При контрола одземени 13 парчиња риба белвица

Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Мрежите се забележани на околу 50 метри од езерскиот брег во близина на „Парк“ по што поради немање жиг од државниот инспекторат за земјоделие а по  консултација со јавниот обвинител, истите се одземени. Минатиот месец еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца со 4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми,…

повеќе...

Засилени надзори на вршење на риболовот на Охридско Езеро

При вршење на заедничка контрола од страна на овластени лица на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид со рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд од Охридско Езеро – ПАСТРМКА 2012 ДООЕЛ од Охрид на ден 15-ти октомври во 22.30 часот кај м.в Рибница во водите на Охридско Езеро затекнати се 2 лица кои вршеа недозволен риболов со мрежи. При вршењето на контролата од страна на овластените лица од концесионерот и Државниот инспекторат за земјоделство користена е софистицирана опрема за ноќно набљудување и снимање по што лицата се идентификувани од…

повеќе...

Малолетник затекнат во незаконит риболов со подводна пушка

Едно малолетник од Охрид е затекнат во незаконит риболов вчера во 18 часот и 35 минути од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Малолетникот роден 1999 година е забележан на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ во момент кога со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка врши незаконит риболов. По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор. На малолетникот одземена му е подводната пушка марка Ccessi-club, горен…

повеќе...

При контрола во водите на Охридското Езеро затекнати рибокрадци од Пештани

На 10.07.2014 година околу 05,00 часот, од страна на униформиран полициски службеник од полициската станица за граничен надзор-Охридско Езеро, при вршење патролна служба во водите на Охридското Езеро, во близина на населба Лагадин, во чамец како ловат риба биле затекнати се З.В.(52) и С.Р.(32) двајцата од Пештани, охридско. Со потврда за привремено одземени предмети, уловот бил одземен, а лицата се приведени во Полициската станица. Се работи на целосно документирање на случајот.

повеќе...

Заедничка акција против недозволен риболов на „Сливот на Охридското Езеро“

Во заеднички акции на Државниот инспекторат за земјоделство одделение за инспекциски надзор од областа на  рибарство и аквакултура и рибочуварската комисија при З.Р.Р.С.К „Свети Апостол Петар“ од Охрид од почетокот на Јуни  извршени се повеќе контроли на риболовниот ревир  „Слив на Охридско Езеро“.  На почетокот на Јуни на потегот од с.Климештани до с.Издглавје затекнати се три лица кои вршеа рекреативен риболов со блинкер за лов на пастрмка без поседување на легитимација и дозвола издадена од концесионерот. На ден 09.07.2014 год кај м.в Брана кај с.Волино во водите на река Сатеска…

повеќе...

Пред гимнзацијалците се одржа предавање за рибниот фонд во Охридското Езеро

Во рамките на проектот Амбасадори на живиот свет во охридското езеро денес 2/Јуни беше одржано предавање пред учениците на охридската Гимназија. На предавањето Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро ги запозна учениците со параметрите на Охридското Езеро и со начините за подигање на еколошката свест. Проф. Д-р Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод со илустрации ги објасна карактеристиките на видовите риби во Охридското езеро и тоа на автохтоните и алохтоните.  Радован Димитриески кој е лидер на проектот ги презентираше пред учениците риболовниот алат кој се корискти за спортски риболов.…

повеќе...

Средношколците од ЕМУЦ се запознаваа со видовите риби во Охридското Езеро

Средношколците од Електро-машинскиот училиштен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид денеска се запознаваа со видовите риби што живеат во Охридското Езеро. Оваа активност е дел од проектот за презентација на рибите во Охридското Езеро што го спроведува Здружението „Јадрански слив“ во основните и средните училишта во Охрид и Струга. Според Радован Димитриевски, претседател на Здружението, ваквите предавања кои неодамна стартуваа во основното училиште „Христо Узунов“ имаат позитивен ефект кај младите, но и кај повозрасните кои имаат недоволни знаења за живиот свет што живее во езерото. „Навистина ме радува што овие…

повеќе...

Забрани за риболов на риболовен ревир „Слив на Охридско Езеро“

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид како концесионер ги известува рекреативните риболовци за забраните за риболов за време на Првомајските празници, на риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. Забранети се за риболов следниве видови на риби поради мрест: – Скобуст од 15.04 до 15.05 – Писа од 15.04 до 15.05 – Клен од 01.05 до 31.05 – Мрена од 15.05 до 15.06 – Крап од 01.05 до 31.05 На рекреативната зона „Слатинско Езеро“ сеуште не…

повеќе...

ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ од Охрид започна со издавање на дозволи за рекреативен риболов за риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“

Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид започна со издавање на дозволи за рекреативен риболов за риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. За рекреативната зона „Слатинско Езеро“ дозволи за рекреативен риболов ќе почнат да се издаваат ако се создадат услови за рекреативен риболов. Здружението издава и Државни дозволи кои важат за сите риболовни води во Република Македонија и дневни дозволи за акумулацијата „Козјак“. „За риболов без дозвола, казните се големи и на лице место…

повеќе...

Продолжува реализацијата на проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридското Езеро“

Здружението Јадрански Слив и предавачите продолжуваат со спроведување на Проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“ кој опфаќа едукација на учениците  за рибниот фонд во Охридското Езеро но и едукација за еколошката свест  и заштита. Предавањата продолжуваат во ОУ Братство во Охрид, утре,среда во 12:30 часот. Целта на проектот е подигање на свеста на  најмладата популација како идна одбрана од сите можни еколошки предизвици во иднина.

повеќе...