Почнувајќи од 19 Ноември оваа година, граѓаните на Република Македонија ќе можат да патуваат со своите домашни миленици во државите на Европската Унија без претходно да извршат тест за проверка на имунитетот од извршената вакцинација против беснило. Со тоа за цели три месеци се намалува периодот потребен за комплетирање на документацијата потребна за патување. Имено на 30 Октомври Европската Комисија донесе Регулатива (ЕУ) бр.1160/2014 со која Република Македонија се вклучува на листата на територии и трети земји кои ги исполнуваат условите пропишани од страна на Европската Комисија за контрола на…
повеќе...Tag: агенција
Директорот на АМС Спасески се сретна со Сергеј Клемен, супервизор на Европската боксерска федерација
Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со Сергеј Клемен од Белорусија, кој во Македонија е во функција на супервизор на 44-от меѓународен боксерски турнир „Златен Гонг“. На средбата се разговараше за за искуствата и успесите на македонските спортисти и идните насоки на дејствување во развојот на македонскиот бокс. Спасески го запозна Клемен со вложувањата во македонскиот спорт и во спортската инфраструктура. Воедно, Спасески дополни дека Македонија, може да се пофали со најмногу освоени медали во боречките спортови, особено во боксот. Сергеј Клемен истакна дека…
повеќе...Лимоните на македонскиот пазар се безбедни
Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија дека се увезени небезбедни лимони од Република Турција. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во Република Македонија, вклучително и на увозот на лимони од Турција со земање на мостри и вршење на лабораториски испитувања. Досега ниту со еден резултат од испитаните мостри цитрусно овошје, вклучително и на лимони кои во државава се…
повеќе...HACCP презентиран и пред претставниците на казината и бањските лекувалишта
Во соработка со претставници од детските градинки, угостителите, хотелиерите, казината и бањските лекувалишта, неделава, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, се одржаа деветнаесеттата и дваесеттата работилница за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти. Со последните две работилници, на кои присуствуваа над 300 лица, со основите на HACCP системот за безбедност на храната, важноста од негово имплементирање и одржување, се запознаа операторите од Гевгелија, Дојран и Богданци. Работилниците кои се одржаа неделава во овие населени места, се дел од Акцискиот план на Агенцијата за храна и ветеринарство…
повеќе...Прием на македонската карате репрезентација по повод големиот успех на Балканското првенство
По повод големиот успех и освоените девет медали ти на неодамна одржаното Балканското првенство во Охрид, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска организираше прием за карате репрезентацијата на Македонија. „Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а тоа се докажа и на последната Балканијада. Со овој огромен успех, македонското карате ја испишува светлата страница во историјата на Балканските шампионати,“ изјави Спасески. Директорот на АМС изрази надеж дека нашите каратисти и на следното големо натпреварување, а тоа е Светскиот шампионат во Германија ќе…
повеќе...Започна националната кампања против користење недозволени допинг супстанции
Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески на денешната прес-конференција ја најави новата кампања за подигнување на свеста за ризикот од користењето на допингот во спортот. Станува збор за проект добиен со грант од „Фондот за елиминација на допингот од спортот“ на УНЕСКО во висина од 20 илјади евра. АМС во соработка Националната анти-допинг почнувајќи од денеска ќе реализира низа работилници, семинари-едукативни предавања за штетноста од користењето на забранети супстанци. „Целта е низ ваквите семинари и работилници, како и преку печатените материјали и медиумската кампања да се…
повеќе...Успешно завршени преговори за извоз на македонското јагне
Во периодот од 08-14 октомври 2014 година, во Република Македонија престојуваше делегација на Народна Република Кина предводена од Заменик генерален директор на Сектор за регистрација при Институтот за сертификација и акредитација, во чиј состав беа и Заменик директорот на Сектор за надзор на храна при Биро за гранична инспекција и карантин, и Генерален директор на Институт за инспекција и карантин. Цел на посетата беше техничка контрола, односно запознавање со системот за безбедност на храна од животинско потекло во Република Македонија, во делот на официјалните контроли од страна на Агенцијата за…
повеќе...И годинава висока оценка од Европската комисија за Агенцијата за храна и ветеринарство
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и оваа година доби висока оценка од страна на Европската комисија за напредокот во евро-интеграциските процеси за периодот октомври 2013-септември 2014 година, за Поглавјето 12 кое се однесува на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. Во претходните извештаи од страна на Европската комисија беше истакнато дека е обезбедено високо ниво на усогласеност со европското законодавство и политиките, вклучително и делот на административниот капацитет, a во последниот извештај на Комисијата, како клучни новини се потенцирани посветеноста на Агенцијата во имплементацијата на усвоеното…
повеќе...Македонскиот туристички производ претставен на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 25-ти до 28-ми Септември, 2014 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија 2014 година. На овој саем втора година по ред учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што на мапата на светот се претстави како привлечна и сеуште неоткриена дестинација за Јапонските туристи. АППТ организираше и изложба на фотографии од Македонија направени од познатиот јапонски фотограф Tatsuki Hironiko. Со оваа изложба успеавме да привлечеме голем број на…
повеќе...Во тек се тендерските постапки за два ИПА проекти
Од Агенцијата за храна и ветеринарство известуваат дека во тек се две тендерски постапки за прибирање на понуди на проекти кои се финансираат во рамките на ИПА 2010, Компонента 1–ТАИБ, каде Агенцијата за храна и ветеринарство е институција корисник, одговорна за техничка имплементација на: 1. Договор за набавка на опрема за официјални контроли за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна област и канцелариска опрема за ГП Блаце и Табановце. Крајниот рок за доставување на понудите за овој тендер е 20 Октомври 2014, до Секторот за централно финансирање и склучување на…
повеќе...