Играта „Македонија“

Доколку играте некоја игра согласно правилата, а вашиот противник мами, вие сте тие што ќе изгубите. Доколку судијата е наклонет кон вашиот противник, иако тој мами, ќе доживеете пораз. Дали тоа значи дека ве поттикнувам и вие да мамите за да му парирате на противникот? НЕ. Едноставно, откажете се од играта. За жал, „играта“ во овој случај е Македонија, а се работи за нејзино опстојување како независна држава. Па и Западот си ги менува правилата како што минува времето. Клучот сепак е во посед на Македонија и таа може во…

повеќе...

Тања Стојановска избрана за спортист на неделата и МВП на финалниот турнир од Првата Универзитетска лига во САД

Женскиот тениски тим на Универзитетот од Бафало, за кој на првата позиција игра Тања Стојановска, победи на финалниот турнир на МАК конференцијата (Mid American Conference) од Првата NCAA Универзитетска лига, со што се стекна со право да оди на завршниот NCAA турнир за најдобрите Универзитети од САД на 12 и 13 Мај. Тимот инаку имаше серија од 8 последователни победи во конференциската лига и на завршниот плеј-оф турнир. Тања Стојановска беше избрана за МВП на завршниот турнир на МАК конференцијата, како и за спортист на неделата на нејзиниот Универзитет, бидејќи…

повеќе...

Зошто Доналд Трамп дозволува политиката на Обама и Хилари да прави пустош во Македонија?

Претседателот Трамп прави нешто што е многу неТРАМПистично. И тоа е нешто што загрижува. Тој дозволува политиката што ја спроведуваше администрацијата на Обама и Хилари да продолжи во иста насока, наместо да спроведува своја политика. Републиканците направија добар потег што во рамките на Конгресот започнаа истрага за грешки кои што во континуитет се случуваат од вработени во владиниот сектор, врз основа на политички насоките кон кои што дејствуваше претходната администрација, но тие сепак не ја спроведуваат својата политика. Зошто? Тоа би значело крај на превирањата што ја зафатија целата нација.…

повеќе...

Македонското меѓународно движење за човекови права се сретна со американскиот Стејт департмент

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, повторно се сретна со релевантни претставници на американскиот Стејт департмент и го повтори барањето на ММДЧП за САД да ја осудат Тиранската платформа, наместо истата да ја оправдуваат и да се залагаат за неа. ММДЧП побара амбасадорот Џес Бејли веднаш да се отстрани од функцијата амбасадор на САД во Република Македонија, Заменик-помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји да го повлече своето барање за доделување на мандат на анти-македонската коалиција и за задоцнетата политика за Македонија на претседателот Трамп да се…

повеќе...

Самак: Американска компанија од автoмобилскиот сектор ќе инвестира во Македонија

Министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак за МРТ истакна дека нова американска компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија. „При крај се преговорите со американска компанија од автомобилскиот сектор. Оваа компанија беше присутна на Саемот за вработување кој се организираше од Агенцијата за вработување на Република Македонија во Скопје. Има доста позитивен впечаток и анализа од бројот на пријавени и заинтересирани кандидати и се во финален процес на носење одлука и се надеваме дека ќе биде тоа позитивна одлука за Македонија,“ изјави министерот Самак за емисијата Бизнис 365.

повеќе...

Врачена нова американска донација во техничка опрема во рамки на EXBS програмата

„Интензивните реформски зафати во македонската полиција во сите сегменти од нејзиното функционирање реализирани во текот на изминативе години, во голема мера се должат на партнерството и помошта што МВР на РМ ја има од нашите пријатели од САД“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на денешното врачување на новата донација во техничка опрема од страна на амбасадата на САД во РМ наменета за потребите на МВР и Царинската управа а во рамки на Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) што се одржа во…

повеќе...

Американски и германски компании доаѓаат во Македонија со проекти за инвестирање

Германски и американски компании чии седишта се во Германија, во наредниот месец ќе ја посетат Македонија, со цел да ги финализираат нивните потенцијални проекти од аспект на соодветна локација, работна сила и други детали поврзани со инвестициите. Станува збор за компании од автомобилската, машинската, електро индустријата и банкарскиот сектор во околината на Дизелдорф, Штутгарт и Франкфурт. Средба со претставници на компаниите остварија министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, кои ја завршија четиридневната посета на Германија, како дел од редовните…

повеќе...

Американска компанија за медицински помагала заинтересирана за инвестирање во Македонија

Американскиот центар на индустрија за производство на гума Акрон денеска ќе се запознае со можностите за инвестирање во Македонија. Економскиот тим предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, ќе ги претстави условите за правење бизнис во Македонија на Бизнис форум организиран во соработка на Стопанска комора во Акрон. Пријавени се да учествуваат компании од индустријата на производство на полимери и пластични маси, како и компании од други индустрии, а делегацијата ќе има средба и со претставници на клубот на…

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ и годинава ќе учествува на Академијата во седиштето на НАСА

ОУ „Христо Узунов“ и оваа година во месец јуни ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама (U.S. Space & Rocket Center) во седиштето на НАСА. Во 2011 година на оваа академија учествуваа 143 држави од целиот свет, а Македонија беше претставена преку м-р Тони Симоновски кој се здоби со сертификат за предавач за положената Академија. Тема на Академијата ќе биде поттикнување на младите да ги изучуваат техничките струки и изучување на предметите по природни науки.

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски оствари средба со американскиот амбасадор во Македонија Волерс

Во Општина Дебарца денеска се одржа работна средба помеѓу Американскиот Амбасадор во Република Македонија, Пол Волерс и Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски. На средбата се разговараше за локалната власт, проектите кои се реализирани и проекти кои ќе се реализираат. Од страна на Градоначалникот Трајкоски, Амбасадорот Волерс беше запознаен за состојбата во општина Дебарца, за проектите кои се реализираат од страна на Општината и начинот на добивање помош од централната власт и меѓународните организации. Амбасадорот се интересираше дали до сега се реализирани проекти со подршка на USAID во општина Дебарца.…

повеќе...