Современите аспекти и предизвици на лидерството во образовните институции

Просветните работници од охридските училишта, менаџерски тимови и наставничкиот персонал денеска во охридската Гимназија го проследеа интересното предавање на проф. д-р Константин Петковски. Како дел од тимот на Друштво за консалтинг и услуги од Битола, Петковски реализирал бројни обуки на актуелни теми за воспитно образовните организации. Како да се мотивираат вработените ако се знае дека надворешните награди како плата, еквивалент за оцена кај ученикот, имаат многу краток ефект? Поттикнувањето на внатрешната мотивација е далеку поефективно, но и позахтевно ако се знае дека тоа е различно за секоја личност и бара…

повеќе...

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов во големата спортска сала во оваа општина свечено го отворија државното првенство во одбојка за основни училишта во рамките на училишните спортски игри, кое од денеска па се до сабота ќе се одвива во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и ООУ “Гоце Делчев”, како домаќин на првенството. Директорот Спасески во своето обраќање ги поздрави сите учесници и присутни во салата и се осврна на сите активности кои Агенцијата за млади и…

повеќе...

Дали заминувањето во странство е најдобриот избор за младите охриѓани?

Денеска во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“- економско училиште Охрид беа одржани 4 интерактивни работилници со 80 ученици од училиштето. Целта на работилниците беше да се мотивираат младите да го видат потенцијалите на Македонија и можностите за себереализација и создавање бизниси во сопсвтената татковина. Иницијатор на активноста беше проф.Катерина Симјаноска, а истата беше реализирана со несебична поддршка од директорката Славица Костоска. Оваа активност беше дел од поголем проект – „Младинска информираност “ која се реализираше во соработка со Националниот Младински Совет на Македонија преку програмата на УСАИД. Поради покажаниот интерес во…

повеќе...

Спроведени активности за имплементација на Конвенцијата за правата на детето

Активностите за имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија кои веќе седум години по ред ги спроведуваат Коалицијата на невладини младински организации „СЕГА“ и Младински Совет Охрид, продолжија и изминатиот месец. Имено, децата правобранители имаа редовни средби со локалниот координатор и со педагошко – психолошките служби на своите училишта, на кои им беа предочени проблемите со кои се соочуваат учениците, начините за нивно решавање, креирање нови идеи и активности во рамките на самите образовни институции. Дел од членовите на Ученичката Заедница при С.С.О.У „Свети Кирил и Методиј”…

повеќе...

Вевчани домаќин на Државното првенство во футсал за основни училишта

Во периодот од 18 до 20 Февруари, општина Вевчани ќе биде домаќин на државното првенство во футсал за основни училишта, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, како домаќин на првенството. На отворањето на државното првенство ќе присуствува и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, а ќе учествуваат следните основни училишта: – ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани – ООУ „Аврам Писевски“ – Скопје – ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје – ООУ „Никола Карев“ – Кочани – ООУ „Тошо Арсов“…

повеќе...

Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”

ЈАВЕН ПОВИК Министерството за образование и наука распишува јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” I. УСЛОВ ЗА УЧЕСТВО На повикот може да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија. Училиштата кои ќе аплицираат за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” треба да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични…

повеќе...

Промовирано Упатството со Прирачник за одржување на училишните објекти

Министерот за образование и наукаАбдилаќим Адеми, заедно со Шефот на мисијата на УСАИД во Република Македонија Џејмс Стајн, денеска го промовираа Упатството со Прирачник за одржување на училишните објекти. Ова упатство настана како резултат на заедничката работа на Министерството за образование и наука, УСАИД, како и вработените во училиштата, потенцираше Адеми. „Овој проект, нема да биде само збир од препораки запишани на хартија. Во него се споделени знаења, искуства кои се резултат на долгогодишна работа. Сите тие ќе бидат имплементирани во работата на секое училиште. Благодарение на нашата соработка со…

повеќе...

Груевски: Осум нови училишта ќе бидат изградени годинава

Вкупно осум нови училишта ќе бидат изградени годинава. Две од нив се почнати минатата година, а уште шест се планира да бидат изградени во текот на оваа година, најави денеска премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот со индиската компанија, „БРГ“, премиерот Груевски оцени дека има голем прогрес во однос на изградбата и реконструкцијата на нови училишта. „Покрај ова, вложуваме многу и во реконструкција на училишта. Оваа година ќе има темелна реконструкција на 60 училишта и се вкупно со претходните реконструкции од минатите години ќе имаме…

повеќе...

Новогодишни работилници во училиштата во Дебрца

По повод новогодишните празници во сите училишта на територија на Општина Дебрца во рамките на проектот од МОН „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ се реализираа работилници за изработка на новогодишни украси. Во изработката со свои идеи учествуваа учениците, наставниците и родителите. Дел од изработените новогодишни украси учениците ќе ги подарат во Домот за стари лица во Охрид, а останатите новогодишни изработки ќе бидат изложени во училиштата и за истите ќе бидат организирани продажни акции.

повеќе...

Шест нови училишта ќе се градат в година, досега изградени 72

Трендот на изградба нови училишта во Македонија продолжува и натаму. За следната година планирана е изградба на шест нови училишта. Во моментов две се во фаза на изградба, а досега се изградени 72 целосно нови училишта. Тоа значи дека до крајот на идната година ќе бидат завршени вкупно 80 нови училишта, информира денеска премиерот Никола Груевски. Тој додаде дека покрај изградбата на овие нови 80 училишта, во изминатиот период комплетно биле реновирани 350. Од шесте кои се планираат за идната година, појасни Груевски, две произлегле од одењето на терен и…

повеќе...