Фондацијата „Тодор Александров“ му додели постхумно признание на проф. д-р Зоран Тодоровски

Фондацијата Македонско наследство Тодор Александров денес постхумно додели признание за проф. д-р Зоран Тодоровски. Признанието се однесува на неговиот придонес во истражувањето на ликот и делото на Тодор Александров. Признанието го прими Бојан Тодоровски кој изрази благодарност за ова внимание кое воедно многу им значи на семејството Тодоровски. Извршниот директор на Фондацијата доц. д-р Никола Митровиќ Бабе истакна дека научниот придонес на прерано починатиот проф. д-р Зоран Тодоровски кој воедно беше и Директор на Државниот Архив на Република Македонија е многу голем во историската, историографската и архивистичката област во Република…

повеќе...

Доделени признанија „Просветен работник на годината“ за учебната 2016/17

Сојузот на просветни работници на Македонија, по повод Светскиот ден на учителот 5 Октомври, вчера на свечената академија во Велес додели признанија „Просветен работник на годината“ за учебната 2016/17 година. Меѓу добитниците на признанија беше и Муамер Доко, професор по физика и математика и директор во ОУ „Братство-Единство“ Охрид, за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите во воспитнообразовната дејност. Оваа година, темата по повод Светскиот ден на учителот беше „Учење во слобода, зајкнување на наставниците“ со посебен акцент на знаењата и вештините и надлежностите на наставниот кадар…

повеќе...

Хотел „Аквалина“ – најуспешен хотел во 2016 како „Нова туристичка понуда во хотелиерството“

Министерството за економија на Република Македонија, по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, на хотелот „Аквалина“ – Охрид, му додели признание за најуспешен хотел за 2016 година во категоријата „Нова туристичка понуда во хотелиерството“. „Ова признание претставува не само награда за досегашниот труд, туку и дополнителен мотив за понатамошна работа и во иднина. Како хотелски комплекс секојдневно растеме, се надградуваме и усовршуваме.“ – вели Илче Димитриески, менаџер на продажба во Аквалина Охрид. Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец…

повеќе...

Доделено признанието „Најдобар млад научник” за 2015 година на Михаела Ангелова

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес го додели признанието „Најдобар млад научник” за 2015 година, на Михаела Ангелова. Признанието „Најдобар млад научник” за врвни научни достигнувања се доделува по шести пат. Целта на доделувањето на ова признание е да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст. „Науката е имагинативна авантура на умот кој во светот на мистеријата трага по вистината”, рече британскиот хемичар и нобеловец Норман Хиншелвуд. Ако науката е авантура на умот, тогаш научниците се луѓе кои…

повеќе...

Признание од USAID за Царинската управа за континуирана поддршка и партнерство

Денес на промоцијата на резултатите од активностите по повод завршувањето на Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS), финансиран од страна на Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID), на Царинската управа ѝ беше врачена плакета како признание за континуираната поддршка и партнерство со IDEAS. Плакетата ја прими Наташа Радеска Крстевска, директор на Царинската управа. Преку активностите на проектот, насочени кон унапредување на економскиот развој на Македонија преку зајакнување на капацитетите на владиниот и деловниот сектор, Царинската управа доби поддршка во напорите за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата…

повеќе...

Високи признанија за учениците и професорите од ОУТУ „Ванчо Питошески“

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваа на Четвртиот Меѓународен натпревар „Гатус 2015“ – најзначајната угостителско-туристичка манифестација на Балканот каде што се закитија со три втори места. „Во конкуренција на 12 средни училишта од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија, тие за својот труд, заслужено на своите гради ги ставија СРЕБРЕНИТЕ признанија во трите дисциплини и тоа: – во дисциплината „Поставување на традиционална маса за 4 лица“ учениците Наум Нестороски, Адријан Османоски и Ерол Камбероски под менторство на професорката Марија Ристеска; – во дисциплината „Традиционално јадење“, учениците…

повеќе...

Охридско лето со признание за најдобра манифестација по повод Светскиот ден на туризмот

Фестивалот „Охридско лето“ и оваа година се закити со признание од Министерството за економија за допринос во развојот на туризмот во категоријата- најдобра манифестција. Директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска вели дека традицијата на успешни фестивалски изданија со квалитетни настани и врвни уметници продолжува и во иднина а фактот дека тоа има голема улога во развојот на туризмот е мотив плус да се биде уште подобар и поуспешен со секое наредно фестивалско издание. „Голема е возбудата повторно, веќе по трет пат, да се добие едно вака големо признание но и…

повеќе...

Доделување на признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска – 21 јули 2015 година, вторник, ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија ” на пет македонски организации од дијаспората во Француската Република, Кралството Шведска, Австралија и Канада. Признанието „Повелба на Република Македонија” ќе биде доделно на следните македонски организации од дијаспората: • Француско-македонската асоцијација „Блаже Конески” од Мант ла Жоли, Француската Република; • Културното и спортско друштво „Преспа – Бирлик” од Малме, Кралството Шведска; • Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски” од Мелбурн, Австралија; • Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј, Австралија;…

повеќе...

Доделено признанието „Најдобар млад научник“

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска присуствуваше на доделување на признанието „Најдобар млад научник“. Ова признание за млади научници до 30 годишна возраст го доделува претседателот на државата Ѓорѓе Иванов. Целта на проектот кој се имплементира веќе 5 години е да се поттикне развојот на научната и истражувачка мисла кај младите научници од нашата земја. Годинешното признание „Најдобар млад научник“ го доби Даниел Денковски, магистер по електротехника и информациски технологии.

повеќе...

Признание за охридската гимназија од Британскиот Амбасадор во Македонија

Во рамки на проектот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, ОСУ „Св. Климент Охридски“ учествуваше танцувачка точка на која настапија 20-тина ученици од охридската гимназија. На конкурсот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза”, идејата на учениците на охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ за изведба на флеш моб – јавниот перформанс е наградена и избрана за реализација. „Се работи за проект во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и покровителство на британска амбасада.“- информираат од гимназијата. Проектот е наменет за подигнување на јавната свест за…

повеќе...