Согласно Уставот на Република Македонија, Македонското меѓународно движење за човекови права бара од привремената влада на Македонија да спречи доделување мандат за формирање на влада, на коалицијата СДСМ/ДУИ, да спречи преземање на Собранието во нивни раце и веднаш да одреди датум за нови избори – слободни и без надворешни влијанија. Овие мерки се во надлежност на привремената влада и гарантирани со македонскиот устав. На коалицијата која што има поддршка од Западот не смее да и’ се дозволи да владее врз основа на анти-уставна и анти-македонска платформа. Нелегалното именување на претседател…
повеќе...Tag: права
Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективни договори
Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективни договори. Информативниот настан ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република…
повеќе...Во Охрид ќе се реализира Проектот „Љубовни рецепти“ со истражување, едукативен камп и марш за ненасилство и женски права
Младински Совет Охрид, во соработка со центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, и младинското здружение „ФОКУС“ од Ресен, започна да го реализира проектот „Љубовни рецепти“. Проектот претставува кампања за освестување на младите девојки за родовиот идентитет, како и за нивна борба против насилството, пред се во адолесцентни врски. Целта е девојките да се освестат да го препознаат родно условеното насилство и да се оспособат да развијат механизми за да се соочат со истото, со што ќе влијаат врз промена на личните ставови, за да можат да остварат квалитетна љубовна…
повеќе...ММДЧП им честита на Македонците за одбраната на Македонија и за неприфаќањето на Тиранската платформа
Македонското меѓународно движење за човекови права им честита на Македонците, од сите политички партии, затоа што заедно застанаа во одбрана на Македонија и ја отфрлија Тиранската платформа – која е во насока на создавање на Голема Албанија, на сметка на територијалниот интегритет на Македонија. Одбивањето на претседателот Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев, и покрај притисокот од западните земји, е сигнал дека македонските политичари конечно застанаа во одбрана на македонските национални интереси, благодарејќи и на Македонците кои што масовно го кренаа својот глас. Уште од осамостојувањето на…
повеќе...И децата можат да бидат правобранители
Помеѓу четврток и недела (27-30 Октомври 2016 година), во Струга ќе се одржи обука за деца правобранители од средните училишта од следните градови: Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Гостивар вклучени во проектот„Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија”. Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации од 1989 година. Но, колку во државата се почитува Конвенцијата и колку тие права се почитуваат во институциите каде децата се најприсутни – училишта? Согледувајќи ја препорака на Комитетот за правата на детето при Обединетите нации каде епотенцирана потребата да се подобри…
повеќе...Потрошувачите недоволно информирани за ризиците во е-трговијата
Организацијата на потрошувачите на Македонија денес во Охрид одржа трибина, на која ги информираше потрошувачите од општина Охрид за ризиците кои што постојат во е-трговијата, односно купување на производи преку интернет, на што треба да внимаваат, каде да се обратат доколку се оштетени од одредени услуги и сл. „Ова е сфера која што и кај нас доживува подем во последните години, достапни се се повеќе производи и услуги што се нудат преку интернет достапни се и се повеќе домашни електронски продавници и со тоа нормално расте и бројот на проблемите со…
повеќе...15-ти Март: Светски ден на правата на потрошувачите
На 15 март, 1962 година, американскиот претседател Џон Ф. Кенеди одржа говор за правата на потрошувачите што доведе до создавање на Декларација за правата на потрошувачите. Активистот за правата на потрошувачите Анвар Фазал подоцна предложи да се одбележува 15-ти Март како „Светски ден на правата на потрошувачите”, а од 1983 година организациите на потрошувачите почнаа со одбележување на тој ден како повод за промоција на основните права на потрошувачите. Светскиот ден на правата на потрошувачите е годишен повод за славење и солидарност во рамките на организациите на потрошувачи ширум светот.…
повеќе...