Јолевски: За ефикасноста на АРМ важно е модерното оружје и опрема, но и одржување на постојното

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Горанчо Котески денеска извршија обиколка на одделот за дијагностика, за вулканизирање и на главниот ремонтен хангар во Техничко-ремонтниот центар на Армијата на Република Македонија во Скопје. Информирајќи дека Техничко-ремонтниот центар е наменет за логистичка поддршка на единиците на АРМ, началникот на ГШ на АРМ Котески нагласи дека неговата основна мисија е одржување на борбените и неборбените возила во армијата, како и одржување на вооружувањето во АРМ. Според него, исклучителната важност на центарот, како единствен во…

повеќе...

Промовирани 34 питомци од 14-та класа во потпоручници, двајца поручници од родот авијација

Триесет и четири питомци од 14. класа на Воената академија денеска во скопската касарна „Гоце Делчев“ беа промовирани во чин потпоручник, а двајца од родот авијација во чин поручници. На свеченоста присуствуваа претседателот и Врховен командант на АРМ Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески кои им ги доделија наградите на најдобро рангираните во класата според покажаниот успех, Ненад Дубљевиќ, Илија Сребренов и Елеонора Науновска. Во рамки на оваа класа, 28 питомци се од Република Македонија, додека шест се од Црна…

повеќе...

Претседателот Иванов присуствувше на методско-показна тактичка вежба – „Неутрализирање на непријателски пловен објект“

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана, г. Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал потполковник Горанчо Котески, денеска во Радожда, присуствуваше на методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект” на припадниците на полкот за Специјални операции и Воздухопловната бригада при АРМ. Се раководевме од намерата подобро да се спречи во почетниот период и затоа вежбата се одвиваше на граничната линија на границата на Република Македонија. Ова што го изведувавме денеска е во склад со мисијата на армијата за…

повеќе...

Методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“

Утре, 16-ти јули, во Радожда, Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски и Началникот наГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, ќе ги посетат припадниците на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на овој локалитет изведуваат обука во летни услови. Припадниците на ПСО утре ќе изведат методско-показна тактичка вежба ,,Неутрализирање на непријателски пловен објект“, а ќе бидат прикажани и повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување…

повеќе...

АРМ испрати помош за Србија и БиХ

Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска испрати помош во подрачјата погодени со поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, врз основа на одлука на Владата.   Во Србија АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики. Кон Босна и Херцеговина од АРМ се испратени 3.000 ќебиња кои заедно со останатата хуманитарна  помош од Македонија се на пат кон поплавените региони во оваа држава. Хуманитарниот контингент на АРМ е дел од контингентот на Република Македонија, со помош наменета за поплавените региони во Србија и Босна…

повеќе...

Одржано седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ

Денес  во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот на АРМ се одржа седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ. Кросот се одржа на посебно уредена патека во во рамките на автодромот во касарната во Кичево, а се трчаше на 10 km во машка и на 5 km во женска конкуренција, каде настапуваа натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Акаденија и Атлетската Федерација на Македонија. Седмото првенство во крос-кантри го отвори Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Мухамет Рацај, а…

повеќе...

Промовирани четворица офицери-пилоти од првата класа слушатели

Од денеска АРМ е побогата за четири нови млади офицери – пилоти од првата класа слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација. Резултатите кои ги покажавте во текот на вашата обука се потврда дека нашата земја има младина која е способна и мотивирана за постигнување одлични резултати по високи светски стандарди. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери на денешната свеченост по повод промовирањето на четворицата кадети од првата класа слушатели во Центарот за обука на пилоти во офицерски чин поручник. Преку оваа свеченост…

повеќе...

Полкот за специјални операции го прослави Денот на единицата и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“

Денес, 28-ми февруари 2014 година, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО) со која се одбележа и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“. На свеченоста присуствуваа: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието и Владата на Република Македонија, високи претставници од МО, командантите на  потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа и други високи гости. „Јубилеите се паметник…

повеќе...

Утре ќе се одржи свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции на АРМ

Утре, 28-ми февруари (петок), со почеток во 11.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе се одржи свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО) и одбележување на Јубилејот ,,20 години сили за специјални операции“. На свеченоста ќе присуствуваат: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, високи претставници од МО, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа од општините и градот Скопје и други високи гости. На 1-ви март 1994 година е формиран…

повеќе...

Денот на Меѓународнитe Воени спортови во АРМ одбележан со спортски ден

Вчера на воениот стадион  во Градскиот парк во Скопје, со свечено постројување на спортските екипи од гарнизонот Скопје и Министерството за одбрана, започна  спортскиот ден и одбележувањето на „18 февруари – Денот на Меѓународнитe Воени спортови“. Оваа спортска манифестација која годинава АРМ ја одбележува по деветти пат,  свечено ја отвори Началникот на ГШ на  АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески. На отварањето на спортскиот ден, НГШ на АРМ пред спортските екипи нагласи дека спортот претставува значаен сегмент во обуката на АРМ, но и најдобар начин за развивање на другарството, пријателството и зближување на…

повеќе...