Утре, во прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 12:00 часот, ќе биде промовиран проектот „Звучна библиотека 1, 2, 3“. За проектот ќе говорат директорката на охридската библиотека Александра Белевска и носителот на проектот Елена Долоска. Промотор на проектот ќе биде Милчо Јованоски, а наратори се Елена Долоска и Сузана Стојкоска.
повеќе...Tag: библиотека
Утре ќе биде промовирана стихозбирката „Некаде помеѓу“ од Искра Пенева
Во „Прличевата одаја“ при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид утре (среда) ќе се одржи промоција на стихозбирката „НЕКАДЕ ПОМЕЃУ“ од српската и македонската поетеса Искра Пенева, која е носител на наградата „Стојан Христов“ на СВП 2016 год. Покрај избраните песни ќе има и проекција на 3 поетски видеа, чиј автор е Искра Пенева. Искра Пенева е родена во 1980 година во Белград каде што живее и работи. Дипломирала на Математичкиот факултет во Белград. Автор е на четири стихозбирки. Член е на Здружението на писателите на Србија.
повеќе...Стефани Донеска ја освои првата награда на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ 2016
Ученичката Стефани Донеска, 9-то одделение од ОУ „Григор Прличев“, годинава ја освои Првата награда на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ кој се одржа во Библиотеката на 6-ти октомври. Донеска се стекнува со правото да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој годинава ќе се одржи во Велес. На Општинскиот натпревар учествуваа 13 ученици од основните училишта во градов.
повеќе...Утре општински натпревар „Млади библиотекари“ 2016
НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и оваа година организира општински натпревар „Млади библиотекари“. Натпреварот ќе се одржи утре во просториите на Библиотеката со почеток во 10:00 часот.Право на учество на општинскиот натпревар имаат ученици и членови на библиотеките од Основните училишта. Комисијата ги упатува заинтересираните ученици за учество во натпреварот да го користат Прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошески според кој ќе се формулираат и прашањата. Победниците од овој натпревар се стекнуваат со право на учество на Републичкиот (државен) натпревар кој годинава ќе се одржи на 28ми октомври (петок) во Велес.
повеќе...Охридската библиотека организира повеќе активности во пресрет на 8-ми септември
Во „Белата ноќ“ на 7-ми септември, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе реализира неколку програмски активности: Со почеток во 20 часот во просториите на Библиотеката ќе бидат доделени благодарници на дел од лицата кои во изминатиот период донирале книги за Установата. Во 20 часот и 30 минути ќе биде отворена изложба на стари и уникатни книги, сопственост на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Од 21 часот ќе започне поетско читање на членовите од Литературниот клуб „Григор Прличев“ – Охрид. Со реализирањето на овие активности Библиотеката се вклучува во…
повеќе...Младите автори од Охрид ќе добијат шанса за издавање дела преку проект на Фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО
Фондацијата „Македоника“, во соработка и со финансиска поддршка на „Меѓународниот фонд за промоција на културата“ на УНЕСКО, утре (7-ми јули), во Охрид ќе го промовира проектот „Воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија“. Настанот ќе се одржи во 11 часот во просториите на библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид. Можност да учествуваат во проектот имаат сите автори на возраст од 18 до 30 години. Во период од 10 месеци, се очекува многу млади и непознати автори за прв пат да ги објават своите дела. „Сите пристигнати дела што ги…
повеќе...Промоција на едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“
Во петок, 10 јуни, во просториите на Библиотеката ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“. Промотор ќе биде Проф.Д-р Виолета Ачкоска, а пред присутните ќе се обрати и директорот на Библиотеката Александра Белевска. Настанот ќе започне во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Со оваа промоција Библиотеката започнува да го реализира проектот за „Промоција на изданија кои со одлука на Владата на РМ и се доделени на Библиотеката и се наменети за продажба“. Проектот е поддржан…
повеќе...Велигденска продажна акција во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани
Во среда, во 11:00 часот ќе се одржи традиционална Велигденска продажна акција во дворот на Основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани. Во 12:00 часот ќе биде отворена Медиотека во училиштето во Пештани финансирана од USAID преку Мировниот корпус во Македонија. Библиотеката располага со голем фонд на книги од познати автори за учениците и целото население во Пештани, кои се вљубеници во убавиот збор. Во медиотеката е инсталиранa e и интерактивна табла која ќе ја користат учениците од училиштето.
повеќе...22ри и 25ти април културни активности во охридската Библиотека
Во петок, 22ри април во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовиран романот за деца и млади „Новиот ден“ од авторот Смиле Наумоски – Брсјак. За романот ќе говорат: Бранко Цветкоски, Д-р Мерсиха Исмајлоска и Стојан Тарапуза. Промоцијата ќе започне во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Истиот ден веднаш после промоцијата на овој роман, Библиотеката ќе и додели Благодарница на Назмије Денкоски за нејзиниот вложен труд и професионалните заложби во изработка на новата Веб страна на Библиотеката. НУ Библиотека…
повеќе...Отворена библиотека во Археолошкиот музеј на Македонија
Нова библиотека која го носи името на познатиот македонски археолог и проучувач на средновековната археологија во Македонија Кирил Трајковски, денеска беше отворена во Археолошкиот музеј на Македонија. Библиотеката содржи 3.500 печатени книги и 30 илјади книги и публикации во дигитална форма, на македонски, англиски, бугарски, германски, француски, српски и хрватски јазик. Донатор на библиотеката е британската фондација „Кирил Трајковски“. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска информира дека библиотеката ќе овозможи научната, стручната и целокупната македонска јавност да ги прошири и да ги надгради своите сознанија за наследството на нашите простори, но…
повеќе...