Македонскиот олимписки комитет (МОК) на барање на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), обезбеди и целосно финансиски ќе ја покрие едногодишната програма која е одобрена од Обединетото светско борење (UWW) и од страна на Меѓународниот олимписки комитет (IOC), наречена „РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНАТА СПОРТСКА СТРУКТУРА ВО БОРЕЊЕ“. Оваа програма ќе ја води истакнатиот светски експерт по борење, Кирил Ватев од Бугарија. Тој со македонските тренери ќе работи во однос на подобрување на комбинираните технички карактеристики и активности во борењето, изградба и потенцирање на основните индивидуални карактеристики на борењето, на откривање,…
повеќе...Tag: спорт
АВ Охрид со победа ја започна новата сезона
Екипата на АВ Охрид со победа ја започна новата натпреварувачка сезона 2017/2018. Во првото коло од Првата македонска кошаркарска лига, АВ Охрид гостуваше во Струмица, каде успеа да победи со резултат 76-90 (15-24, 29-24, 15-25 и 17-17). WebOhrid
повеќе...Италија 1:1 Македонија
Македонската фудбалска репрезентација го одигра деветтиот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. Во Торино, нашата репрезентација и гостуваше на Италија. Натпреварот започна со пресинг од страна на италијанската репрезентација. Агресивната игра на Италија траеше само во првите десетина минути. Во 17 минута Пандев упати посериозен удар, но голманот на Италија, Буфон успеа да ја скроти топката. Средината од првото полувреме се карактеризираше со не многу течна игра, со многу прекини и грешки. Како што наближуваше полувремето, Италија постојано настојуваше кон нашиот гол, а тоа резултираше со гол…
повеќе...Македонија У21 загуби од Србија
Репрезентација на Македонија до 21 година загуби од Србија до 21 година со 0:2 на натпреварот од второто коло во квалификациите за пласман на ЕП 2019 година во Италија. За „црвено-жолтите“ ова е прв пораз во квалификациски дуел по повеќе од две години. Тие немаа загубено од септември 2015 година, кога беа поразени од Исланд. Во 22. минута Србија преку Саша Лукиќ стигна до водство од 0:1. На 0:2 зголеми фудбалерот на португалска Бенфика, Андрија Живковиќ со ефектен погодок во 37. минута од средбата. Најдобрата шанса во првиот дел Македонија…
повеќе...Агенцијата за млади и спорт оствари средба со националните спортски федерации
Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на спортските федерации, на која ги потенцираше насоките во кои ќе се одвива работата на Агенцијата во однос на спортот и размислувањата на новата влада околу промените на односот и финансирањата во спортот. Директорот на АМС Дарко Каевски на стартот зборуваше за ваучерите кои федерациите ќе можат да ги подигнуваат, врз основа на предходно приложените програми за работа и истите ќе ги доставаат до приватниот сектор кој истите ќе го искористат врз основа на даночното ослободување предвидено во поновите измени…
повеќе...Одредени натпреварите за новата сезона од Првата кошаркарска лига (мажи)
Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа ждребот за паровите во првото коло за претстојната натпреварувачка сезона (2017/2018) во Првата лига (мажи). Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од првенството. Од минатата сезона остануваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, вицешампионот и освојувачот на државниот Куп за оваа година Карпош Соколи, Работнички, Куманово, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув. Од Втората лига промоција добија екипите на Гостивар и на Радовиш, но на местото на Радовиш ќе се натпреварува Блокотехна. Со проширување на Првата лига од…
повеќе...Доделени плакети по повод 40 години од постоењето на Атлетски Клуб „Охрид“
По повод 40 години од постоењето на Атлетски Клуб „Охрид“, на свеченоста што се одржа денес, плакети им беа доделени на Атлетската федерација на Македонија, постхумно на проф. Влатко Димитров, на ветеранот Ристо Трајкоски, на актуелниот претседател на клубот Пецо Неданов, како и на градоначалникот Никола Бакрачески. „Почестен сум со ова признание бидејќи тоа ми го доделува најтрофејниот спортски клуб од Охрид. Импресивни се податоците дека во изминативе 40 години, членовите на Атлетскиот клуб на домашни и меѓународни натпревари имаат освоено 50 златни медали, собориле 100 рекорди, освоиле 3000 признанија, а…
повеќе...Иџе со шампионски амбиции тргнува кон Чешка
Агенцијата за млади и спорт преку прес конференција го најави настапот на нашиот најдобар автомобилист во ФИА, Игор Стефановски – Иџе, кој овој викенд ќе ја вози последната трка во Чешка, на патеката Мост, со која ќе се заокружи ФИА ЕТЦЦ шампионатот за оваа година, на која Иџе има огромни шанси за победа и освојување на шампионатот. На средбата беше присутен комплетниот тим со кој Игор Стефановски Иџе се натпреварува на шампионатот ЕТЦЦ 2017, како и претставници од Агенцијата за млади и спорт. Директорот Каевски во својата изјава потенцираше дека…
повеќе...Забележителен успех на тенисерот од ТК Охрид Стојан Стојановски
На терените на Тенискиот клуб Југ-Скопје, во периодот од 27 до 30 Септември се одржа Државното првенство на Македонија за Мажи (поединечно и двојки) и Жени (поединечно). Нови државни прваци во конкуренција на двојки се 19-годишниот Стојан Стојановски од ТК Охрид и 15-годишниот Ѓорѓи Јанкуловски од ТК Југ од Скопје. Во финалето победија против искусниот Димитар Грабул и младиот Лука Андонов во 3 сета, иако на почетокот на вториот сет губеа со 6:1 и 2:0. Но, потоа освоија 6 гема во низ со што го зедоа вториот сет, а одлучувачкиот…
повеќе...Реализирана хуманитарната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“
Градскиот плоштад во Охрид денес пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот, дружењето, здравјето и знаењето. Бројни посетители и учесници од сите возрасти, беа дел од хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, која во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со Стоматолошкиот центар д-р Баткоски, се реализираше на Градскиот плоштад во Охрид и уживаа во разновидните спортско-рекреативни, здравствено-едукативни и културно-забавни содржини. Главната трка го означи стартот на оваа акција, за потоа младите да го изразат својот спортски дух натпреварувајќи се во фудбал, баскет, бадминтон, пикадо, шах, прецизно возење велосипед,…
повеќе...