Индустријата, градежништвото, текстилот, земјоделството и услугите се потенцијалните сектори во кои македонската и белгиската економија можат да остварат долгорочна соработка. Денеска над 40 компании од двете земји во Скопје преку директни средби имаат шанса да разменат искуства и идеи и да разговараат за идна соработка. Форумот е во организација на Министерството за финансии, а учествуваат претставница на Федерацијата на белгиски комори, Стопанската комора на Антверпен, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, како и Стопанската комора на северозападна Македонија. „Самиот факт што форумот се одвива во времиња кога политичките…
повеќе...Tag: белгија
АППТ ја шири мрежата на соработници во Белгија
Во наредните неколку дена Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја промовира Македонија пред белгиските туристи на саемот за туризам во Брисел. Тур операторот Томас Кук-Белгија ја зајакнува својата соработка со македонските тур оператори со што Македонија веќе се најде на нивниот продажен каталог за 2016 година. Од Томас Кук – Белгија велат дека расте и интересот за Македонија од страна и на нивната продажна мрежа во светот. „Како и секоја година, така и оваа Република Македонија учествува на саемот за туризам во Брисел што претставува значаен придонес како…
повеќе...Раководството на СДСМ се сретна со амбасадорките на Белгија, Германија и Франција
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и од генералниот секретар Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорките на Кралството Белгија Аник Ван Кастлер, на Република Германија Кристине Алтхаузер и на Република Франција Лоренс Оер. Тема на разговорт беа очекувањата за можно придвижување на разговорите помеѓу политичките субјекти кон преговарачки процес за специфичната политичка клима и длабоката политичка криза во Република Македонија. „Преодна влада е решение за актуелната ситуација во Македонија, а со тоа и за проблемите на коишто во повеќе извештаи наназад укажуваат Европската Комисија,…
повеќе...Ученици и професори од Белгија во посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“
Во рамките на соработката со туристичката агенција „Ohrid Holidays“ во двонеделна посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“ беа професори и ученици од Белгија. На самото пристигнување преку културно-уметничка програма на гостите им беше презентирано училиштето, а потоа градот Охрид и Македонија. За време на посетата учениците се запознаа како се одвива теоретската и практичната наставата во училиштето, заедно подготвуваа специјалитети од трациционалните кујни и ги послужуваа, при што си разменија непроценливи вештини, знаења и драгоцено искуство преку корелација на образовните профили: келнер, готвач, угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и…
повеќе...Фида: Две белгиски и една швајцарска компанија пред одлука за инвестирање
Две белгиски и една швајцарска компанија ја избраа Македонија како најдобра инвестициска локација и планираат своите капацитети да ги прошират во нашата земја. „Едната белгиска фирма од областа на земјоделството веќе достави бизнис план. Се работи за компанија што сака да инвестира во збирен центар за јаболка и исто така сакаат тие самите да засадат јаболка. Втората компанија е од областа на производството, која сака да отвори погон за производство на грејни тела,“ истакна министерот без ресор Висар Фида. Третата е швајцарска компанија од автомобилската индустрија. „Оваа компанија разгледува 4…
повеќе...Премиерот Груевски на комеморацијата „Белгија памети”
На комеморацијата “Белгија памети”, во чест на жртвите и светските промени што ги донесе Првата светска војна, белгиското кралско семејство на чело со кралот Филип и кралицата Матилда беа домаќини и на голем број претставници на кралски семјства, меѓу кои, принцезата Беатрикс од Холандија, принцезата Мерјем од Мароко и Големиот војвода на Луксембург, Анри Алберт Габриел Феликс Мари Гијом. Од политичките лидери, покрај македонскиот премиер Груевски, на овој настан присуствуваа и германската канцеларка Ангела Меркел, претседателите на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, на Унгарија, Јанош Адер и на Мали, Ибрахим…
повеќе...Премиерот Груевски во Белгија на одбележување на 100-годишнината од Првата светска војна
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (вторник, 28.10.2014 година) во Кралството Белгија ќе присуствува на комеморативните церемонии за одбележување на 100 – годишнината од почетокот на Првата светска војна. Настаните ќе се одржат во белгиските градови Њупорт и Ипер.
повеќе...