Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и планинските премини Пресека и Буково

На регионалниот пат Маврово – Дебар кај Бигорскиот манастир повторно дојде до лавина во 11,45 сообраќајот е повторно во прекин за сите видови на возила.Се очекува брзо расчистување ( за половина час). Поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинските премини Пресека и Буково има забрани за движење на тешки товарни возила. Во 10,30 на пл. преминот Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила Сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на…

повеќе...

Врнежи од слаб снег на патните правци кон Маврово, Крушево, Пресека и Охрид

Поради големи одрони од камења, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во прекин. Возилата се пренасочуват по патниот правец Кочани – Виница – Делчево. На патниот правец Демир Капија-Корешница поради излевање на реката Вардар воведена е забрана за патнички возила. На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат. Поради излевање на реката Брегалница, превентивно…

повеќе...

Затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село

Патниот правец Кочани – Делчево е затворен за сообраќај поради големи одрони од карпи. Возилата се пренасочуваат по патниот правец Кочани – Виница – Берово – Делчево. На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради полава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат. Поради излевање на реката Брегалница, превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село. Забрана за движење на тешки товарни…

повеќе...

Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Забрана за движење на тешки товарни возила има само на патниот правец крак Маврово – Дебар. Поради излевање на реката Брегалница, превентивно се затвора сообраќајот на патниот правец Штип – Ново Село. Поради лавина на патниот правец Маврово – Дебар кај манастирот Бигорски, сообраќајот беше во целосен прекин. Сега е исчистена една коловозна лента и се работи на целосно расчистување. Поради поголеми одрони на патот Кочани – Македонска Каменица од с.Истибања до брана Калиманци, сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента. Поради оштетување на средниот столб на мостот на…

повеќе...

Забрана за тешки товарни возила на Буково и Маврово

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово – Попова Шапка, Крак Маврово – Дебар и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.  Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси. Забраната за движење, поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек. Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци…

повеќе...

Слаб снег провејува на сите планински премини во западниот и југозападниот дел од Републиката

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува на сите планински премини во западниот и југозападниот дел од Републиката кој во моментов не се задржува на коловозите. Појава на магла со видливост до 50 метри има на Маврово и Стража. Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип…

повеќе...

Магла на превоите Стража, Пресека, Ѓавато, Плетвар и во Маврово

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Поради појава на магла намалена е видливоста на планинските премини Стража, Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово до 150 метри. Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.  Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир…

повеќе...

АМСМ: Магла со видливост до 100м има на планински превој Стража

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег паѓа на планинските превои Буково, Ѓавато како и во Ресен и Битола. Магла со видливост до 100м има на планински превој Стража. Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот…

повеќе...

Слаб снег провејува на Маврово, Ѓавато и во Крушево

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на Маврово, Стража, Ѓавато и во Крушево, но не се задржува на коловоз. Поради магла, намалена е видливоста до 50 метри на Плетвар. Поради врнежите од дожд на одредени места во источна Македонија, дојде до излевање на водотеците. ЦУК известува дека сообраќајот на мостот кој се наоѓа на патниот правец Штип – Радовиш се одвива по една коловозна лента. Превентивно е затворен патниот правец Штип – Неготино, поради надојдените води од реката Крива Лакавица. Според…

повеќе...

Во прекин сообраќајот преку мостот кон село Миравци

Сообраќајот на мостовите кај С. Миравци и Демир Капија на Р-1102 моментално не се одвива поради зголемените врнежи и има прелевање на вода на самите мостови. Сообраќајот ќе се нормализира со повлекувањето на водата од мостовите. Екипите на ЈП Македонијапат оспособија влез за с.Миравци од кај с.Удово. Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од државата. На патниот правец Маврово – Жировница – Дебар, поради поголем одрон кај месноста Јанче, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, во…

повеќе...