Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“ вечерва во живо и на интернет

Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“, кој ќе се одржи денеска во црквата Св.Софија со почеток од 21:00 часот, под диригентство на Летка Димовска- Полизова а во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе може да се следи во живо на веб страната на Охридско лето, www.ohridskoleto.com.mk. Сите љубители на музичката уметност, кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква , ќе може да уживаат преку преносот на интернет во делата од домашното и светско хорско творештво.

повеќе...

Концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ на „Охридско лето“

Целовечерен концерт на женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска- Полизова ќе се одржи вечерва во 21 часот, во црквата „Света Софија“, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. На програмата ќе прозвучат дела од домашното и светско хорско творештво. „Добра практика изминатите децении беше во рамките на фестивалската програма да има барем еден хорски концерт. И оваа година ваквата традиција ќе биде запазена, со настапот на женскиот хор „Св.Злата Мегленска“, на патрониот ден на Св. Климент Охридски, ќе исполни повеќе композиции од македонски и странски автори.…

повеќе...

Светската музичка атракција „Howard Gospel“ хор пристигна во Охрид

Светската музичка атракција, Американскиот „Howard Gospel“ хор попладнево пристигна во Охрид. Селекторката на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска прва им посака топло добредојде. Нивното единствено барање, веднаш по сместувањето, било да го видат стариот дел на градот бидејќи знаеле дека тука има многу културно историски знаменитости. Овој ексклузивен ансамбл ќе настапи на Антички на 4-ти, за роденденот на Охридско лето. „Howard Gospel“ хор, првиот академски хор од ваков вид во светот, е најголемата атракција за годинешново јубилејното издание на Фестивалот. Основан е во 1968 година, и е составен…

повеќе...

Црвен крст Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“

Црвениот крст од Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“ кој под мотото „Од децата за децата“ ќе се реализира на 31-ви мај (недела) во Охрид. Екипите на Црвен крст Охрид утре од 12:00 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ ќе ги продаваат влезниците за концертот, каде во 14:00 часот ќе се приклучат и „славејчињата“. Организаторот на настанот СТ-продукација, заедно со Црвен крст Охрид на децата од дневниот ценар „Зраци“ ќе им подари ЦД со детска музика од хорот „Златно славејче“ и сокчиња.

повеќе...

И ОУ „Христо Узунов” – хорски прваци на Македонија за 2014/2015

По вчерашниот напис за хорските смотри во Кавадарци, за кои информиравме дека прво место добиле учениците од ОУ „Братство -Единство“ Охрид, денес во редакцијата на WebOhrid пристигна известување од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид, при што информираат дека и тие го освоиле односно поделиле првото место. WebOhrid  исконтактира со директорот на ОУ „Христо Узунов“, м-р Тони Симоновски и ни го потврди писменото известување, при што ни ја даде и следната изјава : „Под диригентската палка на професорката Вера Булоска нашиот хор го освои првото место во државата. Ова е голем успех за нашето…

повеќе...

Прва награда за ОУ „Братство-Единство“ на државните хорски смотри во Кавадарци

На региoнaлните хoрски смoтри мулти-етничкиoт хoр при OУ „Братство-Единствo“ – Oхрид, под вoдствo на диригентот проф. Бурим Хидри, ја oсвoи првaта нaгрaдa сo високи 97 пoени и сo тoa стекнa прaвo на учество на Државните хoрски смoтри вo Кавадарци. „Пoсебнa блaгoдaрнoст кoн членoвите на хoрoт и проф. по музичко. Вo категорија на нaјдoбaр вoкaлист Блеона Доко, Селма Бајрам вo придружба на гитара на Јован Чифлигароски и вo кaтегoријa на нaјдoбaр инструментaлист Десарт Елмази, Деа Елмази и Диелза Елмази пoд ментoрствo на диригентот проф. Бурим Хидри освоија први награди.“– информираат од…

повеќе...

Седми хорски фестивал во Охрид

Вчеравечер беше отворено годинешното издание на Хорскиот фестивал што во Охрид се одржува по седми пат. Фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Хорската музика, посебно преку овој фестивал, без сомнение, години наназад го прават еден од најуспешните, најпријатните и најраспеаните градови во Европа.Овие денови благодарение на ова издание на Охридскиот Хорски фестивал, Охрид е збогатен со Вас, почитувани: Од Литванија, Романија, Србија, Босна, Полска, Хрватска, Германија, Унгарија, Украина, Бугарија, Турција, Естонија, Македонија … Благодарам што преку музиката и преку Вашето присуство, дел од Вашата култура ја…

повеќе...

Започнува седмото издание на охридскиот хорски фестивал

Охридскиот хорски фестивал е манифестација која оваа година, традиционално, ќе се одржи во Охрид по седми пат во организација на Охридскиот хор. Почетокот на фестивалот е закажан на 21.08.2013 (четврток), а ќе трае до 25.08.2013 (понеделник). На фестивалот се пријавени да учествуваат 34 хорови од 13 европски земји. Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите. Жири комисијата ќе ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Марчин Томчак (Полска),…

повеќе...

Канческа-Милевска се сретна со хорот „Св. Злата Мегленска“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска се сретна со диригентот Летка Полизова-Димовска и со дел од членовите на женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“, кој освои два златни и еден сребрен медал на Светските хорски игри во Рига, Летонија, што се одржаа од 9 до 19 јули. „Да се освојат два златни и еден сребрен медал во конкуренција со 500 хорови од целиот свет, верувам дека и за нив многу значи, а пред се за нашата држава и култура“, потенцира Канческа-Милевска. Таа додаде дека како досега и во иднина ќе…

повеќе...

Две први места и едно второ за хорот „Света Злата Мегленска“ во Рига

Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ освои  две први и едно второ место нa Светските хорски игри кои се одржаа од 9 до 19 јули во Рига, Летонија, европската престолнина на културата за 2014 година. Со поддршка на Министерството за култура, хорот „Света Злата Мегленска“, како единствен претставник од нашата земја, се натпреваруваше во три категории, и тоа: световна музика, црковна а-капела и фолклор. На овој значаен натпревар во хорско пеење нашите претставници  освоија први места во категоријата световна музика, во конкуренција од 34 хорови, и во категоријата фолклор, каде…

повеќе...