Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) утре во Ресен свечено ќе ги потпише договорите со грантистите од Вториот повик од АБД Грант шемата за прекуграничниот регион Преспа. Во рамки на овој настан ќе бидат потпишани вкупно десет договори со шест апликанти од Македонија и четири од Албанија со вкупна вредност од 64.729 евра. Грантовата шема беше спроведена од страна на Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во рамки на проектот „Рурален развој преку интегрирано управување со шумските и водните ресурси“ кој се спроведува во соработка со…
повеќе...Tag: ресен
Охриѓанец измамен при купопродажба на 55 тони јаболка
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Б. (44) од ресенското село Царев Двор. Пријавениот, кон крајот на минатата година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, договорил средба со Ќ.И. од Охрид и во неговиот дом, со лажно прикажување, успеал да го наведе да направат договор за купопродажба на 55.000 килограми јаболка од сортата „Ајдарет“ за сума од 621.000 денари. Бидејќи до крајот на јануари оваа година, на Ќ.И. не му била извршена исплата од договорената купопродажба на…
повеќе...Тешка сообраќајка на патот Охрид – Ресен
Вчера околу 17:05 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, поточно кај м.в.„Рибник“, атар на с.Крушје, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо Корал“со битолски регистерски ознаки управувано од Д.С. (20) од с.Подино-битолско, и патничко возило „Волксваген Пасат“ со ресенски регистерски ознаки управувано од Љ.Д. (47) од Ресен. Во незгодата на самото место починал 17 годишен сопатникот од патничкото возило „Југо Корал“, додека возачот Д.С. се здобил со тешка телесна повреда кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом-Ресен бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Охрид, а возачот на…
повеќе...Министерот Чавков присуствуваше на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“ во преспанскиот регион
Денес на плажата „Конект“ на Преспанското Езеро министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков присуствуваше на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“ , кој се реализира во рамките на проектот „Безбедно на нашите плажи’“. Целта на овој проект е да се подигне свеста на посетителите на туристичките места за самозаштита од кражби, да се делува превентивно, како би се намалил бројот на кражби на вредни предмети на плажите, како и провални кражби од возила, камп-приколки и бунгалови во туристичките населби во Преспанскиот регион на Општина Ресен, како и зајакнување на довербата помеѓу…
повеќе...Посетете го Етнолошкиот музеј во Подмочани
Етнолошкиот музеј (сопственост на Јоне Ефтимовски) се наоѓа во преспанското село Подмочани и во него е сместена една од најбогатите етнолошки колекции во Македонија. Во музејот е сместена ретка и импозантна колекција на над 2000 уметнички детали: прекрасни примероци на накит, оружје, стари монети и преку 160 различни Македонски национални носии од разни региони на Македонија.
повеќе...Охриѓанец загина во сообраќајка на патот Охрид – Ресен
Утрово околу 05:30 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен помеѓу селата Крушје и Лева Река случена е сообраќајна незгода во која ПМВ„Ауди А3“ со охридски регистерски ознаки управувано од Наум С.(46) од Охрид удрило во карпа покрај патот, при што возачот починал на самото место. Извршен е увид од страна на ПС Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот.
повеќе...Шест милиони евра за обнова на регионалниот пат Битола-Ресен-Буково
До крајот на годинава се очекува да бидат завршени активностите за обнова регионалниот патен правец Битола-Ресен-Буково. „Станува збор за инвестиција во вредност од шест милиони евра со која ќе бидат реконструирани 27 километри, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, при денешниот увид на градежните активности. Мисајловски рече дека регионалниот пат се асфалтира и оти очекува првите седум километри да бидат завршени за месец до два и дел од патот од Битола кон Ресен да биде пуштен. – Исто така, паралелно се работи на патот од Ресен кон Битола…
повеќе...Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Охрид – Ресен
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково. Поради врнежи од снег со променлив интензитет на планинскиот премин Ѓавато задолжителна е употреба на зимска опрема за тешки товарни возила. Забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово – Дебар, кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег, се укинати.
повеќе...Почна реконструкцијата на регионален пат Битола – Ресен
По завршувањето на подготвителните теренски активности официјално почна реконструкцијата на регионалениот пат Битола – Ресен. Почетокот на градежните активности го означи премиерот Никола Груевски. Според него, по 35 години за првпат се прави реконструкција на оваа важна сообраќајница. Планирано е да се реконструираат 27 километри за што ќе бидат инвестирани шест милиони евра. Градежните активности се очекува да се завршат за 12 месеци.
повеќе...Четири лица од Охрид заработија кривична пријава поради насилство
Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ПС – Ресен до ОЈО Ресен поднесе кривична пријава против девет лица, поради основ на сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“. Пријавените Б.М.(36) од Ресен, Х.И.(35) од Скопје Ж.М.(47) од Охрид, П.С.(31) од Охрид, К.С.(37) од Охрид , М.К(39) од Охрид, А.Н(39) од Ресен, Н.К(36) од Ресен и О.Д(41) од Ресен, делото го сториле на 1-ви август годинава околу 22,00 часот во кафе бар во Ресен, на начин што седмо, осмо и деветтопријавените, со други лица седеле на една од масите во локалот, а на…
повеќе...