Вечерна богослужба и света литургија за празникот Свети Стефан

По повод празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, вечерва во манастирската црква „Свети Стефан“, со почеток во 19 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба. Утре во истоимената црква ќе се служи света литургија, со почеток во 8:30 часот. По тој повод манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. WebOhrid

повеќе...

„Despacito“ – Нова атрактивна плажа во населба Свети Стефан

„Despacito“ е нова атрактивна плажа која се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, Охрид во близина на Националниот ресторан Македонска куќа од вчера и официјално започна со работа. Оваа плажа дефинитивно ќе биде најубавото место на охридското крајбрежје. Вреди да се посети! WebOhrid

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи обука за следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата

Утре во Охрид ќе биде одржана обука за следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата со примена на индикатори. Обуката, наменета за претставници на Министерството за внатрешни работи и претставници од единиците на Локалната самоуправа, доаѓа по неодамнешната препорака на Владата на Република Македонија до сите единици на локалната самоуправа, да формираат работни групи на локално ниво што ќе бидат задолжени за следење, мерење, обработка и доставување на податоците во врска со индикаторите за следење на безбедноста на сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, дефинира…

повеќе...

Утре ќе се осветуваат ново изградените конаци во манастирот Св.Стефан

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (недела), во црквата „Свети вмч. Ѓеоргиј“ ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.мч-ци Агатоник, Зотик, Зинон и др. Св.мч-чка Антуса“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Исто така утре во 12.00 часот, во манастирот Св.Стефан – Охрид, ќе се осветат новоизградените манастирски конаци. По тој повод Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Во недела осветување на новоизградените конаци во манастирот Св. Стефан

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4ти септември(недела), во црквата „Свети вмч. Ѓеоргиј“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.мч-ци Агатоник, Зотик, Зинон и др. Св.мч-чка Антуса“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Истиот ден во 12.00 часот, во манастирот Св.Стефан – Охрид, ќе се осветат новоизградените манастирски конаци. По тој повод Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Пронајдена мртва 35 годишна холанѓанка во комплексот „Свети Стефан“ во Охрид

Вчера во 18:35 часот во СВР Охрид, лекар од Итна медицинска помош Охрид пријавил дека во комплексот Свети Стефан непознато женско лице не давало знаци на живот. Истото со возило било префрлено во Центарот за кардиоваскуларни болести во Св.Стефан каде доктор констатирал смрт над лицето без видливи траги на насилство. Увидна екипа екипа на СВР Охрид бил извршен увид на местото на настанот и било констатирано дека се работи за Ф.С. (35) од Холандија, која престојувала во хотел заедно со нејзиниот сопруг Д.Х.Х. (43) од Холандија. По наредба на Јавен…

повеќе...

Руските туристи со препорака: Посетете го Охрид и хотелот „Аквалина“

Група туристи од Русија престојува во Охрид, односно во хотелот Аквалина кој се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан. Гостите беа пречекани со коктел за добредојде организиран од надлежните во хотелот. Во изјава за WebOhrid,  туристичкиот водич, Јулија Самоилова, вели дека за разлика од другите земји кои ги посетиле, туристите се премногу задоволни и од Охрид и од хотелот Аквалина, од односот, гостопримството на хотелот, од изгледот на собите, од организацијата, од храната и начинот како ги дочекаа домаќините.  „Јас веќе по втор пат сум тука, запознаена сум со убавините на Охрид, но првпат…

повеќе...

Хотел „Аквалина“ населба Св.Стефан – Охрид

Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум. Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Во својот сместувачки капацитет располага со вкупно 84 соби од кои, 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај, 7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби. Сите соби се опремени…

повеќе...