Нови бомби ја нападнаа екологијата во градот и сето тоа започнува од училишните дворови. И покрај тоа што на нив пишува (на турски) дека не се наменети за деца под 14 години, овие „POP! Grenade“ бомби им се достапни на децата од сите возрасти. Некаде се продаваат за 5, некаде за 10 денари, а се активираат на следниот начин: Се ставаат на земја; Се стегаат или газат со што започнува хемиска реакција; Пукаат при што распрснуваат; Останува отпадот (ретко кое дете го собира отпадот и го фрла во корпа). Овие…
повеќе...Tag: училишта
Доделени признанија „Просветен работник на годината“ за учебната 2016/17
Сојузот на просветни работници на Македонија, по повод Светскиот ден на учителот 5 Октомври, вчера на свечената академија во Велес додели признанија „Просветен работник на годината“ за учебната 2016/17 година. Меѓу добитниците на признанија беше и Муамер Доко, професор по физика и математика и директор во ОУ „Братство-Единство“ Охрид, за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите во воспитнообразовната дејност. Оваа година, темата по повод Светскиот ден на учителот беше „Учење во слобода, зајкнување на наставниците“ со посебен акцент на знаењата и вештините и надлежностите на наставниот кадар…
повеќе...Чингоски: Превозниците велат бесплатен превоз, а на основ на тоа сакаат да остварат дебели профити
Сакам да ги информирам сите родители од основните училишта, поради екстремно високите цени на тендерите од страна на превозниците. Ние директорите од овие училишта бевме принудени истите да ги раскинеме, бидејќи ние доколку би ги прифатиле истите би сноселе кривична и морална одговорност, вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, Ѓоко Чингоски. „Поради тоа, од понеделник (4ти септември) нема да има слободен и организиран превоз за учениците. Само за споредба ќе укажам: Месечната карта за Велгошти изнесува 600 денари, а тие настапија со износ од над 2000 денари. За Лескоец…
повеќе...Црвен крст Охрид започнува собирна акција за училишен прибор „Даруваме радост на првачињата“
Со мотото „Даруваме радост на првачињата“ Црвен крст Охрид започнува собирна акција за училишен прибор потребен за првачињата кои потекнуваат од социјално-загрозени семејства од општините Охрид и Дебрца. Акцијата започнува од петок, 11.08.2017 и планирано е да трае до крај на месец август 2017 година. Црвен крст Охрид упатува апел до сите граѓани и фирми и ги повикуваат да се вклучат во оваа собирна акција и да подарат радост на првачињата. Потребен е следниот училишен прибор: • Тетратки со квадратчиња (А5 формат) • Тетратки без линии (А4 формат) • Тетратки…
повеќе...По 19ти пат „Трпејчко поле 2017“
Активот на спортски педагози од основните и средните училишта од општина Охрид и оваа година по 19-ти пат традиционално по завршување на учебната година изминатиот викенд реализираа тура „Трпејчко поле 2017 година“. Како во изминатите години така и оваа година активно учество имаа дваесетина професори по ФЗО и ССА. „Овој настан го реализираме со цел да се поттикнат младите да ја зачуваат животната средина, физичката активност, социјализација, дружење и многу други општествено корисни активности кои младите се помалку ги практикуваат. И покрај лошите временски услови на овогодишната тура беа реализирани…
повеќе...Утре започнува спортската манифестација „Охрид трчаТ“
Останува само еден ден од официјалниот почеток на долгоочекуваната спортска манифестација „Охрид трчаТ“. Неделата на трчањето, забавата и дружењето започнува утре со почеток од 10 часот со трката на 1000 метри за учениците од основните училишта поточно од деветто одделение. Трката ќе се одржи на Кеј Македонија во цела нејзина должина со старт во 10 часот пред споменикот на Ден Долард на самиот почеток на Кејот, а ќе заврши пред споменикот на Св Кирил и Методиј. Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ школската трка ја организира заедно…
повеќе...ОУ „Братство Единство“ победник на финалниот турнир во одбојка од училишните спортски лиги
На ден 16.05.2017 во рамките на училишните спортски лиги на сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше финален турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта. Учествуваа четири екипи, кои со заеднички сили се потрудија да одиграат најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа два натпревари, а постигнати беа следните резултати: Натпреварот за трето мессто се играше помеѓу учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани и ОУ „Живко Чинго“ Велгошти и како победник на овој натпревар е екипата на ОУ „Св.Наум Охридски“…
повеќе...Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа Државниот натпревар по физика
Денес во ОУ „Христо Узунов“ – Охрид се одржа Државниот натпревар по физика на кој учествуваа 320 ученици и околу 90 ментори – наставници. Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и оваа година продолжува со активностите за популаризација на науката, физиката и другите природни науки преку стекнување и унапредување на знаењата, способностите и вештините кај учениците, наставниците и граѓаните и унапредување и заштита на животната средина. На овој 41 републички натпревар по физика учество зедоа ученици од осмо и деветто одделение од основните училишта во Република Македонија. Натпреварот започна…
повеќе...Одигран турнир во одбојка во рамки на училишните спортски лиги за основни училишта
Вчера (10.05.2017) во рамките на училишните спортски лиги, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедно учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција кои со заеднички сили се потрудија да се претстават најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа повеќе натпревари, а постигнати беа следните резултати: ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани 2:0 ОУ „Христо Узунов“ ОУ „Братство Единство“ 2:0 ОУ „Св.Климент Охридски“ ОУ „Григор Прличев“ 0:2 ОУ „Живко Чинго“…
повеќе...Регионални смотри на хорови и оркестри 2017
Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржуваат Регионалните смотри на Хорови и Оркестри од Охрид, Струга и Кичево. Настапуваат околу 10 хорови и 10 оркестри. На натпреварот има и втора дисциплина – учество на Вокални и инструментални интерпретатори.
повеќе...