Објавен водичот за новите ЕУ правила за означување на храната

Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на институциите од областа на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика“ од ИПА програмата за 2009 година, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и испечати водич за новите правила на означување на храната во Европската унија. Водичот е објавен на Македонски и Албански јазик и е наменет за операторите со храна кои извезуваат на европскиот пазар за да им помогне подобро да ги разберат новините во означувањето кои во ЕУ стапија на сила на 13 декември минатата година. Основна цел на водичот…

повеќе...

Македонија земја на езера и богато културно наследство претставена на саемот за туризам „Brussels Holiday Expo” во Брисел, Белгија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот, Кристијан Џамбазовски од 05 до 09 февруари 2015 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам Brussels Holiday Expo во Брисел, Белгија 2015 година. Интернационалната туристичка берза “Brussels Holiday Expo” годинава е форум за презентација на 100 земји и повеќе од илјада излагачи од областа на туризмот. На овој саем традиционално е претставена Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што на пазарот во земјите на Бенелукс се претстави како привлечна и атрактивна…

повеќе...

Сопствениците на зајаци, глувци и глодари да пријават сомнеж за туларемија кај надлежниот ветеринар

Заради спречување на евентуално пренесување на болеста туларемија, од која кај нас се регистрирани 3 заболени случаи, а во соседно Косово е прогласена епидемија, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на домашни животни и миленици (особено на зајаци, глувци и други глодари), кај надлежниот ветеринар задолжително да ги пријават животните кои покажуваат невообичаени симптоми на треска, слабеење, оток на жлездите, рани на кожата и други симптоми. Станува збор за болест опасна за луѓето, чии носители се стаорците (глодари), зајаци и но и други диви и домашни животни. Туларемијата се…

повеќе...

Владата ќе им помогне на земјоделците погодени од поплавите

Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, завчера ги посетија поплавените подрачја во општина Новаци,остварија средба со градоначалникот Лазар Котевски, претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров и одржа состанок со раководството на земјоделскиот комбинат “Пелагонија”. „Заменик министерот го запознавме со актуелната состојба, каква е ситуацијата со поплавените подрачја, оштетувањата, претрпените штети и слично, ја скенираше состојбата со барањата и изјавите кои земјоделците секојдневно ги поднесуваат во општина Новаци. Досега има поднесено околу 250 барања за увид врз направените…

повеќе...

13 февруари – Светски ден на радиото

13 февруари е Светскиот ден на радиото, ден кога радиото се слави како медиум кој ги едуцира луѓето, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури. Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото, да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓунарорната соработка меѓу радиодифузерите.

повеќе...

Полетилиште за параглајдери во Галичица

Планината Галичица, која е една од најатрактивните локации за летање со параглајдер во Македонија, во текот на оваа година ќе добие уредено полетилиште и слетилиште за параглајдери. Ова е предвидено во рамки на проектот „Параглајдинг туризам“ кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го реализира во соработка со УСАИД. „Ќе се пристапи кон уредување на полетилиштето со поставување на информативни табли и патокази, како и поставување на ветроказни и метеролошки станици како дел од завршувањето на првата фаза“, пишува во Програмата на АППТ предвидена за 2015 година. Освен полетилиштето…

повеќе...

Можност за промоција на приватен туристички сектор на macedonia-timeless.com

Агенцијата за промоција и поддршка на турзмот на Република Македонија официјално ја пушти во употреба новата интернет страна за промоција на туризмот на Републка Македонија – macedonia-timeless.com/macedonia.travel. Оваа интернет платформа нуди можност и за промоција на приватниот туристички сектор. Со следење на чекорите наведени подолу ќе можете самостојно да ги објавите податоците за вашата компанија: 1. Внесете ги податоците за вашите услуги во Promote your service делот на веб страната; 2. Откако ќе бидат одобрени од аминистраторот на страната, истите ќе бидат веднаш објавени на истата.

повеќе...

Заштитете ги и животните од поплави

Постапки за заштита на животните за време на поплави Имајќи ја во предвид состојбата со поплавите на територија на Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви препораки до сопствениците и одгледувачите на животни во поглед на заштитата и благосостојбата на животните. -Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени во случај на елементарна непогода и да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните. -Сопствениците и одгледувачите на животни треба постојано да ја следат метеоролошката состојба, особено предупредувањата од…

повеќе...

Како да ја препознаете болеста авијарна инфлуенца ( птичји грип)

ШТО Е АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА (АИ)? Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во производството на птици (кокошки, мисирки, потполошки, бисерки, итн) и ограничувања во увозот и извозот живи птици и производи од живина. Кај домашната живина, птици кои се држат како миленичиња и диви птици, болеста предизвикува висока стапка на смртност. Постојат многу видови на вируси на Авијарна Инфлуенца кои генерално може да се поделат во две категории: – ниско патогена Авијарна Инфлуенца…

повеќе...

Постапка за утврдување на листа на воздухопловни стручњаци за 2015 година

Согласно членот 137 од Законот за воздухопловство, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе спроведе постапка за утврдување на листата на воздухопловни стручњаци за 2015 година. Критериумите за исполнување на условите за впишување во листата на воздухопловни стручњаци се утврдени со Правилникот за критериумите за овластување на лица за испитувачи во листата на воздухопловни стручњаци (Службен Весник на Република Македонија бр. 44/2007). Потребно е заинтересираните лица кои ги исполнуваат потребните услови да достават апликација/барање за впишување во листата на воздухопловни стручњаци за 2015 година, најдоцна со 15.02.2015 година на адреса: Агенција за…

повеќе...