Конкурс за спасители на отворени води

Црвен крст Охрид за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид распишува Конкурс за пријавување на кандидати за Курс за спасители на отворени води. Обуката која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во Охрид во периодот од 19-26 јуни 2017 година. Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови: да се на возраст не помлади од 18 години (да достават соодветен доказ-извод на родени, лична карта); да достават Потврда за здравствена способност за обавување…

повеќе...

Објавен литературен и ликовен конкурс „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“

Во рамки на одбележување на 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), а во пресрет на празникот на големите просветители Св.Кирил и Методиј, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува ЛИТЕРАТУРЕН и ЛИКОВЕН КОНКУРС на тема Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство. На конкурсот може да учествуваат сите кои ја сакаат ликовната уметност и секој вљубеник во пишаниот збор. Ликовните и литературните творби (во вид на проза или поезија) може да се доставуваат во просториите на…

повеќе...

Охриѓани уште еднаш ја искажаа хуманоста на концертот „Во потрага по изгубените насмевки“

Да се биде хуман во ова време на невреме во кое живееме, можеби за некого е тежок избор, но, не и за Охриѓани кои вчера ја исполнија големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и беа дел од хуманитарниот концерт „Во потрага по изгубените насмевки“ во организација на еден од шесте тимови на млади на ПХВ-ЦКА (Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција). Сплотени како еден, младите волонтери на Црвен крст Охрид, талентирани пејачи, музичари, танчери, актери, заедно со публиката пулсираа во ритамот на хуманоста и младоста…

повеќе...

Вечерва хуманитарен концерт „Во потрага по изгубените насмевки“

Волонтерски тим на млади на ЦКА-ПХВ програмата при Црвен крст Охрид под мотото „Во потрага по изгубените насмевки“ ќе организираат хуманитарен концерт кој ќе се одржи вечерва (понеделник, 10.04.2017) со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“, а со цел средствата од продадените влезници и од донациите во собирните каси на Црвен крст Охрид ќебидат наменети за помош на самохрана мајка од Охрид со две малолетни деца. На концертот учество ќе земат повеќе талентирани млади од Охрид, а дополнително за убавата атмосфера ќе се погрижат Студиото за танц „Соната“…

повеќе...

Црвен крст им додели признанија на најзаслужните крводарители во Охрид

Црвениот крст го одбележува 17 ти март, Денот на крводарителството во Р.Македонија и Денот на Црвениот крст на Р.Македонија. По тој повод денес во просториите Црвен крст Охрид, се одржа свеченост, на која беа доделени признанија на најзаслужните крводарители. „Задоволство ни е да кажиме дека минатата 2016 година, на ниво на Македонија, Програмата за крводарителство е надмината, значи собрани се 55.100 единици крв, а според Програмата потребни се 55 илјади единици за задоволување на потребите на здравствените установи. Секако дека голем придонес имаат 35-те Општински организации во Р.Македонија меѓу кои е и…

повеќе...

Црвен крст Охрид денес ќе врши бесплатни здравствено-превентивни прегледи во рамки на Неделата на срцево-садови заболувања

Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид со своите медицински тимови, денес од 13:30 до 15:00 часот на плоштадот Крушевска република (Чинар) ќе врши бесплатни здравствено-превентивни прегледи-мерење на крвен притисок и ЕКГ, а стручните тимови ќе даваат корисни совети за превенција и заштита од срцево-садови заболувања. Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според податоците на Светстката здравствена организација, секоја година од болести на циркулаторниот систем умираат околу 17 милиони луѓе. Во Европа околу…

повеќе...

Со марш и атлетски крос во Охрид ќе се одбележи Денот на ретките болести

Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици, и оваа година го одбележува Денот на Ретки Болести – последниот ден од месец февруари. Денот се организира во рамки на Националната Алијанса за Ретки Болести на Р.Македонија, која беше основана 2014-та година во месец мај од страна на 12 организации (ХАЕ Македонија, НОРА – ревматизам и артритис, Дајте ни Крилја, ХЕМОЛОГ, Здружение за Хемофилија, Момент плус – Пулмонална Хипертензија, Трисомија 21 – Даун Синдром, Кокичиња – ретки невролошки заболувања, Здружение ЕСЕ, МАКУК – Крон и Улцерозен Колитис, Нова Искра) и…

повеќе...

ОГЛАС за издавање под закуп на деловен простор

Се издава во закуп деловен простор – сопственост на Црвен крст Охрид. Деловниот простор се наоѓа на ул. Гоце Делчев бр. 32 во Охрид и има површина од 22 м². За издавање на деловниот простор под закуп ќе се спроведе постапка со прибирање на затворени понуди. Почетниот износ на закупнината за еден месец во постапката за издавање на деловниот простор под закуп изнесува 200 евра во денарска противвредност. На огласот можат да се пријават сите заинтересирани домашни правни лица кои ќе достават тековна состојба од Централен регистар на РМ, во…

повеќе...

Црвен крст Охрид со низа активности за Водици, но и со препораки до скокачите по крстот

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. И оваа година во пресрет на празникот, на 18.01.2017 (среда), традиционално Градончалникот на општина Охрид-Локалната самоуправа обезбеди и во соработка со Црвен крст Охрид ќе подели 50 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 50 социјално загрозени семејства од Охрид. На 18.01.2017 г. (среда) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и…

повеќе...

Утре во ФТУ ќе се одржи крводарителска акција „Разбуди го крводарителот во себе!“

Црвен крст Охрид ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2016 година, со организирање на редовна крводарителска акција на ФТУ Охрид која ќе се реализира утре, 20 декември (вторник) од 10:00 до 14:00 часот во Факултетот за туризам и угостителство. Од Црвен крст Охрид ги покануваат студентите од двата факултети во Охрид, да учествуваат на крводарителската акција, но и сите останати хумани луѓе кои сакаат и можат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот.

повеќе...