Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија. На средбата, амбасадорот Жбогар на претседателот Иванов му го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2016 година и го информираше за клучните оценки содржани во извештајот, подготвен од Европската комисија. Македонскиот претседател на средбата посочи на неопходноста за промена на статус кво состојбата, во контекст на отворањето на пристапните преговори за членство со Европската унија. „Постојаните политички кризи во кои се наоѓа Република Македонија во голема…
повеќе...Tag: амбасадор
Средба помеѓу градоначалникот Бакрачески со холандскиот амбасадор Пломп
Градоначалникот, Никола Бакрачески денеска оствари работна средба со амбасадорот на кралството Холандија во Р. Македонија, Вилем Волтер Пломп кој денеска престојува во Охрид. На состанокот што се одржа во кабинетот на Градоначалникот се разговараше за Стратегијата за развој на Охрид со акцент на туризмот при што беа разгледани аспектите и моделите кои битно влијаат на туристичкиот раст и развој на градот. Градоначалникот Бакрачески истакна дека воспоставувањето на директните авио линии од и до охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ како и инфрструктурните проекти пред се изградбата на автопатот до Охрид што…
повеќе...Министерот Спасовски оствари средба со албанскиот амбасадор во Македонија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес во МВР имаше средба со амбасадорот на Република Албанија во нашата земја, Фатос Река, на којашто меѓудругото, беше констатирано дека соработката меѓу македонската и албанската полиција е евидентна на повеќе нивоа, меѓутоа секогаш има простор за нејзино натамошно продлабочување и унапредување. Министерот Спасовски се осврна на генералните релации помеѓу двете земји, оценувајќи дека тие се постојано во духот на добрососедството и евратлантските интеграции. Тој изрази задоволство од ефикасноста на низата билатерални договори потпишани меѓу македонското и албанското МВР. Исто така, министерот Спасовски истакна…
повеќе...Доделени плакети на Амбасадорите на македонскиот спорт
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денес свечено им додели плакети на Амбасадорите на спортот Кире Лазаров, Андон Дончевски, Јошко Миленковски и Агим Ибраими. Титулата „Амбасадор на спортот“ им се врачува на истакнати македонски спортисти и тренери за афирмација и промоција на Македонија во земјите каде што ја градат својата кариера.
повеќе...Претседателот Иванов се сретна со амбасадорот Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Македонија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го прими амбасадорот Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија. На средбата, амбасадорот Орав на претседателот Иванов му го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2015 година и го информираше за клучните оценки содржани во извештајот, подготвен од Европската комисија. Претседателот Иванов оцени дека и годинешниот извештај на Европската комисија дава објективна слика на актуелните состојби во повеќе области во Република Македонија. „Имајќи ја предвид огромната поддршка која интегративниот процес ја има од граѓаните на Република…
повеќе...Претседателот Иванов се сретна со амбасадорот Нина Суомалаинен, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го прими амбасадорот Нина Суомалаинен, новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија. На средбата, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија високо ја цени улогата на ОБСЕ и поддршката што ја дава на македонските власти во повеќе сфери – владеење на правото, изборниот процес и законодавство, поддршка во области како што се полицијата и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи и соживотот, во сферата на медиумите и слободата на изразување. Во тој контекст, македонскиот претседател додаде дека Република Македонија, ќе ја продолжи…
повеќе...Работна средба на градоначалникот Бакрачески со турскиот амбасадор Шолендил
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Омур Шолендил и со почесниот турски конзул во нашава земја, Абдураим Бајрактар. На средбата беше подвлечено дека пријателските земји кои континуирано работат на зацврстување на добрите односи во повеќе сфери од животот ги поврзуваат историските и културни вредности. Во таа насока беше истакната добрата соработка што Охрид ја има со збратимените турски градови, Јелова, Сафрамболу и Газиосманпаша, а се разгледа и можноста уметници од Турција да настапат на наредното издание на фестивалот „Охридско…
повеќе...Раководството на СДСМ се сретна со амбасадорките на Белгија, Германија и Франција
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и од генералниот секретар Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорките на Кралството Белгија Аник Ван Кастлер, на Република Германија Кристине Алтхаузер и на Република Франција Лоренс Оер. Тема на разговорт беа очекувањата за можно придвижување на разговорите помеѓу политичките субјекти кон преговарачки процес за специфичната политичка клима и длабоката политичка криза во Република Македонија. „Преодна влада е решение за актуелната ситуација во Македонија, а со тоа и за проблемите на коишто во повеќе извештаи наназад укажуваат Европската Комисија,…
повеќе...Израелскиот амбасадор Ориан на средба со претставници од Општина Охрид
Амбасадорот на Израел во Република Македонија Дан Ориан денеска имаше средба со раководителот на Секторот за Туризам и Локален економски развој Ѓоко Апостолов. На средбата стана збор за гостување на познат театар од Израел на годинашното издание на фестивалот „ Охридско лето“ и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка. Деталите ќе бидат прецизирани на средбата со градоначалникот Никола Бакрачески која ќе се одржи во четврток во рамките на саемот за туризам „Скопје травел маркет“. Амбасадорот Дан Ориан, кој во Охрид престојуваше заедно со претставници на најголемата израелска компанија од…
повеќе...Врачена благодарница на словачкиот амбасадор во Македонија
На пригодна свеченост, вечерва претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот, Ангел Јанев на Амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Мартин Безак и на Стојан Лекоски им врачија благодарници за нивната заложба за изложувањето на иконите кои општина Охрид и ги подари на градот Терхова. За време на културната манифестација „Денови на св. Кирил и Методиј“ која се одржува во Терхова, подарените икони од Св. Климент и Св. Наум беа поставени на олтарот на црквата во Терхова која е посветена на светите Кирил и Методиј. Пријателските односи…
повеќе...