Првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот м-р Зоран Поповски, заменик директорот Абдулезел Догани, \ во придружба на деканот на Факултетот за ветринарна медицина Дине Митре и професори од таму, денеска го посетија фармерот Шериф Лимани од кумановското село Сопот,во чие одгледувалиште од лисетриоза угинаа грла 250 овци.Целта на посетата беше согледување на состојбата на фармата по преземањето на преземените мерки за спречување на ширење на листериозата и за санирање на последиците. Како што пренесува МИА, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповскипри посетата посочил дека…
повеќе...Tag: агенција
Наградени најдобрите дела од проектот на Агенцијата за млади и спорт „Млади уметници“
Проектот има за цел поддршка на младите талентирани уметници, како и поттикнување на младите луѓе да ги покажат своите дела пред јавноста, но и да ги мотивира и понатаму да творат и да го развиваат својот талент. -По успешно реализираниот проект „Млади поети“ ова е втор проект со кој Агенцијата за млади и спорт дава целосна и директна поддршка на младите уметници во насока на поттикнување на нивниот уметнички и креативен потенцијал. Се со цел за нивна понатамошна дополнителна стимулација и мотивација да ги промовираат нивните уметнички дела во јавноста,…
повеќе...Забрана за увоз и транзит на живина и диви птици, производи и нуспроизводи од живина и диви птици од регионот на Бургас, Бугарија
По добиеното известување од бугарските ветеринарни власти за појава случај на птичји грип H5N1во регионот на Бургас во понеделникот и официјалната потврда за болеста добиена од Европската комисија во текот на вчерашниот ден, Агенцијата за храна и ветеринарство со цел да се спречи евентуално пренесување на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Македонија, изрече мерка времена забрана за увоз и транзит на живина и диви птици, како и производи и нуспроизводи од живина и диви птици ( вклучително и јајца) по потекло од Бугарија, зона под надзор во радиус од…
повеќе...Платежната агенција се подготвува за новата ИПАРД 2 мерка
Со 250.000 евра до мај годинава Платежната агенција ќе се подготвува за акредитација за новата ИПАРД 2 мерка – инвестиции во руралната инфраструктура. Станува збор за твининг проект финансиран од ИПА 2010 што официјално почнува денеска, а ќе се спроведува во соработка со словенечката Агенција за земјоделски пазари и рурален развој. „Подобрувањето на руралната инфраструктура е еден од највисоките приоритети на Владата за што придонесува за подобрување на стандардот на земјоделците, на пазарната конкурентност и ефикасност, како и за зголемување на заштитата на животната средина и вработувањето во неразвиените подрачја“,…
повеќе...Македонија земја на богато културно наследство промовирана на саемот за туризам во Истанбул, Турција
Успешно по четврти пат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот учествуваше на “ЕМИТ” саем за туризам во Истанбул, Турција од 22-25ти Јануари, 2015. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година имаше успешно саемско промовирање, со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда добро позната на турските туристи. Македонија земја на богато културно наследство, Македонија како земја на Кемал Ататурк и неговиот татко Али Риза ефенди кој е роден во Коџаџик, Дебар. Туристичкото промовирање е уште една одлична можност за…
повеќе...Македонија како земја на езера и квалитетно вино промовирана на саемот за туризам во Утрехт, Холандија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот според програмските активности за 2015 година од месец јануари започнува со промовирање на туристичките потенцијали на Македонија и привлекување на потенцијални туристи со учество на интернационалните саеми за туризам. Со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда, четврта година по ред Македонија учествува на саемот за туризам во Утрехт, Холандија од 13-18ти Јануари, 2015. Саемот за туризам во Утрехт, “Vakantiebeurs” е место за повеќе од 1.400 егзибитори од целиот свет и повеќе од 100.000 посетители за…
повеќе...Претседателот Иванов и директорот Спасески во посета на репрезентацијата во Катар
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, кои деновиве се во посета на Катар, денеска имаа средба со ракометарите на која средба им посакаа среќа пред почетокот на Светското првенство. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска ги посетија македонските ракометни репрезентативци во хотелот „Мериот ренесанс“ во Доха. Пред заедничкиот ручек, заедно им посакаа успешен настап на Светското првенство во Катар и да ја израдуваат нацијата, обраќајќи им се со зборовите:…
повеќе...Избрани најдобрите спортисти за 2014 година
Автомобилистот Игор Стефановски – Иџе е избран за спортист на Македонија во организација на Агенцијата за млади и спорт. Тој во оваа календарска година успеа да стане европски шампион на ридски патеки. „Благодарноста за ова признание не можам да ја искажам со зборови. Ова е за мене поголемо и од европската титула затоа што доаѓа од мојата држава, затоа што доаѓа како избор од спортски работници и од новинари и медиуми кои цело време ме поддржуваат. Се надевам дека успехот на интернационалната сцена ќе го повторам и следната година“, –…
повеќе...Промовирани 6 летоци наменети за информирање на потрошувачите за означување на одредени прехранбени производи
Шест нови летоци за информирање на потрошувачите за означување на одредени прехранбени производи, во трговскиот центар „Сити мол,” промовира денес Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија. Станува збор за дел од активностите на Агенцијата за едукација и информирање на граѓаните за прашања кои се однесуваат на безбедноста на храната. Како што истакна на промоцијата директорот Зоран Поповски, покрај тоа што ги донесува прописите од областа на безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува и контролата, а неколку години наназад активно…
повеќе...Агенцијата за храна и ветеринарство го доби ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија го доби ISO 9001:2008 сертификатот за управување со квалитет, што претставува значаен меѓународен сертификат за управување со квалитетот во организацијата. Придобивките од воведувањето на стандардот ISO 9001:2008 во работењето е од големо значење за Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, бидејќи тоа ќе придонесе институцијата да добие додадена вредност во однос на квалитетот на услугите што ги нуди, а воедно со системска контрола ќе се подобри ефикасноста и ефективноста на работењето се со цел да бидат задоволени потребите и очекувањата…
повеќе...