Во тек е кампањата за Неделата на борба против гладта (16-22 октомври) која се состои во собирање на прехрамбени производи и парични средства за подготовка и поделба на хуманитарни пакети на социјално најзагрозените семејства од Охрид. Собирната акција се реализира во соработка со Локалната самоуправа на Охрид. Утре пред седиштето на Црвен крст Охрид хуманитарни пакети ќе делат членовите на Лајонс клубот Десарети, кој традицинално, секоја година се вклучува во акцијата. Во среда, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорита на јавните претпријатија, во маркетот Тамаро (Билјанини извори) ќе донираат прехрамбени…
повеќе...Tag: црвен крст
Одбележан Светскиот ден за прва помош
Под мотото „Првата помош за и од децата” волонтерите на Црвен крст Охрид заедно со волонтери на Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис (НЗС) од Холандија денес на Градскиот плоштад во Охрид го одбележаа Светскиот ден за прва помош. На еден од поставените пунктови, парамедиците на Црвен крст Охрид и НЗС од Холандија презентираa сложени техники на извлекување на повреден од возило и укажување на прва помош и реанимација со најсовремена опрема и средства, додека на друг пункт најмладите волонтери на Црвен крст Охрид ги покажуваа стекнатите основни знаења…
повеќе...Со повеќе активности ќе се одбележи Светскиот ден за прва помош
Повеќе од 150 години, Црвениот крст и Црвената полумесечина е лидер во светот во обезбедувањето на обуки и реализација на активности од првата помош. Во 2014-та година, обучени се повеќе од 15 милиони луѓе низ целиот свет, во 116 Национални друштва на Црвениот крст. И Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата за првата помош особено меѓу младите. Токму затоа, со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош (10 септември), ден за промовирање на знаењата и вештините…
повеќе...Успешен настап на театарската група при Црвен крст во Требиње
Во четиридневна посета на Црвен крст Требиње, Босна се наоѓа делегација на Црвен крст Охрид составена од членови на Театарската група на волонтери при Црвен крст Охрид. Тие вчера, во Домот на млади во Требиње, имаа успешен настап пред публиката во Требиње со изведбата на театарската претстава „Фортуна“ во режија на Маре Ристеска и Весна Терзиоска. Оваа средба на младите во Требиње ќе ја зајакне и прошири постоечката соработка на двете организации на Црвен крст и во делот на театарската уметност со дефинирање на учеството на волонтери на Црвен крст…
повеќе...Започнуваат уписите за Бреинобреин едукативната програмата
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. „Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните…
повеќе...Собрани 401.598 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви
На сметката на Фондот на солидарност на Црвен крст до сега има собрано 9.630.333 денари (156.590 евра), а од донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 до сега се собрани 8.918.000 денари (145.008 евра) велат од таму за „Мета“. Со вчерашната уплата на „Пивара Скопје“ и компанијата „Кока Кола“ вкупните средства изнесуваат 401.598 евра. „Денеска ќе легнат парите од вчерашната уплата на „Пивара Скопје“ и компанијата „Кока Кола“, така што сумата на солидарната сметка денеска ќе биде многу поголема“ – ни изјави Александра Ристовски од Црвен…
повеќе...Традиционална крводарителска акција по повод празникот „Св.Климент“
Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св.Климент“, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа денес во периодот од 19-24 ч. и утре 9 август (вторник) во периодот од 9-13 ч. Се покануваат сите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.
повеќе...Охрид и Струга го одбележуваат Светскиот ден за борба против хепатитис
Во рамките на здравствено-превентивното делување, а по повод одбележувањето на 28 јули Светскиот ден за борба против хепатитис, под мотото „ЕДУЦИРАЈ СЕ ЗА ХЕПАТИТИС-ДЕЈСТВУВАЈ СЕГА!“ Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Црвен крст Струга ќе реализираат бројни едукативни активности и настани со цел подигање на нивото на свеста кај населението за заштита од Хепатитис. Активностите ќе се реализираа во Охрид и Струга: – јавна промоција на Светскиот ден за борба против хепатитис и делење на едукативни материјали и совети за превенција, заштита и лечење од хепатитис од…
повеќе...Импресивен настап на театарската група од Црвен крст Крагуевац на вториот ден од „Вдиши театар“
Импресивен настап на театарската група од Црвен крст Крагуевац на вториот ден од театарскиот фестивал Вдиши театар. Тие, вчера во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоа театарската претстава „Рингишпил“ преку која ја пренесоа семејната драма за соочување со губењето моќ, пари, за пореметени меѓучовечки односи и борба со болестите на зависност. Со својата умешност во театарската игра, младите актери ја приближија до публиката, реалната и препознатлива во секојдневието, сурова игра на судбината, каде наизглед совршен живот се претвора во кошмар и се’ се менува непрекидно и врти како рингишпил. Како…
повеќе...Со блескава изведба на претставата „Фортуна“ означен почетокот на театарскиот фестивал „Вдиши театар“
Синоќешната „Фортуна“ ги разбранува срцата и ги исполна градите на бројните охриѓани и гости кои вдишаа театар на сцената во предворјето на црквата Св.Софија. Со блескава изведба на претставата „Фортуна“, театарската група при Црвен крст Охрид, го означи почетокот на овогодинешниот меѓународен младински театарски фестивал ВДИШИ ТЕАТАР, кој во организација на Црвен крст Охрид по трет пат се реализира во Охрид, од 1-4 јуни. Под менторство на авторите на оваа претстава Маре Ристеска и Весна Терзиоска, младите талентирани актери-аматери на вешт начин, преку бројни комични сцени, ја пренесоа животната приказна…
повеќе...