Трибина во Охрид „Превенција од болести на зависност кај младите“

Во текот на месец ноември како месец на борба против болестите на зависност (никотинизам, алкохолизам, злоупотреба на дрога), Црвен крст Охрид со своите обучени едукатори од редот на младите, реализира врснички едукации на тема зависности, во основните и средни училишта во Охрид и Дебрца. Целта беше подигнување на свеста во локалната заедница особено кај младите за постоењето на „болести на зависности“ во нашето опкружување. Со истата цел, но и како можност да даде одговори на многу горливи прашања, непознаници и дилеми по однос на болестите на зависност, своите активности во…

повеќе...

Трибина во Охрид Мозочен удар – со 2 предавања и превентивни прегледи

Во сабота(4ти јуни), во 11:00 часот во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи отворена трибина на тема Мозочен удар – со 2 предавања „Мозочен удар и третман на мозочен удар“ и „Физикална терапија и рехабилитација по мозочниот удар, очекувања и компликации“. Предавачи ќе бидат д-р. Маја Божиновска Смическа, спец невролог од Специјална болница „Св.Еразмо“ и д-р Гордана Коњаноска спец. по физикална терапија и рехабилитација од Завод за кардиоваскуларна рехабилитација „Св.Стефан“. По предавањата ќе бидат презентирани помагала кои се наменети за пациенти со прележан мозочен удар.…

повеќе...

Шекеринска: СДСМ ќе обезбеди 140 милиони евра поддршка за домашните мали и средни претпријатија

  Охрид вчера беше домаќин на една од низата трибини коишто СДСМ ги започна низ цела Македонија со цел граѓаните да ги слушнат мерките од Програмата на СДСМ што се решение на проблемите и предизвиците со коишто се соочуваат. Во секој град, во секое населено место што ќе го посетиме се чувствува новата енергија. Се чувствуваат промените коишто доаѓаат во Македонија, вака заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ја отвори синоќешната трибина пред преполната сала во Домот на културата во Охрид. Презентирајќи ги мерките од Програмата, заменик претседателката Шекеринска истакна…

повеќе...

Во Охрид се одржа трибина за аутизам

Денеска во општина Охрид се одржа трибина на која професори, стручни лица, доктори , дефектолози, психолози, педијатри и родители на деца со аутизам, дебатираа на тема „Аутизмот и неговите предизвици во нашето општество“. Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име, Ви искажувам искрена благодарност, за отворањето на ова прашање пред нашата јавност и Ви ветувам дека Локалната самоуправа во рамките на своите можности ќе ги поддржува сите процеси за нивна целосна инклузија во општественото живеење.Стручњаците велат…

повеќе...

Во сабота трибина за аутизам во Охрид

„Аутизмот и неговите предизвици во нашето општество“ ќе биде тема на трибината за аутизам што во сабота (12-ти март) ќе се одржи во големата сала на општина Охрид. Целта на настанот е да се направи нешто, да се поттикне отворањето на центри за децата со аутизам. На средбата покрај пригодното обраќање на претставник од општина Охрид свое предавање ќе има проф. д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а претседател на Македонското научно здружение за аутизам, доктор Сашо Василевски, како и…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи едукативна трибина за алтернативните форми на мобилност

Во Охрид ќе се одржи едукативна трибина за алтернативните форми на мобилност. На трибината ќе се дискутира за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност (велосипедите, ролерите, пешачењето и сл.), можат да придонесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Додатно, тема ќе биде и како најдобро да се заштитиме себеси и другите кои користат алтернативни форми на мобилност, а ќе биде направен пресек и на состојбите во сообраќајот во Охрид во периодот од 2010 година до сега. Едукативната трибина е во организација на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот…

повеќе...

Утре трибина „Превенција од провални кражби и разбојништва во златарници и менувачници“

„Превенција од провални кражби и разбојништва во златарници и менувачници“ е темата на трибината што, по иницијатива на СВР Охрид ќе се одржи утре напладне во големата сала на СВР Охрид. На средбата, покрај униформирани полициски службеници, претставници на отсекот за превенција и на криминалистичката полиција при СВР Охрид, ќе присуствуваат и повеќе сопственици на златарници и менувачници од градот. Утрешната средба има превентивен и едукативен карактер, а е поврзана со размена на мислења и совети за поголема заштита на овие деловни субјекти и нивните сопственици од сторители на кражби,…

повеќе...

Утре во Мешеишта трибина на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца

Во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, утре  (петок) со почеток во 17 часот до Домот на култура во Мешеишта, ќе се одржи трибина на која ќе присуствува тим од министри во Владата на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На трибината, низ непосреден контакт и разговор со жителите на општина Дебрца, владините министри ќе ги слушнат мислењата, идеите и барањата на жителите за развој на општината кои ќе бидат имплементирани во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ за наредните Парламентарни избори, информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.

повеќе...

Во недела граѓанска трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Во недела, 29 -ти ноември во НУ Центар за култура „Григор Прличв“ во Охрид, ВМРО- ДПМНЕ ќе одржи граѓанска трибина. Се повикуваат сите граѓани на Охрид да учествуваат на случувањето и со свои предлози и сугестии директно да учествуваат во изработка на идната програма на ВМРО- ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори. На трибината ќе присуствува тим од ВМРО – ДПМНЕ и од Владата на Република Македонија. Почетокот на настанот е закажан за 20:00 часот.

повеќе...

СДСМ утре ќе одржи трибина со граѓаните на Охрид

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира трибина со граѓаните на Охрид, по повод презентација на првиот столб од проектот „Визијата за Македонија – Одговорна власт и контрола над власта“. Трибината ќе се одржи утре во хотелот Ривиера во Охрид, со почеток во 19:00 часот. ОО на СДСМ Охрид ги поканува сите заинтересирани сограѓани да присуствуваат на трибината и да учествуваат во граѓанската дебата со претставниците од највисокото партиско раководство на СДСМ.

повеќе...