Основците од „Григор Прличев“ учеа за едрењето

Денес во дворот на ОУ „Григор Прличев“ инструкторите од школата за едрење „Aqua ice“ од Охрид под мотото „Учиме да едриме“ на учениците им одржаа предавање. „Започнаа со најважното–сигурност при пловењето, за понатака на учениците да им ги објаснат сите постапки на овој интересен спорт. Учениците без запознаени дека уште од седум години, обучени, можат да пловат на едрилица од типот која им беше презентиран. Едрењето може да биде задоволство за сите охриѓани, езерото со сета своја убавина е дар за сите нас, најмногу за децата кои во летниот период…

повеќе...

Првачињата од ОУ „Христо Узунов“ на прошетка со брод

Учениците од  прво одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните учителки Лидија Цветковиќ и Наташа Групчева Пупиноска, беа на прошетка по водите на Охридското езеро со бродот „Кристина Ројал“. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците практично да ги применат знаењата од сообраќајот. Среќни и задоволни од нeзаборавното патување, учениците се упатија кон стариот дел на градот, кон нови доживувања. Од ОУ „Христо Узунов“ упатуваат голема благодарност до Капетанијата на град Охрид која им ја…

повеќе...

Одржано предавање за едрењето во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа предавање за едрењето – спорт со кој охриѓани се гордеат. Учениците од I до VI одделение се запознаа со вештините на едрењето од инструктори од школата за едрење „Aqua Ice“ од Охрид. Под мотото „Учиме да едриме“ голем број ученици ја имаа можноста да се запознаат со овој спорт.

повеќе...

Ученици и професори од Белгија во посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Во рамките на соработката со туристичката агенција „Ohrid Holidays“ во двонеделна посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“ беа професори и ученици од Белгија. На самото пристигнување преку културно-уметничка програма на гостите им беше презентирано училиштето, а потоа градот Охрид и Македонија. За време на посетата учениците се запознаа како се одвива теоретската и практичната наставата во училиштето, заедно подготвуваа специјалитети од трациционалните кујни и ги послужуваа, при што си разменија непроценливи вештини, знаења и драгоцено искуство преку корелација на образовните профили: келнер, готвач, угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и…

повеќе...

Проектот „Садница плус“ во ОУ „Григор Прличев“

Денес учениците од ОУ „Григор Прличев“ се вклучија во проектот „Садница плус“. Водечка идеја на овој проект е секој ученик преку сопствено искуство да се почуствува одговорен, активен, како дел од целина која заеднички функционира, a исто така да се поттикне индивидуалната одговорност и истовремено да се зајакне синергијата и заедништвото. „Проектот има едукативна и еколошка функција. Нашето училиште доби семе од ела (Abies alba) за секој ученик, плакати за училница, како и упатство за секој наставник. Посаденото семе нашите ученици ќе го чуваат во училниците, за да можат учениците…

повеќе...

Зошто да го запишете Вашето дете во ОУ „Св.Климент Охридски“?

Зошто да го запишете Вашето дете во ОУ „Св.Климент Охридски“? Затоа што нашето училиште е единствено во градот кое има изготвено Правилник за писмено проверување, според кој секој родител писмено се известува за писменото проверување на своето дете по сите предмети, најмалку три недели пред тоа да се спроведе. Родителите секогаш знаат за: точниот датум, темите кои ќе се оценуваат, како и дека не можат да се спроведат повеќе од две писмени работи во една недела. Тоа нуди можност секој  родител, во секој момент, да знае по кој предмет, во…

повеќе...

Првачиња од ОУ „Христо Узунов“ го посетија аеродромот „Св.Апостол Павле“

Учениците од I одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните учителки Лидија Цветковиќ и Наташа Групчева Пупиноска, вчера беа во посета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците да се запознаат со работата на оваа организација. До аеродромот учениците стигнаа со двокатниот автобус од ЈП „Билјанини Извори“. Со работата на аеродромот беа запознаени од вработените на Аеродромот, а имаа и прилика да го следат слетувањето и полетувањето на…

повеќе...

Велигденска работилница во ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани

По повод претстојните велигденски празници учениците од второ одделение од ОУ „Св.Наум Охридски“, Пештани, заедно со наставничката Марина Шурбановска и своите родители организираа Велигденска работилница. „На работилницита сите заедно изработивме велигденски украси кои утре (среда 8-ми април) ќе бидат дел од Велигденскиот продажен панаѓур кој го организира нашето училиште со почеток од 11:00 часот на сред село во Пештани. Вредните рачиња на малите вторачиња, нивната креативност како и креативноста на нивните родители се заслужни за сите прекрасни Велигденски украси кои ги направија со многу љубов и труд.“ – велат од училиштето.

повеќе...

Одржана „Априлијада“ во Лескоец

По повод Денот на шегата (1-ви април), учениците од Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец одржаа „Априлијада“ каде прошетаа маскирани низ улиците во Лескоец, а играа и повеќе игри во дворот на училиштето. Фотографии: Фото Рекс

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ домаќин на средношколци од Словенија

Во рамките на Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци, две недели ОУТУ „Ванчо Питошески“ беше домаќин на пет ученици и еден професор-ментор од партнер училиштето – Центарот за биотехника и туризам од Ново Место – Словенија. Учениците и професорите заедно ги разменуваа искуствата и стекнатите знаења. Готвачите во кабинетот по готварство подготвуваа и сервираа различни видови храна: пилешко, свинско и телешко месо, јадења на скара, рибина чорба, риба на охридски начин, селско месо и тавче гравче. Во кабинетот по угостителско послужување, келнерите: составуваа мени за банкет од протоколарен карактер,…

повеќе...