Делегација на Царинската управа на регионална конференција за гранична безбедност во Приштина

Во периодот 3 – 6 ноември 2014 година, делегација на Царинската управа присуствува на Регионална конференција за гранична безбедност која се одржува во во Приштина, Косово, а е организирана од косовската гранична полиција и царина, во соработка со Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) на САД. На конференцијата учествуваат високи претставници на Граничната полиција и Царина на Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора, претставници на меѓународните организации ICITAP, SELEC, FRONTEX, кои разгледуваат прашања поврзани со прекуграничната трговија, борбата со организираниот криминал, заканите од тероризам и предизвиците со…

повеќе...

Промотивен настан во рамките на проектот прекугранична соработка BORDER IN

На граничниот премин Богородица се одржа јавен промотивен настан „Road Show Event”, во рамките на ИПА Проектот за развој на гранична инфраструктура помеѓу Република Македонија и Република Грција – BORDER IN. Овој Проект беше реализиран во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013 од Инструментот за предпристапна помош (ИПА), и истиот беше финансиран од страна на Европската унија, со финансиско учество на Владата на Република Македонија. Активностите кои беа опфатени во рамките на овој Проект и се состоеја во реконструкција на административната зграда и…

повеќе...

Одбележан крајот на два проекти поддржани од ЕУ во областа на интегрирана тарифна околина

Денес, во присуство на претставници на Владата на Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата и други соработници на Царинската управа беше одбележан официјалниот крај на два проекти во Царинската управа, финансирани од Европската унија во областа на Интегрирана тарифна околина. Царинската управа го воведе и бизнис концептот “Интегрирана тарифна околина (ИТО), со цел да се приближи кон заедничкиот европски пазар и Царинската унија на ЕУ. Овој концепт претставува групирање на сите податоци во врска со увозните, извозните и транзитните постапки, во повеќе комјутерски системи, во кои е овозможена…

повеќе...

Делегација на Царинската Управа на семинар на високо ниво: Иднината на е-царина во Венеција

На 14 и 15 октомври во Венеција, Италија, се одржува семинар на високо ниво на тема: Иднината на е–Царина, со посебен осврт на имплементацијата на едношалтерскиот систем (Single Window) во Европската Унија, на кој присуствува делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот Наташа Радеска-Крстевска. На семинарот присуствуваат преставници на земјите членки на ЕУ, земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати за членство во ЕУ, а присутните ќе дискутираат на теми поврзани со иднината на е – Царина, имплементацијата на едношалтерскиот систем од перспектива на трговците, концепти и термини…

повеќе...

Мобилна царина откри 10 илегалци од Сирија

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи – Мобилни тимови, синоќа нешто по полноќ открија 10 илегалци во товарно комбе . При вршење на рутинска контрола на патниот правец Гевгелија-Демир Капија во близина на ТЕЦ Неготино запрено е товарно комбе со македонски регистарски ознаки. Царинските службеници побараа од возачот да го отвори делот за товарот, но во истиот момент тој се дал во бегство, прескокнувајќи ја заштитната ограда покрај автопатот и избегал во непознат правец. Кога возилото било отворено, во товарниот дел се пронајдени 10 лица од Сирија. Лицата не…

повеќе...

Цариници ја оштетиле Царинската Управа за 1.527.000 денари

Вчера (19.09.) Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, по превземени мерки и активности и соработка со Одделението за внатрешни истраги при Секторот за професионална одговорност во Царинската управа, до надлежното ОЈО со кривична пријава предаде вкупно шест лица и тоа: С.Р.(38), Д.С.(33), Ј.М.(35) и З.К.(45) за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, како и В.Р.(39) и С.М.(46) за сторено кривично дело „Прикривање“. Имено, пријавените С.Р.(цариник), Д.С.(шеф на испостава Царинарница Скопје Ц.И. Блаце), Ј.М.(виш цариник Царинарница Скопје Ц.И. Аеродром Скопје) и З.К. (самостоен советник за…

повеќе...

Семинар на регионална конвенција за пан – евро – медитерански преференцијални правила на потекло

Во период од 16-17 септември, делегација на Царинската управа на Република Македонија, присуствуваше на семинар на високо ниво за ревизија на Регионална конвенција за пан-евро-медитерански преференцијални правила на потекло, што се одржува во Катанија – Р.Италија. Пан-евро-медитеранскиот систем на кумулација на потекло е составен од мноштво на договори за слободна трговија кои овозможуваат дијагонална кумулација, меѓу земјите од зоната. Во моментов пан-евро-медитеранската кумулациона зона ги вклучува: земјите членки на Европска Унија, ЕФТА – државите (Исланд, Норвешка, Швајцарија, Лихтенштајн), земјите учеснички на Барселона процесот (Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, Сирија,…

повеќе...

Известување за одобрените извозници

Се известуваат одобрените извозници кои поседуваат Одобренија за поедноставување на постапката за докажување на потеклото на стоката (статус на одобрен извозник) дека заради стапувањето на сила на измените на Протоколот за потекло од Договорот ЦЕФТА 2006 кои се резултат на Законот за ратификација на Протоколот кој се однесува на дефиницијата на поимот „производи со потекло” и методи на административна соработка кон Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 131 од 04.09.2014 година, во случајите кога измената има влијание…

повеќе...

Измени на протоколот за потекло од договорот Цефта 2006

Законот за ратификација на Протоколот кој се однесува на дефиницијата на поимот „производи со потекло” и методи на административна соработка кон Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 131 од 04.09.2014 година и истиот стапува на сила осмиот ден од неговото објавување, односно на 12.09.2014 година. . Ова значи дека започнувајќи од 12.09.2014 година се врши измена на ЦЕФТА 2006 Договорот и наместо Протоколот за потекло од ЦЕФТА 2006 Договорот во трговската размена со oдредени ЦЕФТА земји…

повеќе...

Откриени 8,3 килограми хероин

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи на (26.08.2014), во соработка со Министерството за внатрешни работи пронајдоа и запленија 8,3 кг хероин. Околу 16:00h на граничниот премин Богородица, за влез во Република Македонија се пријави патничко моторно возило марка Пежо 307 со македонски регистарски таблички, управувано од македонскиот државјанин од Скопје. Најпрвин, возилото беше прегледано со царинско куче кое покажа знаци дека во предниот дел кај десното крило на возилото има дрога, по што се пристапи кон детален преглед на возилото. Откако е извадено предното десно крило, пронајден е специјално…

повеќе...