Најавена изложбата на млади уметници

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција по повод претстојната изложба на делата од младите уметници. Станува збор за Проект кој Агенцијата за млади и спорт кој се реализира по втор пат во насока на поддршка на младите талентирани уметници. Проектот има за цел поттикнување на младите луѓе да ги покажат своите дела пред јавноста, но и да ги мотивира и понатаму да творат и да го развиваат својот талент. Согласно критериумите на конкурсот пристигнатите дела се од 5 различни дисциплини: сликарство, скулптура, графика, графички…

повеќе...

Прв Меѓународен шаховски турнир „Шах без граници“

Во Скопје вчера се одржа Првиот меѓународен шаховски турнир „Шах без граници“ во чест на поранешниот шахист Тодор Митров – Тиката. На турнирот учествуваа повеќе од 200 шахисти, од кои 10 во женска конкуренција. „Иницијативата на семејството е за поздрав и тоа што успеа да собере голем број шахисти од Македонија и околните држави на еднодневен турнир. Овие турнири се прв чекор за создавање на успешни македонски натпреварувачи, кои со своите резултати можат да се стекнат со некои од стипендиите што ги доделува Агенцијата за млади и спорт. Четворица македонски шахисти…

повеќе...

АППТ на саемот за туризам во Лондон со низа активности за помош и поттик на домашниот и странскиот туристички промет

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Макeдонија (АППТ) по втор пат ја претставува туристичката понуда на Македонија на најголемиот саем за туризам во Лондон, Англија (WTM). Делегација од Македонија предводена од Директорот на АППT, Лела Крстевска, за време на свечената вечера организирана од CNN оствари бројни средби со Директори на владини агенции за туризам од Нигерија, Гватемала, САД, Унгарија, Белорусија, Словачка, Сејшели и др. На овој глобален настан искористена е приликата да се покани новинарот на CNN,  Ентони Борден (автор на книги за кулинарство и светски познати…

повеќе...

Јајцата од узвоз и од домашно производство се безбедни

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија најостро ги демантира објавите во дневните весници Вест и Утрински весник од 02.11.2015 година со наслови „Во Македонија се увезуваат небезбедни српски јајца“ и „ Небезбедни и препакувани јајца од Србија се продаваат во Македонија“. Агенцијата за храна и ветеринарство одговорно и аргументирано тврди дека на македонскиот пазар нема небезбедни јајца, ниту од Република Србија ниту од домашно производство. Јајцата кои што се увезуваат од Република Србија ги исполнуваат сите безбедносни критериуми, а тоа е потврдено со взаемно признатите ветеринарни сертификати за…

повеќе...

Македонските каратисти ќе учат од најдобрите

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денес беше домаќин на јапонска делегација предводена од вториот секретар на Амбасадата на Јапонија во Виена, Тцујоши Кавахара и двајца врвни експерти во каратето. Посетата на нашата држава е резултат на одличната соработка на карате федерацијата на Македонија со претставници и вистински репрезенти на овој спорт на Јапонија. Амбасадата на Јапонија во Виена (која ја покрива и Македонија) ќе организира демонстрација и тренинг за карате на 3 и 4 ноември 2015 во Скопје, со двајца врвни мајстори од Јапонија, Масааки Јокомичи…

повеќе...

Агенцијата за цивилно воздухопловство доби софтвер за брзо, ефикасно и безбедно прибирање и обработка на податоци

Зголемена ефикасност во работењето, брзо, безбедно и лесно прилагодливо управување со податоци, во функција на поголема продуктивност, флексибилност и сигурност во работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, се само дел од придобивките на новиот систем за унапредување на контролата и инспекцискиот надзор на вработените во АЦВ, кој е во фаза на подготовка и наскоро треба да биде имплементиран во соработка со ДУНА компјутери. Системот ULTIMA® CRM, преставува унифициран и интероперабилен систем, прилагоден на потребите на АЦВ, во функција на прибирање и користење на хетерогените податоци на инспекторите од терен и…

повеќе...

АХВ и македонско-руската Стопанска комора ја официјализираа соработката

Развој на трговските и економските врски меѓу Република Македонија и Руската Федерација преку разменување на информации од областа на трговијата, индустријата и услугите, со цел унапредување на билатералната соработка, се основите на Меморандумот за соработка кој денес го потпишаа Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонско- Руската стопанска комора. Со овој документ, се официјализира досегашната плодна соработка на Агенцијата со ова коморско здружение, која, како што истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски на денешниот семинар за законската регулатива, правилата и прописите за извоз на млеко…

повеќе...

Едукативни работилници за HACCP и за новините во означувањето и во Охрид, Струга и Битола

По вчера одржаната регионална работилница за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти и за новините во означувањето на храната, која за операторите со храна од Струга и Кичево се одржа во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Стопанската комора на Македонија, денес, едукативна работилница се одржува и во Охрид. Со серијата едукативни работилници за новините кои произлегуваат од Законот за безбедност на храната и за интензивирање на HACCP системот за безбедност на храната во угостителските објекти во Република Македонија, денес се одржува едукативна работилница и за…

повеќе...

Промовиран новиот GS1 каталог за брз пристап до матичните податоци за производите

Компаниите и надлежните институции заеднички да креираат регистар на македонските производи по светски стандарди. Тоа ќе овозможи поголема конкурентност, додадена вредност, сигурен пласман на домашниот и странските пазари, промоција, видливост, следливост, заштита на брендот… Ова е пораката од презентацијата на комплетно редизајнираниот GS 1 каталог на која беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и GS 1 Македонија. GS (Глобал стандард) 1 каталогот е алатка која овозможува брз и едноставен пристап до матичните податоци за производите. Моментно брои 2.500 македонски производи на повеќе од…

повеќе...

Прием на европскиот шаховски вицешампион во Агенцијата за млади и спорт

Носителката на златен медал на првата табла, Антоанета Стефанова придружувана од првите луѓе на шахот во Македонија беа гости во Агенцијата за млади и спорт. Поводот е освоеното сребро на женскиот тим Гамбит Асеко на Европскиот клубски куп во шах кој се одржа во Скопје. „Добрата организација на Европското клубско првенство во шах уште еднаш покажа дека во Република Македонија се негува шахот и спортот воопшто и дека Македонија е шаховска Мека, но исто така е показател дека шаховските работници уживаат огромно реноме во светските шаховски кругови. Во минатото имавме…

повеќе...