СДСМ: Ветуваа дека ќе го направат туристичка атракција, а Слатинското Езеро го снема

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „За уште една еколошка катастрофа во Дебрца виновни се поранешната Влада на РМ, предводена од ВМРО ДПМНЕ и актуелниот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Станува збор за Слатинското Езеро, чија брана пукна во 2013 година, што доведе до излевање на вештачката акумулација, изградена во далечната 1963 година. Во изминативе повеќе од четири години се изнаслушавме празни ветувања и од централната власт и од градоначалникот на општината дека состојбата со браната ќе биде санирана. Така, сликајќи се во предизборната…

повеќе...

Жители на Слатино фатиле крадец во куќа во селото

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин. Во пријавата опфатени се уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и Д.А.(40) од селото Долно Страгомиште-кичевско, за сторено казнено дело „помагање“. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена. На 21-ти овој месец околу 23 часот, тројцата пријавени, во казино во Кичево направиле договор да одат во охридското село Слатино и да извршат кражба. Притоа првопријавениот А.А. на третопријавениот…

повеќе...

Дистрибуирана помош на семејствата во отсечените села во Дебрца и стариот дел на градот

Тим на Црвен крст Охрид од Единицата за спасување на планина и непристапни терени заедно со претставници на Центарот за управување со кризи-регионална канцеларија Охрид, денес од раните утрински часови дистрибуираа помош во прехрамбени производи, средства за хигиена, ќебиња и лекови до четири семејства во отсечените села во општина Дебрца, с.Црвена вода, с.Издеглавје и с.Годивје и за уште две фамилии во с.Слатино. Поради високиот снег за транспорт на помошта беа користени и коњи од месното население Волонтерите на Црвен крст Охрид се активни и во градската средина, особено во стариот…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески денес меѓу народот во Слатински Чифлиг

Во рамките на одбележувањето на празникот „Успение на Пресвета Богородица“- Голема Богородица, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и денес е меѓу народот. Тој денес е гостин во селото Слатински Чифлиг, каде исто така масовно се одбележува овој голем христијански празник.

повеќе...