На државниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 14-ти март, во основното училиште „Коле Неделковски“ – Скопје, ученичката Тијана Костовска од клас II-5 го освои третото место. Ментор на ученичката е проф. Ирена Ѓурчиноска Талевска. На 58-от Државен натпревар по математика кој се одржа ито така на 14-ти март во Скопје, Виктор Домазетоски ученик од IV година во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид го освои третото место, а 5 други ученици добија пофалници. Според постигнатите резултати Виктор Домазетоски и Теодора Бујароска се пласираа на Математичката олимпијада која ќе се одржи на 4-ти…
повеќе...Tag: ученици
Финансиска едукација за учениците преку интерактивна детска игра
Преку интерактивна детска игра, учениците од ОУ „Александар Македонски“ денеска имаа можност да се запознаат со постоењето на финансиските ризиците, а индиректно со тоа да се запознаат дека осугурувањето претставива важен елемен како да се справат со тие ризици. Кампањата е дел од одбележувањето на „Глобалната неделата на парите“, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување и Министерството за образование. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски потенцира дека е неопходно учениците да се вклучат во процесот на едукација во делот на менаџирање на ризиците и средствата. „Министерството за…
повеќе...Основците од „Кочо Рацин“ ја посетија Општина Охрид
Во рамките на образовните активности, денеска дел од учениците од Основното училиште „Кочо Рацин“ ја посетија општина Охрид. Тие обиколија дел од службите на локалната администрација и се запознаа со нивното функционирање и делокругот на работата на Локалната самоуправа.
повеќе...Од утре екстерно тестирање за трета и четврта година
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека од утре-понеделник, ќе се спроведе екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, кои не беа тестирани во периодот од 26 до 30 јануари. Тестирањата ќе се реализираат согласно објавените распореди на интернет страницата: prasanjaeksterno.dic.edu.mk. Резултатите ќе бидат објавени на 23.2.2015 година.
повеќе...Основци од „Кочо Рацин“ учествуваа на Меѓународен интернет проект „Мост дружбе“ во Русија
Учениците од II-2 одделение од OУ „Кочо Рацин“, во ноември и декември 2014 година активно и успешно учествуваа на Меѓународен интернет проект „Мост Дружбе“, организиран од Центар за телекомуникации и информатички систем на образование од Рославска област Русија. Ученикот Филип Ставрески доби сертификат за индивидуално учество, додека учениците Стефанија Алачкоска, Наталија Димоска, Андреј Јованчев, Теа Николоска,Тео Николоски, Анабела Стефаноска добија диплома на тема „А у нас так говорат“, возрасна категорија од 7 до 11 години за учество како тим на мултимедиа проект, „Културен поход“, а под менторство на наставничката Виолета Петковска.
повеќе...Од денес започнува второто полугодие
Oд денес, за сите ученици во основните и средните училишта започнува второто полугодие за учебната 2014/2015. По тринеделен одмор, учениците се враќаат во училишните клупи. Им посакуваме успех! WebOhrid
повеќе...Секоја вечер забава на градскиот плоштад
Со вечерни настапи на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ , продолжува предновогодишната програма, што ја организира Локалната самоуправа. Синоќа во времето од 18 до 20 часот со свои специјално подготвени културно- забавни програми настапија учениците од ОУ „Живко Чинго“ Велгошти, ОУ „ Христо Узунов“ и ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ . Вечерва, во редовниот термин од 18 до 20 часот, ќе настапат учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОУ „ Кочо Рацин“ и ОУ „Св. Климент Охридски“, а утре, петок, 26 декември, ќе може да се проследат програмите на Студиото…
повеќе...Ученици од ОУ „Христо Узунов“ одржаа презентација „Мојата прва средба со физиката“
Вчера во ОУ „Христо Узунов“ – Охрид се одржа настан насловен како „Мојата прва средба со физиката“. Учениците од осмите одделенија под менторство на наставничката по физика Вера Зороска, на специфичен, оригинален и несекојдневен начин ги претставија своите знаења и вештини стекнати на часовите по предметот физика. Имено, пред очите на многубројната публика, учениците експериментираа, презентираа и глумеа т.е. симулираа ситуации од секојдневниот живот поврзани со физичките закони. Учениците уште еднаш докажаа дека: Да се засака физиката не е случајност, да се знае физика не е реткост, но да се…
повеќе...Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе посетуваат стручна обука во Измир
Ученици од ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ во месец април ќе посетуваат двонеделна стручна настава во партнер училиштата во Измир, Република Туриција. ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ е вклучен во проектот „The future of Mechatronics“, финансиран од страна на програмата Еразмус+ на Европската Унија. Овој проект овозможува стручна обука на ученици во Измир, Р.Турција. Учениците ќе бидат придружувани, менторирани и надгледувани од страна на представници од партнер училиштата. За време на нивниот престој во Измир, тие ќе извршуваат практична настава кај партнер училиштето во Турција кое има сериозно искуство на полето на мехатрониката. Престојот…
повеќе...Се нижат успесите на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“
На регионалното првенство во футсал за ученици од средните училишта во западниот дел на Македонија, кое се одржа во Кичево учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ го освоија второто место. Во финалниот натпревар екипата на усгостителстоко училиште по израмнетата борба како во регуларниот така и во продолженијата натпреварот го загубија на пенали со што го освоија второто место.
повеќе...