Спроведена хуманитарна акција „Од децата за децата“ во ОУТУ „Ванчо Питошески“

Под мотото „Од децата- за децата“ во рамките на ОУТУ „Ванчо Питошески“ се спроведе хуманитарна акција за помош на децата од социјално најзагрозените семејства во општина Охрид, со што се одбележа „Недела на борба против гладта (16-22 октомври)“. Целта беше да ја поттикне хуманоста кај младите и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за нашите сограѓани и деца кои живеат во тешки социо- економски услови и секојдневно имаат проблеми како да се прехранат. „Невидливи, стопени од сиромаштија стотина, илјада луѓе не знаат дали денес ќе јадат. Тажно е што…

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе врши упис на ученици во прва година за учебната 2016/2017

ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе врши упис на ученици во прва година за учебната 2016/2017 година. Училиштето нуди можност за запишување во повеќе образовни профили и тоа: – Во угостителско-туристичката струка според наставните планови и програми за стручно образование за профилите: келнер, готвач (тригодишно образование); за профилите: угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар (четиригодишно образование). – Во Спортската академија за спортски талентираните ученици според наставен план и програма за гимназиско образование-спортска гимназија за профилите: спортска паралелка по ракомет, спортска паралелка по кошарка и спортска паралека по фудбал. Приемот…

повеќе...

Реализиран проектот „Градиме мостови-рушиме ѕидови“ во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид под менторство на професорката Марија Сарафимоска организира настан под мотото „Градиме мостови-рушиме ѕидови“. Целта на меѓуетничкото интегрирано образование е учениците да се научат на интеракција која им е неопходна за компетентно живеење во едно мултикултурно општество како што е македонското, да се намалат предрасудите, да се почитуваат разликите и да се зголеми соработката со што би се овозможила кооперативна атмосфера. За таа цел беше изведен рецитал на македонски, турски и албански јазик и беа…

повеќе...

Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ја прославија матурската вечер

Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ го прославија завршувањето на средното образование. Свеченоста се одржа во хотелот Десарет, а ги забавуваше охридската група Император Бенд. Девојките облечени во прекрасни тоалети на кои им парираа прекрасните момчиња до раните утрински часови славеа за успешно завршените средношколски денови. Честито матура! А.Андриоски

повеќе...

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ трети на Меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор“

Ученици и наставници ментори од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваа на четвртиот по ред Меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“, кој оваа година во периодот од 12ти до 15ти мај се одржа во Техничката Школа во Ваљево, Република Србија. На натпреварот учествуваа средни стручни училишта од Балканот – Србија, Словенија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Учениците Филип Милошески – III година, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Јован Цветковски – III година, техничар за компјутерско управување под менторство на наставниците Владо Јанкулоски, Борис Стрезоски и Душко Савески го…

повеќе...

Утре отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Утре во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, Охрид, од 11:00 до 14:00 часот ќе се одржи Отворен ден. „Училиштето ќе ги отвори своите врати за сите гости, родители и заинтересирани ученици од завршните одделенија од основните училишта на кои им претстојат уписите за прва година. Тие ќе имаат прилика да се запознаат со просторните и материјални ресурси со кои располага училиштето. Исто така ќе имаат можност да се запознаат и со дел од раководниот и наставниот кадар, да подигнат рекламен материјал, да се информираат за профилите кои се изучуваат во ова училиште, за наставните планови и…

повеќе...

Награди на Државниот натпревар по биологија за ученици од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

На Државниот натпревар по биологија што се одржа на 23ти април на Природно математичкиот факултет во Скопје учествуваа и учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј” -Охрид и се вратија со награди. Ученикот Георги Ставрески од III-5 освои трето место под менторство на проф.Славица Кичеец, а Ивана Настоска од I-5 под менторство на проф.Весна Цветкоска доби пофалница.

повеќе...

Oдбележана 400-годишнината од смртта на Шекспир

Во рамки на глобалниот проект „Shakespeare Lives” ширум светот со кој се одбележува 400-годишнината од смртта на Шекспир и Денот на книгата, на истиот му се приклучува и Охридската гимназија „Св.Климент Охридски” како дел од ASP UNESCO училишната мрежа со цел на промоција на цивилизациските вредности и наследството на Шекспир за целото човештво. Неговите дела извршиле силно влијание и биле вистинска инспирација за плејада писатели, композитори, режисери, балетски кореографи, сликари и останатите уметнички дејци подоцна. Длабоката психолошка анализа на ликовите на Шекспир значително влијаеле и на големиот Сигмунд Фројд и на…

повеќе...

ОУЕМЦ „Св.Наум Охридски“ најдобри на натпреварот по програмирање CodeCup 2016

На 16ти април во Факултетот за информатички и комуникациски технологии –Битола, беше одржан натпревар по програмирање CodeCup 2016. За успешно завршените проекти Факултетот за ИКТ додели: • Таблети на трите првонаградени тимови и нивните ментори 1. Првонаграден проект BoxBloy Play за тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид (Јулијана Петреска-ментор, ШимеТадиќ, Филип Милошески и Стефан Трајаноски) 2. Второнаграден проект AB-КУПУВАЊЕ за тимот од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица (Славица Милева Ефтимова – ментор, Ивановски Александар и Дедејски Васил) 3. Третонаграден проект Screencast за тимот од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола…

повеќе...