СВР Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки за празникот Богојавление-Водици

Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник Богојавление-Водици, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план. Мерките на СВР Охрид ќе бидат насочени за зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот. Денес, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во Охрид ќе врши известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на…

повеќе...

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ на највисоко ниво

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ беше на највисоко ниво и со исклучок на неколку поситни нарушувања и сообраќајни несреќи без смртни последици, вечерта помина со многу помалку ициденти и случувања во кои беше потребна полициска интервенција од која било друга вечер во годината. Ова беше истакнато од страна на новиот Началник на СВР Скопје, Ивица Вучевски на брифингот со Министерката Гордана Јанкулоска. Сите полициски службеници, согласно предвидениот план максимално професионално ги извршиле своите задачи обезбедувајќи ги локациите каде што имаше организиран дочек и поголема фреквенција на…

повеќе...

Македонските мировници го продолжуваат придонесот кон глобалниот мир и безбедност

„Ние сме горди што Армијата на Република Македонија во Авганистан, во рамките на новата мисија „Одлучна поддршка“ испраќа одлично обучени војници, кои поставените задачи ќе ги извршат со највисок квалитет, со што даваме несомнен придонес кон светскиот мир и стабилност“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на денешното свечено испраќање на дел од македонскиот контингент во рамките на новата мисија на НАТО алијансата во Авганистан. Министерот Јолевски додаде дека Македонија досега има добиено највисоки оцени за нејзиното учество во меѓународните мировни мисии, а резултат на тоа е…

повеќе...

Предлог – законот за безбедност во сообраќајот го мина владиниот филтер

На денешната отворена седница Владата го прифати Предлог-законот за безбедност во сообраќајот. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска рече дека се прават напори за една посериозна реформа во делот на сообраќајот. Голем дел од законот е усогласен со европски директиви, коишто постојано се менуваат. „Законот беше на јавна дебата односно ставен на ЕНЕР 78 дена односно од 2 октомври па се до пред два дена. Прифативме дел од сугестиите што пристигаа до нас формално или неформално. Еве на пример велосипедистите излегоа со некои предлози кои им беа прифатени“, рече Јанкулоска.…

повеќе...

„Биди ѕвезда не фрлај петарди“ – предавања во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ продолжија предавањата под мотото „Биди ѕвезда не фрлај петарди“ од претставници на Одделението за превенција при СВР Охрид. Во рамки на предавањето учениците беа запознаени со ризиците од употреба на пиротехничките средства, особено пред и по Новогодишните празници кога пиротехниката е најзастапена. „На современ начин ова предавање им ги доближи опасностите, ги поттикна да размислуваат кон поинаков правец, односно на пиротехниката да гледаат како на проблем. Ваквите предавања секако дека оставаат позитивни траги во развојот на личноста кај учениците, на ваков начин на време можат…

повеќе...

Одбележан Денот на превенцијата и денот на превентивното полициско работење

„Превентивната функција е новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општества и претставува врв на полициските приоритети. Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на заеднички ефикасен систем за заштита од криминалот“. Ова, меѓудругото го рече началникот на СВР Охрид Зоран Сарафилоски, на вчерашната работна средба по повод одбележувањето на 9 декември денот на превенцијата и денот на превентивното полициско работење. Во своето пригодно обраќање, заменикот градоначалник Ангел…

повеќе...

Предавање на тема „Безбедно на инернет“ во ОУ „Христо Узунов“

Во рамките на Проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ во ОУ „Христо Узунов“ –Охрид, одделенскиот раководител Славица Настоска од V-3 одделение во соработка со психологот од училиштето, организираше активност – предавање од родителот Марија Гогова на тема Безбедно на интернет. Целта на ова едукативно предавање беше да се подигне свеста кај учениците за правата на децата на интернет помеѓу самите ученици и во комуникацијата со другите. Родителот кој е информатичар по професија, ги истакна придобивките од користењето на интернетот, местата каде можат да најдат интересни и корисни содржини,…

повеќе...

Заменик министерот Ќамили учесник на тематскиот панел – “Стратегија за огнено оружје: една година потоа“

Денес во Брисел во организација на Генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија, заменикот на министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили, учествуваше на Панел на високо ниво на тема – „Стратегија за огнено оружје: една година потоа“. Заменикот на министерот Ќамили, имаше свое обраќање на овој настан, при што се осврна на напорите што ги презема Република Македонија и МВР во овој домен, но, и од аспект на борбата против нелегалната трговија со оружје како заедничка задача на ЕУ и на регионот на југоисточна Европа. „Цврстата определба за заедничко…

повеќе...

Одрон на патот – внимавајте на знакот!

Сообраќајните знаци се поставени за да ги предупредат возачите за нивна безбедност во сообраќајот. Но, често се случува некои возачи „да ги видат“ овие знаци одблизу. Таков е случајот на патот над Хидробиолошкиот Завод, на влезот од Охрид од кај Рача. Знакот „одрон на камења од десна страна“ е пред паѓање, а неговото столпче е искривено. WebOhrid

повеќе...

Мостот од кај ОУ „Христо Узунов“ ќе се дислоцира на нова локација

Веќе подолго време безбедносниот мост над улицата „Питу Гули“ е затворен. Иако мостот им служеше на децата од ОУ„Христо Узунов“, но и на жителите од Горна Влашка маала за безбедно преминување преку оваа улица, сега ќе мора да се дислоцира. Виновници за тоа се вандалите, кои немилосрдно удрија по него: кршеа, корнеа, руинираа кај ќе стигнат и што ќе стигнат. Токму за тоа, овој мост беше затворен и не е во функција на училиштето, односно учениците, па и останатите граѓани. „Мостот беше во права смисла направен за безбедност на поминување…

повеќе...