Мобилен тим од Одделението за оперативни работи во патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во внатрешниот дел на бандажите пронајде специјално направени бункери со траги од дрога. На 14.08.2014 година околу 13:00 часот, при вршење на контрола на патниот правец Крива Паланка – Куманово во близина на селото Страцин, сопрено е патничко моторно возило марка BMW- 320D со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин. Поради сомнителното однесување на возачот, царинските инспектори одлучиле да се изврши детален преглед и претрес на возилото и возачот, по што возилото е пренесено…
повеќе...Tag: царина
Мобилна Царина откри петнаесет мигранти на патниот правец Гевгелија – Смоквица
Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи, во 01:00 часот по полноќ на патниот правец Гевгелија – Смоквица спречија обид за нелегална миграција на петнаесет лица. На 2 август, околу 01:00 часот по полноќ, на патниот правец Гевгелија-Смоквица, царинските инспектори за преглед за контрола запреа товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки. Во моментот кога од возачот е побарано да го отвори товарот истиот се дал во бегство, ја прескокнал жичаната ограда покрај автопатот и се одалечил од местото. При прегледот на возилото во делот за товар пронајдени се петнаесет…
повеќе...Старт на кампањата „Пријавете пари“
Царинската управа започна кампања за информирање на патниците кои влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Република Македонија за нивните права и обврски поврзани со внесувањето и изнесувањето на пари. Кампањата „Пријавете пари“ стартуваше на аеродромот „Александар Велики“ – Скопје. Потребата од ваква кампања произлезе од чувството дека патниците се недоволно информирани за износот на пари кој е дозволен да се внесе, односно изнесе од државата. Затоа говори фактот дека од почетокот на годинава, заклучно со јули 2014 година откриени се 29 обиди за нелегално пренесување преку граница на готови пари и…
повеќе...Најуспешна Царинска испостава за периодот април – јуни
Во насока и со целосна посветеност за остварување на стратешките цели, Царинската управа континуирано работи на подобрување и олеснување на царинските процедури преку поедноставување и забрзување на економските активности, унапредување на капацитетот за контрола врз примената на законите, унапредување на административната и логистичката поддршка, како и преку инвестирање во вработените и тоа не само преку стручното оспособување, туку и нивна мотивација. Од тие причини и со цел поттикнување на натпреварувачкиот дух, Царинската управа воведе нов систем на избор на најуспешни царински испостави. Изборот за најуспешна испостава се врши за секој…
повеќе...Брзо и безбедно преку граница
Царинската управа на Република Македонија ги потсетува патниците кои имаат намера да ја преминуваат македонската граница за важечката царинска регулатива за патнички промет, со цел да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на патници и стока. Таканаречениот „зелен канал“, таму каде што постои, патниците можат да го користат само доколку не поседуваат стока која подлежи на плаќање увозни давачки. Во спротивно се користи „црвениот канал“, се пријавува сé што патникот носи со себе и во т.н. скратена царинска постапка се царини…
повеќе...Делегација на Европската Унија на Република Македонија во посета на Царинската управа
Денес, во посета на Царинска управа беше Делегација на Европската унија во Република Македонија, предводена од шефот на операции Мартин Клауке. Целта на посетата беше согледување на напредокот во реализацијата на проектoт Интегрирана тарифна околина (ИТО) од програмата ИПА 2009. Интегрираната тарифна околина е збир на компјутерски системи што служат за размена на тарифни информации помеѓу Европската Комисија и земјите членки на Европска унија. Воведувањето на ИТО е во согласност со целта на Царинската управа за зајакнување на оперативниот капацитет и обезбедување на целосна компатибилност и интероперабилност на царинскиот ИТ…
повеќе...Царинско куче откри шверцери на марихуана
На 30 јуни 2014 година царинските инспектори од Одделението за оперативни работи со помош на куче – трагач, при контрола на патничко моторно возило со босански регистарски ознаки пронајдоа и запленија околу 340 грама марихуана. На 30 јули, околу 17:45 часот, на граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија се пријави патничко моторно возило марка Шкода Октавија со босански регистарски ознаки, управувано од босански државјанин со иницијали Х.Ф., со кој патувал уште едно лице Д.С. исто така босански државјанин. На прашање на царинските службеници, двете лица одговориле дека откако…
повеќе...Запленета приколка специјално конструирана за криумчарење на стока
Мобилните тимови при Царинската управа, на 24.06.2014 година, открија товарно моторно возило (комбе) со лажни документи и приколка во која има специјално конструиран бункер што се користел за криумчарење на стока. На 24 јуни 2014 година околу 12:00 часот на граничниот премин Табановце автопат за излез од Република Македонија се пријави товарно моторно возило-комбе, марка Фолксваген Транспортер со српски регистарски ознаки управувано од српски државјанин, а како сопатник во возилото било присутно уште едно лице исто така српски државјани. При преглед на возилото, во предната фиока пред совозачкото седиште пронајдена…
повеќе...Запленети девет илјади килограми праски на граничен премин Богородица
Царинските службеници на граничниот премин Богородица, на 23.06.2014 година запленија 9.060 килограми непријавена стока – праски. На 23 јуни 2014 година, околу 23:15 часот на граничниот премин Богородица на влез во Република Македонија, за транзит се пријави товарно моторно возило влекач со ладилник со полски регистарски таблички, сопственост на превозната компанија од Република Полска, управувано од полски државјанин со иницијали Ј. Т. С. Возилото било натоварено со свежи праски и цреши од Република Грција, наменети за компанија увозник од Република Полска. По пристигнување на граничниот премин Богородица, осомничениот ги доставил…
повеќе...Запленет златен накит на Табановце-автопат
Царинските службеници вчера, на излез на граничниот премин Табановце запленија околу 700 грама златен накит. На 20 јуни 2014 година, околу 10:30 часот на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце-автопат се пријави патничко моторно возило марка „Фиат“со српски регистарски ознаки, управувано од лицето со иницијали З.К. српски државјанин, како сопатник во возилото патувало и лицето И.М. исто така српски државјанин. Откако на прашање на царински службеник одговориле дека немаат ништо за пријавување, при преглед на возилото, во фабричка шуплина позади касетата пред совозачкото седиште, царинските службеници пронајдоа две…
повеќе...