Главниот подофицер на АРМ учествува на 6-та Конференција на главни подофицери од армиите на САД- Јадранска повелба

Главниот подофицер на АРМ, главен наредник Драган Стојановски и наредникот Лидија Илковска од Ј-3/ГШ на АРМ, во период од 08 до 10 Јули  учествуваат на шестата Конференција на главни подофицери од армиите на САД – Јадранска повелба во Тирана, Република Албанија. Главна тема на конференцијата е „Родовата еднаквост, интеграција и перспективи во вооружените сили“, на која учесниците се очекува да разменат искуства и погледи за совладување на предизвиците со кои се соочуваат припадниците на вооружените сили во поглед на родовата еднаквост. Воедно, на конференцијата ќе бидат согледани и можностите за…

повеќе...

Проштална средба на Началникот на ГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Република Србија во Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари проштална средба со потполковник Жељко Симиќ, Одбранбено аташе на Република Србија во Република Македонија. На средбата генералот Котески му се заблагодари на потполковникот Симиќ за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакна неговиот придонес во продолжувањето на одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Војската на Србија, која се развива на повеќе полиња. Средбата во ГШ на АРМ беше искористена за запознавање на НГШ на АРМ со новото Одбранбено аташе на Република Србија во Република Македонија, потполковник Јован Кованџиќ кој…

повеќе...

Јолевски: Најдобрите ќе бидат селектирани да бидат идни пилоти на Република Македонија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денес во касарната „Страшо Пинџур“ имаше свое обраќање по повод Денот на воздухопловната бригада при што порача: „И оваа година министерството за одбрана продолжува со реализација на поставените приоритети и цели меѓу кои е и подобрување на условите за живот и работа на припадниците на АРМ. Веќе е започнат процесот за потполна на единиците на АРМ со нови професионални војници и отворен е повикот за отпочнување на обука за образование на нови пилоти.“– истакна Јолевски. Со своето обраќање министерот Јолевски упати апел…

повеќе...

Македонија продолжува со придонесот во мисијата „Одлучна поддршка“

„Република Македонија е цврсто посветена на глобалниот мир и стабилност. Вие сте несомнен доказ за тоа и јас сум убеден дека задачите пред вас ќе ги извршите професионално и одговорно“, им порача министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на тринаесетмината припадници на Армијата на Република Македонија кои заминуваат во втората ротација на дел од македонскиот контингент во рамките на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Министерот Јолевски посочи дека за нас од исклучителна важност е нашите мировници да се вратат живи и здрави дома, кај своите најблиски, побогати за…

повеќе...

Јолевски: Ќе се изврши избор на квалитетен, стручен и правилен избор на кандидати за вршење на должност во специјалните единици на АРМ

Денес, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, посетија неколку работни точки во Центарот за обука „Пепелиште“ и областа на АП Криволак каде што во рамките на Јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија се спроведува селективен курс за вклучување на професионални војници во Полкот за специјални операции на Армијата на Република Македонија. Селективниот курс се извршува врз основа на Правилникот за вршење на селекција на лица за професионални војници во…

повеќе...

Промоција на новиот Правилник за исхрана за припадниците на АРМ

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски во касарната Гоце Делчев заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник, Горанчо Котески, го промовираше новиот Правилник за исхрана на припадниците на АРМ. Во изјава за медиумите, министерот Јолевски истакна: „Веднаш по преземањето на мојата функција како Министер за одбрана, преземавме неколку мерки со цел да се подобри стандардот на воените лица, питомците и војниците кои се на служба во Армијата на Република Македонија. Една од тие мерки беше и промена на правилникот за исхрана. Имено, дел од проектот го започнавме овде во Воената…

повеќе...

Семинар за Родова перспектива за персоналот од ГШ на АРМ

Министерството за одбрана на Република Македонија продолжува да биде предводник на активностите за интеграција на родовата перспектива во рамките на Министерството и Армијата на Република Македонија. За таа цел од крајот од минатиот месец и во следните неколку недели, во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се реализират еднодневни Семинари за родова перспектива со персоналот од Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Семинарот за Родова перспектива опфаќа: Родови поими и дефиниции, Меѓународни правни рамки за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325…

повеќе...

Родовата рамноправност и перспектива – исклучително значајни за Министерството за одбрана и АРМ

Денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија за прв пат организираа родова обука за 127 припадници на Командата за обука и доктрини и потчинетите единици, во која беа вклучени и војници на доброволно служење на воениот рок. Фокусот на родовата обука за учесниците беа Меѓународните правни рамки за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, 1325 која се однесува на жените, мирот и безбедноста. Воедно учесниците имаа можност да се запознаат и со Националниот акционен план на Република…

повеќе...

Единица со исклучителен капацитет, мотивираност и посветеност – свечено одбележан денот на Полкот за специјални операции

„Вие заедно со сите припадници на Армијата на Република Македонија сте темелот на сувереноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Тоа е голема обврска и патриотска должност која граѓаните на Република Македонија неизмерно ја ценат. Вие сте подготвени да извршувате најсложени задачи демонстрирајќи највисоки капацитети и затоа ве охрабрувам да останете подготвени и мотивирани како и досега,“ им порача министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на припадниците на Полкот за специјални операции на свеченоста по повод Денот на Полкот во касарната „Илинден“. Министерот Јолевски пред припадниците на Баталјонот…

повеќе...

Средба на министерот за одбрана со штабните офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини остварија средба со шесте штабни офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата ,,Одлучна поддршка“ во Авганистан, а ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамките на командата Север. Министерот Јолевски посакувајќи им успешна и безбедна работа, на штабните офицери им порача дека со учеството во новата мисија на НАТО во Авганистан, Република Македонија ја искажува силната заложба за полноправно членство во алијансата. Изразувајќи цврсто убедување дека штабните офицери на АРМ достојно ќе ја…

повеќе...