Во врска со реализација на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“од ФЗОМ информираат за најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните. Комуникацијата во кол центарот се одвива со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта со осигуреници кои се хронично болни од кардиолошки, бубрежни заболувања и дијабетес. Досега, 10 тима на вработени во Фондот контактираа 10.000 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, од предвидените 154.531 осигуреник. „Можеме со задоволство да констатираме дека за овој период од месец дена,…
повеќе...Tag: фзом
Олеснување кај матичните лекари – побрза реализација на превенцијата Размена на податоци за резултати од лаборатории ЛУ 1 по електронски пат
Воведување на превенција за кардиолошки, нефролошки болести и дијабетес кај матичните лекари е со цел да се придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигуреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20% од капитацијата секој месец.…
повеќе...Нов софтвер на ФЗОМ за унапредување на административните процеси со здравствените установи
Една од стратешките определби на Фондот за здравствено осигурување е имплементирање на систем за електронско работење, воведување нови електронски услуги и комплетно исфрлање на хартијата oд секојдневното работење. ФЗОМ има склучено договори за соработка со 3231 правен субјект, јавни и приватни здравствени институции во Република Македонија. Денес, на прес-конференција беа соопштени новините во електронскиот систем на Фондот кој ќе значи унапредување и олеснување на административните работи во здравствените институции во РМ и секако, повеќе посветено време на нашите осигуреници. „Во изминатиов период, работевме на електронски систем кој ќе значи замена…
повеќе...Директорите на ФЗОМ Стефаноски и Рамадани во посета на подрачната служба во Струга
При денешната посета на подрачната служба во Струга, директорите д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани информираа дека се отворени четири нови аптекарски станици и една нова подвижна аптека. Новите 5 субјекти значат полесна достапност до лекови за 23.000 граѓани. Новите пет аптекарски субјекти се во следниве населени места: 1. Село Ливада, Струга; 2. Село Буково, Битола; 3. Село Слатино, Теарце, Тетово; 4. Село Морани, Студеничани; и 5. Една подвижна аптека во Валандово. Проектот Аптекарска станица во населено место во рурална средина е дизајниран да обезбеди континуирана примарна здравствена заштита на…
повеќе...Побрза исплата на надоместоци за боледувања и породилно отсуство
Проектот „Побрза исплата на надоместоци за боледувања и породилни отсуства“ е дел од програмата на Владата и е во надлежност на Фондот. Денес го промовираме новото софтверско решение со кое комплетно ја дигитализираме работата во делот на исплатата на боледувањата и породилните отсуства, процес кој ни овозможува ефикасна и прецизна обработка на податоците и што е најважно, побрза исплата на средствата по овој основ за нашите осигуреници, истакна директорот на ФЗОМ, д-р Сашо Стефаноски. Ова е уште еден проект со кој ги кратиме бирократските процедури а, директен бенефит од ова…
повеќе...Олеснување за матични лекари – помалку бирократија за поефикасна превентивна здравствена заштита
ФЗОМ денес заедно со Здружението на приватни лекари на Р.Македонија информираа за новиот софвтер, со кој ќе се унапреди и олесни работата на матичните лекари, а се однесува на полето на превенцијата која тие веќе ја спроведуваат. Во договорите со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања, кои се трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија. Овие превентивни мерки се спроведуваат на 1.3 милиони осигуреници на возраст од 14-65 години. „Целта на…
повеќе...ФЗОМ со донација на детски играчки во четири болници
Фондот за здравствено осигурување на Македонија преку бројните проекти кои ги реализира продолжува со грижата за своите осигуреници. Овој пат своето внимание им го посвети на најмладите, односно на дечињата кои се лекуваат во болниците низ републикава и на Детската клиника во Скопје. Во четири јавни здравствени установи, ЈЗУ Детска клиника – Скопје, ЈЗУ Институт за белодробни заболувања Козле, ЈЗУ Клиничка болница – Тетово и ЈЗУ Општа болница – Охрид, Фондот донираше играчки, камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца со кои ќе си играат децата пациенти на возраст од 2-12…
повеќе...Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија директно со осигурениците во Охрид
Директорите на Фондот за здравствено осигурување, д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани во рамките на денешната работна посета на подрачната служба на Фондот во Охрид, продолжија со реализација на започнатиот проект, во секоја од подрачните служби да се запознаат со реалните проблеми и потреби како на осигурениците, така и на вработените. Овие средби истовремено се и можност за изнаоѓање на моментални или системски решенија за надминување на проблемите и пропустите кои осигурениците или вработените ги детектирале. Подрачната служба на Фондот во Охрид има специфика во своето работење во летниот период,…
повеќе...Нова 21 аптека низ Македонија
Фондот за здравствено осигурување вчера потпиша договор со нови аптеки, аптекарски станици и подвижни аптеки, вкупно 21, на територијата на Република Македонија. За сите нови договoрни партнери, утврдени се квоти кои почнуваат да важат од 1 јули оваа година. Од новите потпишани договори, 5 се подвижни аптеки, чија цел е снабдување со лекови во рурални средини, со најмалку еден здравствен работник, фармацевтски техничар. Новите 5 подвижни аптеки се за следниве подрачја: село Врапчиште – Гостивар (покрива 29 населени места); село Ростуше, општина Маврово (покрива 64 населени места); село Могила, општина Могила (покрива…
повеќе...Директорите на Фонд за здравствено осигурување на Македонија директно со осигурениците
„Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“ е новиот проект на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, што почна да се спроведува од денес, 11 јуни 2015 година. Директорите заедно со стручниот тим ја посетија подрачната служба Скопје. Идејата на проектот е еден ден во неделата директорите на Фондот, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, заедно со стручниот тим, да поминат најголем дел од работното време, во подрачните служби на Фондот и работејќи заедно со вработените, на лице место да остварат непосреден контакт со осигурениците. Од „прва рака“ ќе може да се…
повеќе...