржински побогат заемен…

повеќе...

Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Данска и на Народна Демократска Република Алжир

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Данска за Република Македонија, со седиште во Виена, Н.Е. г-ѓа Лиселоте Плеснер, и на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир за Република Македонија, со седиште во Букурешт, Н.Е. г-ѓа Таоус Џелули. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Кралството Данска, Н.Е. г-ѓа Лиселоте Плеснер, претседателот Иванов изрази задоволство од успешниот развој на македонско-данските односи и од плодната соработка во разни области од заемен интерес, како и очекување од натамошно интензивирање и унапредување на…

повеќе...

Писмо: „Писта“ од Ботун до Белчишта, а во Мешеишта!?!

Помина навистина долго време откако Општината Дебрца ни подметна „легнати полицајци“ во Мешеишта. Не се навикнавме на нив, ниту се означени ниту пак изгледаат дека се плански направени: некаде пошироки, некаде потесни, некаде повисоки, а некаде пониски… со други зборови – дива лига. Згора на тоа – урааа канализација!!! Ископани се сите можни улички низ Мешеишта. Успеавме сами да си ги санираме (барем малку) оние неасфалтираните улички, а на асфалтираните – ровови… ОПАСНО!!! Не дај боже некој што не ги знае да налета со автомобилот на нив! Без ниту еден…

повеќе...

Колку се „грижиме“ за Националниот парк Галичица!?

Националниот парк ГАЛИЧИЦА е во наша непосредна близина и претставува неизмерно богатство што ни го подарила природата. Сите ние понекогаш со гордост го кажуваме тоа, обично кога им го презентираме на некои наши гости, пријатели, дојденци од земјава и странство. Но, да се запрашаме колку ние го посетуваме, колку го познаваме, колку сме придонеле за тој да остане природен симбол на нацијата, и на крајот колку се грижиме за него?! Патролата од извидниците-ровери од нашиот извиднички одред ПИОНЕР при своите редовни обиколки на одредени делови од паркот, во саботата на…

повеќе...

Здружение „Христо Узунов“: Ја поздравуваме иницијативата за промена на името на кејот во Охрид

Здружението „Христо Узунов“ ја поздравува иницијативата на локалните власти конечно да се промени името на кејот во Охрид и да се избрише името на диктаторот Јосип Броз Тито од мапата на нашиот Охрид. Конечно дојде денот кога најрепрезентативниот кеј во нашата држава ќе го добие името Македонија кое природно му договара, а името кое Судените за Македонија ги потсетува на Голи оток и темнината на комунизмот ќе замине на ѓубриштето на историјата, онаму каде природно припаѓа. Сите оние кои биле кодошени, угнетени, деградирани, малтретирани и уништувани затоа што се бореле…

повеќе...

Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Сојузна Република Германија и на Државата Израел

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Сојузна Република Германија и на Државата Израел за Република Македонија. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Гермнанија, Н.Е. д-р Кристине Алтхаузер, претседателот Иванов, истакна дека Македонско-германските односи ги карактеризира искрено пријателство, меѓусебна почит, континуиран политички дијалог и значајна динамика во соработката во повеќе области, и додаде дека очекува натамошно интензивирање на соработката и поддршката, во однос на нашите евроатлански интеграции. „За нас од особено значење е поддршката и помошта од Сојузна Република…

повеќе...

Писмо: Кој и зошто ја заборава НОБ ?

По осамостојувањето,за жал,имаше и има периоди во кои се омаловажува НОБ и борбата против фашизмот,а некогаш и сега се негираат и нејзините успеси и нејзините херои. Со пепел не можат да се покријат за да се заборават 24 илјади млади луѓе кои ги дадоа животите(највредното кај човекот) свесни за своето загинување,но уште посвесни дека со нивната жртва ќе се создаде македонска држава кон која се стремеле нивните прадедовци,дедовци и татковци во последните стотина години.Република Македонија дефинитивно треба да ја напушти’’инвалидската количка’’во која е сместена,не може да остане трајно нејасно,по чија…

повеќе...

Новоименуваниот aпостолски нунциј на Светиот Престол ги предаде акредитивните писма

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот aпостолски нунциј за Република Македонија, Н.Е. Архиепископ Анселмо Гвидо Пекорари. На средбата, претседателот Иванов му посака добредојде на новоименуваниот aпостолски нунциј во Република Македонија и успешно извршување на одговорната должност, упатувајќи поздрави и до Неговата Светост, папата Франциск, со желби за неговата натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје. „Историските врски меѓу двете земји навлегуваат длабоко во корените на глобалната духовност и универзалните христијански традиции, а важните личности и настани од заедничкото минато како што…

повеќе...