Најмладите од градинката во Велгошти ја посетија библиотеката во ОУ „Живко Чинго“

Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска” од објектот во Велгошти, денес ја посетија училишната библиотека при ОУ „Живко Чинго” во с.Велгошти. Посетата се реализира со цел, дечињата од мали нозе да развијат љубов кон книгата. Тие имаа можност да се запознаат со начинот на работење на училишната библиотека, ги разгледуваа многубројните книги, лектири и сликовници со кои што располага библиотеката. За време на посетата библиотекарката Снежана Стојановска им ја прочита сликовницата „Грдото пајче“, која децата ја следеа со големо внимание. На крај на посетата следуваа и прашања кои ги поставуваа љубопитните…

повеќе...

Литературна средба „Тежината на лавровиот венец на Прличев“ – легенди и преданија

Утре во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ќе се одржи литературна средба „Тежината на лавровиот венец на Прличев“ – легенди и преданија. Излагач на настанот ќе биде  Никола Бошале. Средбата ќе започне во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...

„Библиотеката на тркала“ во ОУ „Христо Узунов“

Основното училиште „Христо Узунов “ – Охрид денес беше посетено од страна на „Библиотеката на тркала“ што е во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Оваа активност е со цел да го подигне интересот кон читањето и математиката кај најмладите ученици и да ја вклучи целата заедница во овие активности со децата. „Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика со кое се посетуваат училиштата од сите региони во државата за да им се овозможи пристап до материјали за учење…

повеќе...

„Охридска поетска китка“ во понеделник во градската библиотека

Во Прличева одаја при Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“- Охрид во понеделник (7-ми март), со почеток во 11: 00 часот ќе се одржи поетската манифестација „Охридска поетска китка“. На настанот ќе учествуваат Вера Попоска, Елена Ангелоска, Марија Младеноска,  Мерсиха Исмајлоска, Наташа Митреска, Розе Костеска, Зорица Илијоска и Маја Мојсова.

повеќе...

Во среда ќе биде промовирана најновата книга од Маја Мојсова

Во среда, 17-ти февруари, во 17 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата раскази „Потоци. Стапки“ од писателката Маја Мојсова. Книгата е објавена во 2015 година и истата е наградена со прва награда „Гравитација 2015“, во категоријата – книга раскази. Писателката Маја Мојсова пишува поезија и проза. Има издадено збирка поезија „Кохезија, колизија на човековата визија“ (2012, колекција на песни на македонски и англиски јазик), и заедничка книга „Зен Верс“ (2014) од четири автори. Дел од нејзиното творештво е објавувано во зборници, литературни и интернет…

повеќе...

Охридската библиотека набави нови наслови

Од денеска членовите на Библиотеката имаат можност да изнајмуваат нови наслови. Станува збор за книгите: „Ноќта кога дојдоа сватовите“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, „Сенки од минатото“ од Лусинда Рајли, „Невидливиот“ од Сајрус Копланд, „Длабоко во душата“ – од Јасмина Кадра, „Ако не те видам никогаш повеќе“ од Лаура Мартинез Бејли, „Господар на злото“ од Донато Каризи и многу други. Комплетниот список на ново набавени наслови читателите може да го најдат на веб локацијата на Библиотеката: www.bibliotekaohrid.mk. Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ поддржан од Министерството…

повеќе...

Промоција на книгата раскази „Судбини“ од Мирко Томовски

Утре во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата раскази „Судбини“ од авторот Мирко Томовски. Пред тоа ќе биде поставена изложба на творби од младата Ана Томоска. Настанот ќе започне во 12:15 часот.

повеќе...

Поетско читање во чест на „Св.Климент Охридски“

Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, на 7-ми декември (понеделник) , со почеток во 12:00 часот ќе се одржи поетско читање во чест на „Св.Климент Охридски“. Одбрани песни од македонски поети ќе чита актерот Ивица Цонев.

повеќе...

Во тек е Конкурсот за откуп на публикации со кои ќе се збогати библиотечниот фонд во Македонија

Од Министерството за култура информираат дека во тек е Конкурсот за откуп на публикации (први изданија), мерка на Министерството за култура чија цел е стимулирање и развој на издавачката дејност во Република Македонија, како и збогатување на библиотечниот фонд со публикации од областа на културата и уметноста. Со оваа активност, која е во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година, Министерството за култура ќе изврши откуп на публикации во печатена и во електронска форма од областа на културата и уметноста, првпат издадени во Република Македонија во…

повеќе...

Годинава натпреварот „Млади библиотекари“ ќе се одржи на 19-ти октомври

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ годинава ќе го организира на 19-ти октомври (понеделник), а истиот ќе започне во 10 часот во просториите на Библиотеката. Право на учество на натпреварот имаат членовите на библиотеките од основните училишта во градов и околните места и членовите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид до 14 години. За подготовка на натрпеварот ќе се користи прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошевски според кој ќе бидат формулирани прашањата. Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат…

повеќе...