Царинските службеници дел од акцијата „Ден на дрвото“- Засади ја својата иднина“

Царинската управа на Република Македонија традиционално како и секоја година и овој пат активно се вклучи во акцијата „Ден на дрвото –Засади ја својата иднина!“ која се одржа на 2 декември 2015 година. Под мотото „Засади успех“, царинските службеници на сите гранични премини во државата организираа акции за засадување на садници и заедно со претставници на пограничните служби и локалните власти од соседните земји, засадија околу двестa дрвца. Царинската управа е дел од сите досегашни акции на „Ден на дрвото –Засади ја својата иднина!“ давајќи свој придонес во заштита на…

повеќе...

Запленети облека, обувки, алкохол и фалсификати

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани крзнени и текстилни производи, обувки, технички производи, алкохолни пијалоци, средства за хигиена, автоделови, плинска печка, брави за автобуси, додатоци за мобилни телефони и фалсификати. Покрај тоа откриена е и една царинска измама. Задржана е следната стока: Облека и обувки – 23 елеци и 7 јакни од крзно откриени при контрола на романски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Богородица, се пријавиле двајца романски државјани. Елеците и јакните се пронајдени…

повеќе...

Царинската управа ја продолжува акцијата за контрола на употреба на бандероли за акцизни стоки

На 26-ти и 27-ми ноември повеќе тимови на Царинарница Битола за контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли извршија контрола на 7 малопродажни и 22 угостителски објекти, кои вршат промет со акцизни добра на територијата на општините Прилеп, Битола, Охрид, Струга и Вевчани. При 5 одделни наоди кај правни лица – угостителски објекти во Битола, Охрид и Струга се привремено задржани 26,2 литри ракија и вкупно 8,75 литри други алкохолни пијалоци – узо, виски и амарето. При 1 наод кај правно лице – продавница во Прилеп се…

повеќе...

2,7 кг златен накит и монети откриени во турски автобус

При контрола на турски автобус извршена во близина на наплатната станица кај Велес, мобилен царински тим откри бункер полн со златен накит и монети. Утрово за рутинска контрола на патниот превец Велес – Скопје, мобилен царински тим сопре автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Истамбул – Гостивар. Претходно автобусот влегол во државата од Грција преку граничниот премин Богородица.Заради немање соодветни услови за спроведување на детален преглед, автобусот со царинска придружба е пренапатен во царинската испостава Скопје 4 кадешто е извршено детално пребарување. Притоа, во багажниот простор…

повеќе...

Асфалтирање на Табановце

Царинската управа на Република Македонија започна со реконструкција на асфалтните површини на граничниот премин Табановце кoе ќе трае во следните 15 дена. Асфалтирање се врши на влез во Република Македонија и тоа на делот од лентата за автобуси и пред колската вага за мерење на тешки товарни возила, како и на излез од терминалот пред наплатната куќичка.   Сообраќајот на влез во Република Македонија за тешките товарни возила ќе се одвива позабавено, но нема да има прекин.   За време на овој период, на граничниот премин Табановце ќе се царини…

повеќе...

Царината и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ потпишаа Меморандум за соработка

Царинската управа и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес потпишаа Меморандум за соработка. Целта на Меморандумот е интензивирање на активностите на Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација и унапредување на соработката со високообразовните институции. Досегашната успешна соработка, докажана преку бројните активности на Регионалниот тренинг центар и спроведената практикантска работа во Царинската управа за студентите на овој факултет претставуваа солидна основа за нејзино продлабочување и унапредување. Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи научните истражувања за влијанието на измените во царинските и акцизни постапки на економијата на национално…

повеќе...

Запленети пари, акцизни производи, автоделови, гасен пиштол, народни носии, пехари и фалсификати

Минатата недела царинските службеници открија три царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани странски и домашни готови пари, цигари, домашна ракија, автоделови, гасен пиштил и муниција, народни носии, пластични држачи, пехари и фалсификати. Задржана е следната стока: Готови пари – 14.350 евра, откриени при личен претрес на еден македонски државјанин и еден турски државјанин со привремен престој во Република Македонија, кои како патници во турски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во џебовите и во чорапите на едниот патник се…

повеќе...

Две правни лица од Скопје нелегално продавале алкохол

Тимови на Царинарница Скопје, формирани за контрола на продажбата на акцизна стока, вчера (20.11.2015 година) извршија контроли на територијата на град Скопје. Во 2 случаи, кај две правни лица откриени се неправилности и привремено се задржани околу 2,3 тони пиво и 4 литри ракија без акцизни маркички, со сомнителен квалитет за кои не е платена акциза. При контрола на угостителски објект (пивница) во Скопје, пронајдена е опрема за производство (мини-пивара) на пиво. Во објектот, сопственикот вршел и продажба на пивото кое го произведувал, но за истото не плаќал акциза. Од…

повеќе...

Откриена фабрика за производство на фалсификувани патики

Царинската управа откри фабрика за целосно производство на фалсификувани спортски обувки од познати брендови. По претходно добиена разузнавачка информација дека во подрумски простории во општина Чаир во Скопје постои работилница во која неовластено се изработуваат брендирани патики, по неколкумесечна интензивна истрага инспекторите од Одделението за истраги преземаа оперативни мерки и активности за откривање и фаќање на сторителите. Работилницата функционирала на принцип на повремено производство, односно по неколку дена во неделата, обично пред пазарни денови, со цел да не биде воочливо работењето. Просторијата била користена по договор за закуп, но била…

повеќе...

Во турски автобус откриени 1,5 кг злато

При контрола на турски автобус извршена во близина на Велес, мобилен царински тим откри бункер полн со злато. Утрово за рутинска контрола на патниот превец Велес – Скопје, мобилен царински тим сопрел автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Истамбул – Гостивар. Претходно автобусот влегол во државата од Грција преку граничниот премин Богородица. Заради немање соодветни услови за спроведување на детален преглед, автобусот со царинска придружба е пренапатен во царинската испостава Скопје 4 кадешто е извршено детално пребарување. Притоа, под компресорот за клима уредот, во држачот за…

повеќе...